Спорт
МЗТ Скопје оди во Битола по шампионски пехар, а Пелистер се надева дека ќе избори „мајсторка“

Актуелниот шампион МЗТ Скопје вечерва (18.30 часот) ќе гостува во Битола и се надева дека со триумф ќе стави крај на финалната серија од кошаркарскиот плеј-оф за нова, деветта титула во клупската историја.
Кошаркарите на тренерот Александар Петровиќ водат со 2:1 во серијата до три победи и „брејк“ во Битола ќе им донесе и повторно освојување на шампионскиот пехар.
Аеродромци го добија третиот меч во СЦ „Јане Сандански“ со убедлива разлика (86:62), а Пелистер се надева дека со помош на публиката ќе успее да се избори за „мајсторка“ во финалната серија.
Натпреварот меѓу Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром е закажан за вечерва, со почеток во 18.30 часот, во салата „Боро Чурлевски“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Камбекот на Серена на Вимблдон заврши со пораз по тричасовна драма

Освојувачката на 23 гренд слем титули, Серена Вилијамс се врати на својот омилен терен, „Централниот терен“ на Вимблдон, за во драматичен меч кој траеше повеќе од три часа да загуби со 7:5/1:6/7:6(10:6) од Французинката Хармони Тан, за да најави дека крајот на кариерата можеби е на повидок.
40-годишната Американка паузираше од тенисот речиси 12 месеци, по повредата која ја доби во првото коло на минатогодишниот Вимблдон против Алиаксандра Саснович, пред минатата недела да се врати во игра во двојки на подготвителниот турнир во Истбурн.
Против Тан, таа имаше лош почеток, губејќи на свој сервис во првиот гем, но потоа во променлива игра, таа направи два брејка, кои беа залудни и Французинката го освои првиот сет. Но, борбеноста на Американката најдобро се покажа во вториот сет, кога во маратонскиот гем од 15 минути направи брејк за 2:0 предност и потоа рутински го освои со 6:1.
И во третиот сет, Тан не се откажа, меѓутоа Серена стигна до клучниот брејк за 5:4 водство, за да сервира за победа, пред Тан да направи рибрејк и потоа да пропушти две меч топки, пред Вилијамс да примора тај-брејк, во кој имаше 4:0 предност, пред да и дозволи на Французинката да ја оствари својата најголема победа во кариерата.
Во второто коло влезе и грчкиот ас, Стефанос Циципас, кој го победи упорниот Швајцарец, Александер Ричард со 7:6(1)/6:3/5:7/6:4.
Спорт
Нуров со злато за Македонија на Медитеранските игри!

Магомедгаџи Нуров го освои златниот медал во борење во категоријата до 97 килограми на Медитеранските игри во Оран, Алжир, откако во одлична борба го совлада најдобриот турски борач, Фејзула Актурк.
29-годишниот Нуров со овој успех го одбрани златниот медал од Медитеранские игри во 2018 во Тарагона, Шпанија, а во 2019 година беше и бронзен на Светското првенство во Казахстан.
Владимир Егоров, кој оваа година ја освои и европската титула во категоријата до 65 килограми, овојпат се задоволи со бронзениот медал, откако во борбата за третото место го совлада Алжирецот Абделхак Хербаче.
Спорт
Њукасл не застануваат – го потврдија трансферот на Ботман

Њукасл јунајтед продолжува со летните засилувања, откако потврдија дека се договориле за трансфер на холандскиот дефанзивец на Лил, Свен Ботман за 35 милиони фунти.
Ботман стана главна цел за засилување во одбраната на тимот на Еди Хау, и Њукасл успеаја да го победат Милан за неговиот потпис иако тој ги имаше договорено личните услови со италијанскиот шампион. Ова е трето засилување за Њукасл во преодниот рок, по голманот Ник Поуп и левиот бек Мет Таргет. Ботман потпиша петгодишен договор со Њукасл.
✍️ Newcastle United have agreed a deal in principle with LOSC Lille to sign Dutch defender Sven Botman for an undisclosed fee!
⚫️⚪️
— Newcastle United FC (@NUFC) June 28, 2022