Спорт
На поранешен фудбалер на Интер му ги ампутираа двете нозе по компликации со ковид

На поранешниот освојувач на италијанската титула со Интер, Мауро Белуџи, му ги ампутираа двете нозе поради компликации по заболувањето од КОВИД-19, но тој не ја загуби смислата за хумор.
70-годишниот Белуџи, кој играше како дефанзивец, покрај за Интер беше и во Болоња, Наполи и Пистоезе пред да се пензионира во 1981 година. Тој ја освои титулата со Интер во 1970/71 и играше во финалето на Европскиот куп во 1972 година, кое Интер го загуби од Ајакс со 2:0. Белуџи беше во болница од 4 ноември поради КОВИД-19 и бил на итна операција за ампутација на двете нозе.
„Дури ми ја земаа ногата со која дадов гол на Борусија Менхенгладбах. Сега се надевам дека ќе ми дадат некои ‘сечива’ за барем да можам да трчам брзо како Оскар Писториус“, изјави на шега Белуџи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
943 дена е играч на Реал, утре ќе дебитира за првиот тим

Андриј Лунин играч на Реал е од јули 2018 година но се уште нема дебитирано за првиот тим. Брилијантните настапи на Светското првенство за играчи до 20 години, му го овозможија трансферот во „кралскиот клуб“. Реал, во 2018 година за голманот Лунин, на Зорија им платија 8,5 милиони евра.
Андриј Луни со Реал потпиша пет годишен договор, но не успеа да се избори за место во тимот, во конкуренцја на врвните голмани Кејлор Навас и Тибо Куртоа.
Реал го испрати Лунин на позајмица во Леганес, каде што бранел на седум натпревари, потоа бранел два натпревари за Ваљадолид, а вториот дел од минатата сезона ја мина во Овиедо.
Реал на почетокот на оваа сезона решија да го промовираат во втор голман.
Според најавите на шпанските медиуми, Лунин утре ќе дебитира за првиот тим на Реал, на натпреварот во Купот на Шпанија, против Алкојано.
Ниту еден играч на Реал не чекал толку долго за да дебитира за првиот тим. Лунин е играч на Реал точно 943 дена.
Спорт
Алаба и Реал потпишале преддоговор

Давид Алаба потпишал преддоговор со Реал Мадрид, тврди „Марка“. Според овој извор, Австриецот, синоќа, во присуство на докторот на Реал ги минал лекарските прегледи.
Алаба потпишал четири годишен договор со Реал, а како што пишува „Марка“ ќе има плата од 11 милиони евра по сезона. Австриецот во Реал ќе пристигне во јули.
Давид Алаба е играч на Баерн веќе 13 сезони, во Минхен е од 2008 година, а член на првиот тим стана во 2010 година.
За Баварците одиграл 408 натпревари, постигнал 32 голови.
Спорт
Шампионот падна пред Вориорс, Харден и Дурент им пресудија на Милвоки

Шест натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Победи забележаа Мемфис, Бруклин, Торонто, Чикаго, Мајами и Голден стејт.
Мало изненадување претставува победата на Голден стејт Вориорс над ЛА Лејкерс 115:113. Вориорс, успеаја да ги победат шампионите, и покрај тоа што имаа негатива од 16 поени по првиот дел. Во третиот период се вратија во мечот, а во четвртиот ја изборија победата.
Стеф Кари ги предводеше Вориорс со 26 поени и 7 асистенции, три поени помалку постигна Кели Убре. Кај Лејкерси се истакна Денис Шрудер со 25 поени, Леброн забележа 19 поени, а Ентони Дејвис имаше 17 поени и исто толку скокови.
Бруклин Нетс во драматичен меч ги победија Милвоки Бакс со 125:123. Мечот го реши Кевин Дурент на 30 секунди до крајот, а Крис Мидлтон потоа имаше два обиди но не успеа да избори продолженија.
Џејмс Харден забележа 34 поени, 12 асистенции и 6 скока, а Кевин Дурент запиша 30 поени, 9 скока и 6 асистенции. На спротивната страна Јанис Адетокумбо го предводеше тимот со 34 поени, 12 скока и 7 асистенции, Крис Мидлтон постигна 25 поени.
Резултати:
Торонто-Далас 116:93
Чикаго-Хјустон 125:120
Мајами-Детроит 113:107
Мемфис-Финикс 108:104
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира