Контакт

Спорт

Мурињо воведе пет строги правила во Реал

Објавено пред

Жозе Мурињо се врати во Реал Мадрид ова лето, а намерата на претседателот на клубот Флорентино Перез е познатиот португалски тренер да ги смири страстите во „жешката“ соблекувална на Мадрид и да го намали притисокот под кој паднаа младите шпански тренери, Чаби Алонсо и Алваро Арбелоа минатата сезона.

Почна добро, Реал ги освои сите девет бода во првите три кола од шпанската Ла Лига, а тимот изгледаше добро на теренот.

Англискиот портал „talkSPORT“ денес се занимаваше со некои од методите на Мурињо што ги воведе во Реал и ги истакна петте строги правила што Португалецот ги постави за своите играчи.

1. Правила воведени од Мурињо:

1. Секој што ќе задоцни на тренинг веднаш се отстранува од групата и се испраќа во теретана на индивидуална работа.

2. Кој ќе задоцни на тренинг, автоматски не игра на следниот натпревар.

3. Нема казни за доцнење на тренинзи и состаноци, бидејќи Мурињо верува дека тие не значат ништо за играчите со високи плати (Емпабе, на пример, заработува повеќе од 600.000 евра за седум дена).

4. Играчите од повредите мора да се опоравуваат под контрола на клупските лекари и да имаат терапија во просториите на клубот. Забрането е одење на приватни терапии.

5. Сите играчи имаат диета пропишана од клубот, а не според индивидуална проценка.

Foto/ Depositphotos



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет3 минути

ЕУ ги менува правилата за јавни набавки: најевтината понуда повеќе нема да биде пресудна

Европската комисија предложи реформа на правилата за јавни набавки со која европските институции и јавни установи ќе се поттикнуваат да...

Забава32 минути

Сандра Булок: Црвениот тепих за мене е кошмар, секогаш ме фаќа паника

Сандра Булок откри дека и по децении успешна кариера сè уште се чувствува непријатно на црвениот тепих и дека позирањето...

Економија43 минути

Мицкоски: Во јули и август имаме ниво на годишна инфлација коешто е под нивото на Европската Унија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на инфлацијата, изјави: „Па, да, јас кажав, ние...

Црна хроника1 час

Стружанец пријавил дека бил грабнат со закана со оружје, па признал дека измислил

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Р. (32) од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“,...

Македонија1 час

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Сите настани околу прославата на 35 години самостојност ги платиле општествено одговорни компании, рече премиерот Христијан Мицкоски. Иако денес првпат...

Македонија1 час

Само 32 отсто од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Резултатите од ПИСА 2025 се повторно многу лоши, но тие се одраз на претходно спроведените реформи во образованието, оцени денеска...

Македонија2 часа

15-годишен битолчанец спаси тричлено семејство од давење во Грција

Петнаесетгодишниот Михаил Николовски од Битола помогнал да се спаси тричлено семејство од Бугарија кое се нашло во опасност во морето...

Спорт2 часа

НБА сака да ја преземе Евролигата

НБА е подготвена да ја купи и преземе Евролигата. Потенцијалната понуда на НБА за купување на Евролигата би можела да...

Свет2 часа

Германија би можела да му достави на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Германија би можела да ѝ достави на Украина податоци за украинските мажи кои живеат во земјата и се способни за...