Контакт

Спорт

МЗТ Скопје го растури Пелистер и дојде на чекор до титула

Објавено пред

Кошаркарскиот првак МЗТ Скопје Аеродром оствари убедлива победа (86:62) над Пелистер во третиот меч од финалната серија и поведе со 2:1. Тимот на Александар Петровиќ сега е на чекор до одбрана на шампионската титула и серијата може да ја комплетира в петок во Битола.

dobivaj vesti na viber

„Металците“ почнаа фуриозно, а Пелистер комплетно падна по осум минути. До крајот на првиот период поведоа со 28:19, а на полувреме предноста веќе беше двоцифрена. Вторите десет минути МЗТ ги доби со 26:8 и беше јасно кој ќе победи во оваа пресметка.

Потоа се беше само рутина за домашниот тим, а Пелистер делуваше неорганизирано и во текот на мечот загуби дури 28 топки.

Немања Милошевиќ постигна 23 поени и беше најефикасен на натпреварот, а по 14 уфрлија Војдан Стојановски и Џуан Дејвис.

Игор Кесар и Дејвид Хоутон постигнаа по 15 поени во редовите на Пелистер.

Спорт

Јунајтед отфрлаат било каква можност за продажба на Ронало

Објавено пред

Манчестер јунајтед пратиле силна порака до Кристијано Роналдо, дека тој нема да биде продаден ова лето и дека ќе го исполни својот договор со уште една сезона на „Олд Трафорд“, тврди британскиот „Мирор“ по шпекулациите дека неговиот агент Жорге Мендеш се сретнал со новиот газда на Челси, Тод Бели.

dobivaj vesti na viber

Според „Мирор“, Јунајтед се бесни на шпекулациите кои го поврзуваат Роналдо со трансфер, прво во Баерн Минхен, а потоа и во Челси, по вестите дека 37-годишниот Португалец е разочаран од тоа што „ѓаволите“ засега не успеаја да донесат ниту едно засилување во текот на летниот преоден рок и покрај ветувањето до новиот менаџер, Ерик Тен Хаг.

„Кристијано не е на продажба. Очекуваме, и сигурно сме дека тој ќе биде со нас и следната сезона, бидејќи веќе е во планот на Тен Хаг“, вели изворот на „Мирор“.

Роналдо заработува фантастични 500.000 фунти неделно на „Олд Трафорд“, и иако беше најдобриот стрелец на клубот минатата сезона со 24 гола, клубот имаше катастрофална сезона во која заврши на шестото место во Премиерлигата. Главни цели на клубот во летниот преоден рок остануваат Френки де Јонг од Барселона, слободниот агент Кристијан Ериксен, како и Бразилецот Антони од Ајакс.

Прикажи повеќе...

Спорт

Вележ со спектакл во Мостар ја одбележи 100-годишнината

Објавено пред

Вележ, еден од најстарите фудбалски клубови во Босна и Херцеговина, вчера го прослави својот 100. роденден, а навивачите на клубот приредија спектакуларна прослава во Мостар со огномет и „бакљада“ на Стариот мост.

dobivaj vesti na viber

Популарните „Родени“, навивачите на клубот, го започнаа огнометот точно на полноќ.

Прикажи повеќе...

Спорт

Бејл го потврди шокантниот трансфер во Лос Анџелес

Објавено пред

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Герет Бејл поврди дека следната сезона ќе игра во МЛС лигата со тимот на Лос Анџелес ФЦ, објавувајќи видео на кое е во дресот на американскиот клуб со порака: „Се гледаме наскоро, Лос Анџелес“.

dobivaj vesti na viber

Велшанецот ќе може да почне да игра за ЛАФЦ по отварањето на преодниот рок во МЛС лигата на 7 јули, што значи дека веќе на 8 јули може да игра во дербито против Лос Анџелес галакси. Тој е второ големо засилување за ЛАФЦ по поранешниот капитен на Италија и на Јувентус, Џорџо Кјелини.

Во осум сезони во Мадрид, Бејл освои пет титули од Лигата на шампиони и три трофеи од Ла лига, постигнувајќи 97 голови по трансферот од Тотенхем пред сезоната 2013/14.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет38 минути

Мајмунските сипаници наскоро ќе добијат ново име: „Да бев мајмун, би протестирал, тоа навистина не е мајмунска болест“

Мајмунските сипаници наскоро би можеле да добијат ново име бидејќи постоечкото поттикнува дискриминација и стигматизира. Светската здравствена организација минатата недела...

