Контакт

Спорт

МЗТ се раздели со тренерот Кочов

Објавено пред

Ѓорѓи Кочов повеќе не е тренер на МЗТ Скопје Аеродром. Клубот и Кочов договориле спогодбен раскин на договорот. Отказот е последица на вчерашниот пораз од Академија ФМП.

dobivaj vesti na viber

„Двете страни се согласија дека се потребни промени во тимот, со цел да биде остварена целта, а тоа е атак на двете домашни пехари, како и борба за највисок пласман во АБА2-лигата“, се наведува во соопштението објавено на клупската интернет страница.

Кочов на клупата на МЗТседна во април 2018 година на местото на Жељко Лукајиќ, откако неколку месеци претходно, во декември 2017 година, беше ангажиран како негов помошник. Тој ја освои шампионската титула во 2019 година.
МЗТ, информира дека со тимот, до именување на нов тренер, ќе работи првиот помошник на Кочов, Дарко Радуловиќ.

Извор/mztskopjeaerodrom.mk

Спорт

Галатасарај ќе се обиде на зима да го доведе Кристијано Роналдо

Објавено пред

Турскиот гигант Галатасарај ќе се обиде да го направи најголемиот трансфер во историјата на турскиот фудбал со доведување на ѕвездата на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, тврди „Фотомач“. Според изворот, клупскиот шеф Ерден Тимур е во постојан контакт со претставниците на Роналдо и ќе се обиде да го ангажира во јануари.

dobivaj vesti na viber

Еден од големите проблеми во овој потфат е тоа што Галатасарај не може да му понуди на Португалецот настап во Лигата на шампионите барем до крајот на тековната сезона, бидејќи тимот заврши дури на 13. позиција минатата сезона.

Медиумите во Англија веќе објавија дека Манчестер јунајтед на зима ќе го пушти Роналдо да си замине. Се вели дека сопственикот на Челси, Тод Боели, повторно ќе му понуди преселба на „Стемфорд Бриџ“. Спортинг Лисабон исто така се надева дека ќе го врати Кристијано.

Прикажи повеќе...

Спорт

Леклер: Жени во Ф1? Ако се добро возачи, а не како социјална порака

Објавено пред

Возачот на Ф1 тимот на Ферари, Шарл Леклер, во интервју за италијанскиот „Кориере дело спорт“ зборуваше за можноста жените да се натпреваруваат во Формула 1. Тој истакна дека секоја девојка која би се натпреварувала во Формула 1, пред се треба да биде добар возач.

dobivaj vesti na viber

„Ги следам женските трки веќе некое време. Џејми Чедвик вози навистина добро и би било фер да и се даде шанса да се натпреварува во Формула 3 или Формула 2. Да се ​​надеваме дека еден ден некоја девојка ќе се приклучи на Формула 1. Ако тоа е случај, таа девојка пред се треба да биде добар возач, а не да дозволи сето ова да биде некаква социјална порака“, рече Леклер.

Прикажи повеќе...

Спорт

Фофана ќе паузира шест седмици

Објавено пред

Англискиот премиерлигаш Челси ќе остане без најголемото засилување, дефанзивецот Весли Фофана, во наредните шест седмици. Тоа е голем удар за лондонскиот тим кој го очекува згуснат распоред во Премиерлигата и во Лигата на шампионите.

dobivaj vesti na viber

„Сините“ синоќа го совладаа Милан со убедливи 3:0, а Весли Фофана беше стрелец на првиот гол а потоа мораше да го напушти теренот во 38. минута.

Фофана го напушти стадионот со патерици, а денеска пристигна информација за повредата и периодот на опоравување. Англиските медиуми пренесуваат дека поранешниот стопер на Лестер ќе мора да биде надвор од терените од 4 до 6 седмици.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Зеленски: Мора да се добие војната за да не можат руските тенкови да стигнат до Варшава или Прага

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од европските лидери уште оружје за да ги спречи руските тенкови да стигнат до Варшава...

Економија4 часа

Владата ја ограничи маржата на млечните производи

На предлог на Министерството за економија, Владата ја замрзна маржата и за млечните производи: урда, крајво бело сирење и мешано...

