Спорт
МЗТ не дозволи сензација, поведе со 1:0 во финалето против Еуро Никел

МЗТ Скопје Аеродром стигна до мининална 83:81 победа над Еуро Никел 2005 за да поведе со 1:0 во финалето на плејофот, надминувајќи го лошиот старт, во кој губеа со неверојатни 0:12.
По овој шок, МЗТ во втората четвртина го презеде водството и имаа серија од 14:2 за 27:25 водство, кое на полувремето стигна до 41:37. Тие го оддржуваа ова водство до финишот на мечот и покрај неколкуте обиди за камбек на Еуро Никел, за да стигнат до важна победа.
Олуџоби имаше 19 поени, Стојановски 13 за МЗТ да стигне до предност пред првото гостување во Кавадарци за два дена.
Фото: КФМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Голеада на „Бенито Виљамарин“ – Селта го победи Бетис со 4:3

Селта забележа важна победа во борбата за опстанок во Ла Лига. На „Бенито Виљамарин“ во Севилја, Селта во одличен натпревар го победи Бетис со 4:3.
Мечот го обележаа играчите на Селта Ларсен и Веига. Данецот постигна гол и забележа една аситенција, додека Веига беше двоен стрелец.
Ларсен во шестата минута го отвори резулатот. Бетис експресно одоговори и во наредните 17 минути направи пресврт. Хуанми во 10.минута израмни, а Каналес во 23. погоди за 2:1.
До 40.минута играчите на Бетис пропуштија неколку добри шанси, поради што казната ги стигна во 42.минута кога Веига израмни.
Истиот играч во 56.минута и ја врати предноста на Селта. од тој момент играчите од Виго започнаа да доминираат на теренот, а надмоќта ја крунисаа со прекрасниот гол на Аидо во 69.минута.
Неколу минути подцна Родригез од гол линијата спречи нов гол на Селта.
Абнер во 82.минута пропаши неверојатна шанса. Бразилецот од два метри ја испати топката крај голот. Две минути подцна Бетис доби пенал, кој во гол го претвори Фекир.
Длабоко во судиското надополнување на времето, во 95,минута Луис Енрике доби црвен картон. Играчот на Бетис го удри Јаго Аспас. Во финишот во 101 и 103.минута Бетис преку Гонзалес имаше две шанси но резултатот остана 3:4.
Спорт
Сасуоло ја победи Аталанта

Фудбалерите на Аталанта направија голе кикс во борбата за пласман во Лигата на шампионите. Екипата од Бергамо во дуелот со Сасуоло го доживеа првиот пораз во 2023 година.
Сасусоло ја победи Аталанта со 1:0. Гостите од Бергамо натпреварот го завршија со двајца фудвбалери помалку на теренот. Клучниот момент се случи во 30.минута кога црвен картон доби Меле.
Во 55.минута Лориенте го постигна единствениот гол.
Во самиот финиш, во 96.минута црвен картон доби и Мјуриел.
Аталанта со 38 бода остана на шестото место, додека Сасусоло со 23 сега се наоѓа на 13.место.
Спорт
Де Коло е најдобриот стрелец во историјата на европските натпреварувања

Кошаркарот на Асвела, Нандо де Коло, стана играч со најмногу постигнати поени во историјата на европските клупски натпреварувања.
Французинот во четвртата минута од натпреварот од 23. коло на Евролигата против Виртус го престигна легендарниот Грк, Никос Галис.
„Да размислиме малку, почнувајќи од 2007/2008 година, кога излегов на европската сцена со Шоле, па се до моментот во кој сум сега… Секојдневната напорна работа ме донесе на врвот на листата на најдобри стрелци во историјата на европските купови“, напиша Французинот на социјалните мрежи.
Let’s think about it one minute, back to the 2007-2008 season when I started on the European scene with Cholet Basket and here I am… A daily hard work which bring me at the top of the « most points in European Cups’ history » 🔥 pic.twitter.com/efA9hNEkaB
— Nando De Colo (@NandoDeColo) February 4, 2023
Галис постигна 4.904 поени во кариерата, додека 35.годишниот Де Коло стигна до 4.917 со своите 15 поени против тимот од Болоња. Сепак, Гркот стигна до нереалната бројка со само 148 натпревари, додека Де Коло досега одигра 324.
На таа листа на третото место е Дејан Бодирога со 4.458 бодови, а зад него е Хуан Карлос Наваро со 4.321.
Де Коло сезонава во Евролигата има просек од 13,7 поени, 2,5 скока и 3,6 асистенции.
Французинот помина две сезони во НБА, а во Европа настапуваше за Валенсија, ЦСКА и Фенербахче.