Македонија59 минути

ВМРО-ДПМНЕ да се извини за лагите за наводното распродавање на македонскиот јазик и идентитетот, велат од СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ лажеше и ги поткопуваше државните позиции со Бугарија ВМРО-ДПМНЕ, во период кога се решаваше евроинтегративниот процес на државата, ширеа...

Македонија1 час

Опозицијата бара оставки од Османи и Маричиќ поради прегоравачките позиции со ЕУ

„Два дена молк од страна на Ковачевски, Османи и Маричиќ за тоа кој направил, кога направил и каков хибриден напад...

Европа1 час

Зеленски: Ќе ги вратиме сите наши градови

Украина ќе ги врати сите градови што ги зазедоа Русите, вклучително и Северодонец, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Како што...

Македонија13 часа

Парада на гордоста во Скопје под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“

Под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“ во Скопје се одржува третото издание на „Скопје прајд“. Учесниците на парадата...

Свет17 часа

Норвешкото разузнавање: Пукањето во Осло е терористички акт на радикален исламизам

Норвешките разузнавачки служби задолжени за борба против тероризмот објавија дека го третираат како акт на радикален исламизам пукањето во кое...

Регион20 часа

Радев: Францускиот предлог можеше да биде многу поуспешен

„Таканаречениот ‘француски предлог’ содржи многу основни бугарски барања, но воопшто можеше да биде многу поуспешен, вклучително и бугарско-македонскиот протокол, доколку...

Македонија21 час

Осуда од македонското МНР за написите „Македонија е Бугарија“ во парламентот во Софија

Македонското Министерство за надворешни работи најостро ги осудува вчерашните написи „Македонија е Бугарија“, кои можеа да се видат во рацете...

Македонија22 часа

Францускиот предлог е голем напредок во наша корист, смета партијата на Љубчо Георгиевски

ВМРО-Народна партија оценува дека со вчерашната одлука на бугарскиот парламент со кој се поддржа францускиот предлог и даде согласност да...

Свет22 часа

Џонсон: Се плашам дека Украина ќе биде принудена да направи лош мир

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека стравува дека Украина може да се соочи со притисок да преговара за мировен договор...

Македонија22 часа

Преведувач од Македонија: Добив понуда од ЕУ за превод од „северномакедонски“ јазик

Преведувач од Македонија на социјалните мрежи сподели дека добил понуда за превод на материјали од „северномакедонски“ јазик. „Кој е тој...

Свет1 ден

(Видео) Возач удри во демонстрантите за право на абортус во Ајова, едно лице повредено

Во вториот по големина град во американската сојузна држава Ајова, Сидар Рапидс, возач влетал кон мирни демонстранти за правото на...

Македонија1 ден

Пендаровски за „Скопје прајд“: прифаќањето на различностите е показател на зрело, демократско и отворено општество

Претседателот Стево Пендаровски посети волонтери и организатори на парадата на гордоста Скопје прајд 2022, со кои имаше можност директно да...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да каже за каков хибриден напад обвинуваат и зошто не бил спречен

Владата да каже за каков хибриден напад обвинуваат и зошто не бил спречен, дали се прави дефокус од одговорноста за...

Свет1 ден

Путин го нарече Западот циничен: Ако нема леб, јадете колачиња

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека светот нема да има проблем да добие жито од Источна Европа, особено од Русија....

Свет2 дена

Ватикан: Одлуката на американскиот Врховен суд за абортусот е предизвик за светот

Папската академија за живот денеска ја пофали одлуката на Врховниот суд на САД да им дозволи на федералните држави да...

Свет2 дена

(Видео) Бајден за одлуката на Врховниот суд: Ова е тажен ден за нашата земја

Американскиот претседател Џо Бајден се обрати по одлуката на Врховниот суд да дозволи забрана на абортусот. Тој на почетокот рече...

Македонија2 дена

Маричиќ: Достоинствено ќе чекориме на патот кон полноправно членство на ЕУ

Нашата Влада направи сериозни напори и во изминатите години но особено во овој состав во изминатите неколку месеци на повеќе...

Регион2 дена

Петков го повика Ковачевски да се охрабри и да го прифати компромисот

Бугарскиот премиер Кирил Петков го повика својот македонски колега Димитар Ковачевски да биде храбар и да го прифати компромисот предводен...

Свет2 дена

(Видео) Врховниот суд на САД го укина правото на абортус

Милиони жени во САД ќе го изгубат своето законско право да абортираат. Врховниот суд ја укина пресудата со која се...