Македонија5 часа

МНР повика на зрело и достоинствено однесување по најавените протести поради бугарскиот клуб во Охрид

По повод најавеното отворање на бугарскиот културен клуб во Охрид, како и повикот за протест, Министерството за надворешни работи упати...

Македонија5 часа

Ковачевски-Мицотакис: Заедничките стратешки проекти се од голема важност за долгорочната енергетска независност

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, оствари билатерална средба со грчкиот колега Киријакос Мицотакис, во Прага. Ова е втора средба која...

Македонија6 часа

(Видео) Ковачевски во Прага: Солидарноста е неопходна за да се надмине енергетската криза

Премиерот Димитар Ковачевски во Прага, во рамки на првиот состанок на Европската политичка заедница, учествува на лидерската тркалезна маса посветена...

Македонија7 часа

Маричиќ: Помалку емоции, а повеќе факти во градењето на добрососедските односи

На денешниот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Северна Македонија и ЕУ, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан...

Регион7 часа

(Видео) Вучиќ: Загреб нема да ја води политиката на Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Прага изјави дека Хрватска сама се пофалила дека е одговорна за тоа што Западен Балкан...

Македонија9 часа

Премиерот Ковачевски официјално пречекан од чешкиот премиер Фијала во Прага

Со официјален пречек на шефовите на држави од страна на премиерот на Чешка, Петр Фијала, почнува првиот состанок на Европската...

Македонија10 часа

Мицкоски повика на масовен протест поради отворањето на бугарскиот културен клуб во Охрид

На 7 октомври во Охрид ќе се отвори втор бугарски културен клуб во Македонија, а ќе го носи името „Цар...

Регион10 часа

Сијарто: Заеднички ќе ја браниме границата на Србија и Северна Македонија

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска изјави дека Унгарија, Австрија и Србија се договориле да...

Свет10 часа

Сируп против кашлица причина за смрт на над 60 деца во Африка, СЗО апелира на претпазливост

Индија чека докази од Светската здравствена организација за поврзаноста помеѓу индискиот сируп за кашлица и смртта на десетици деца во...

Свет10 часа

Познат мотивот за масакрот на Тајланд: убиецот дошол да си го земе детето, а збеснал кога дознал дека го нема

Полицијата спроведува опсежна истрага за масакрот што се случи денеска во градинка во североисточниот дел на Тајланд. Во нападот на...

Европа12 часа

(Видео) Мајки врескаат, се бројат жртви, се појавија снимки од пред градинката на Тајланд

На социјалните мрежи се појавија првите видеа од пред градинка на Тајланд, каде што имало масовно пукање. Според последните податоци,...

Европа14 часа

Премиерот на Чешка: Целта на самитот во Прага е само пробен договор за безбедност, енергија и клима

Премиерот на Чешка, кој претседава со Европската Унија, Петр Фијала, го најави денешниот прв самит на 44 шефови на држави...

Свет14 часа

Северна Кореја лансира балистички ракети, шести пат за помалку од две недели

Северна Кореја лансира две нови балистички ракети, шести пат за помалку од две недели, јавуваат агенциите во светот. Пјонгјанг објави...

Свет15 часа

Мексико: Вооружени напаѓачи убиле 17 лица, меѓу нив и градоначалник

Вооружени напаѓачи го убиле градоначалникот, татко му и уште 16 лица во државата Гереро во јужниот дел на Мексико, соопштија...

Европа15 часа

Претседателот на Австрија: „Путин ме измами“

Претседателот на Австрија, кој се кандидира за нов мандат, Александар ван дер Белен, вели дека било грешка да не се...

Европа1 ден

Шолц: Имаме проблем со работната сила, потребна е функционална миграциска политика

Германскиот канцелар Олаф Шолц потврди дека Германија има проблем со работната сила и коментираше каква заедничка миграциска политика би сакал...

Европа1 ден

Земан: Ризикот од нуклеарен конфликт е висок, верувам во силен воен одговор

Ризикот од нуклеарен конфликт е голем поради руските закани за употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина, изјави денеска во...

Економија1 ден

Време е за одговорно однесување со енергенсите, поддршка за ранливите граѓани, порача владиниот економски совет

Денес во Владата се одржа Економскиот совет на кој присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, првиот заменик-претседател на Владата, Артан Груби, вицепремиерот...