Контакт

Спорт

Надал и Гасол во акција за собирање 11 милиони евра за Црвениот крст

Објавено пред

Рафаел Надал ги повика шпанските спортисти да се обединат и да соберат 11 милиони евра за Црвениот крст во помош на епидемијата на коронавирусот.

Шпанија е една од најпогодените земји од вирусот со над 4.000 мртви и Надал преку „Инстаграм“ откри дека зборувал со НБА-ѕвездата Пау Гасол за тоа што може да направат да му помогнат на Црвениот крст со заштитна опрема.

„Мислам дека ние спортистите сме дел од општеството и сега е време вашите спортисти да нè потфрлат. Стигнавме до заклучок дека е потребна иницијатива за обединување на шпанскиот спорт во знак на солидарност и добар пример за единство. Целта е јасна – да се соберат 11 милиони евра за да им се помогне на 1,35 милион луѓе. Пау и јас веќе направивме донација и сега веруваме дека дојде време и на вас“, вели Надал во видеообраќањето.

Надал е последниот од славните спортисти што даваат поддршка во време на криза. Роџер Федерер вчера донира милион швајцарски франци за ранливите семејства во неговата татковина, а Лионел Меси и Пеп Гвардиола дадоа по 1 милион евра за болниците во Барселона, додека Кристијано Роналдо и неговиот агент Жорге Мендеш опремија три болници во Португалија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Дибала и неговата девојка повторно позитивни на корона вирусот!

Објавено пред

Иако претходно беше објавено дека ја победиле болеста, ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала и неговата девојка Оријана Сабатини повторно се позитивни на корона вирусот.

„На 21 март направивме тест на корона вирусот и бевме позитивни. Пред три дена имавме негативен тест, но потоа направивме уште два теста, од кои едниот беше негативен, а вториот позитивен. И понатаму сме заразени и навистина не сфаќам како функционира ова“, објави Сабатини.

Дибала се зарази со корона вирусот од својот соиграч, дефанзивецот Даниеле Ругани, а позитивен беше и уште еден соиграч од Јувентус, Блез Матуиди. Аргентинецот на крајот на март зборуваше за борбата со корона вирусот и проблемите кои ги имал.

Дибала за корона вирусот: Едвај дишев!

Прикажи повеќе...

Спорт

Ќерката на Мејведер уапсена за физички напад?

Објавено пред

Ијана „Јаја“ Мејведер, 19-годишната ќерка на боксерската легенда Флојд Мејведер Јуниор е уапсена во Хјустон откако во расправија нападнала со нож една жена поради раперот НБА Јанг бој, јавуваат американските медиуми.

Ијана била уапсена во саботата наутро поради физичка пресметка со 20-годишната Лапатра Лашаи во домот на раперот, во која таа користела кујнски нож а да ја нападне. 19-годишната Ијана е една од четирите деца на Мејведер, а нејзината мајка е бизнисменката Мелиса Брим.

Ова е само уште еден семеен проблем за Мејведер, откако во последните недели тој мораше да се справи со две трагедии. Прво, поранешната партнерка на Мејведер, и мајка на три негови деца, Џози Херис беше пронајдена мртва во нејзиниот автомобил во Калифорнија, а потоа почина неговиот ментор и чичко, Роџер Мејведер.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ливерпул ги губи симпатиите, Карагер им порача: „За греота сте“

Објавено пред

Ливерпул им се приклучи на Тотенхем, Норич, Њукасл и Бормут кои претходно персоналот го испратија на принуден одмор. Овие клубови ќе ја користат помошта на Владата која ќе покрие 80 отсто од нивните плати.

Според англиските медиуми вработените во Ливерпул биле лути и разочарани од оваа одлука на клубот, односно на сопствениците. На вработените не им било јасно зошто клубот ја користи оваа можност кога има доволно пари. Тие сметале дека многу подобро било парите што владата ќе ги издвои за нив да бидат насочени кон луѓето кои имаат мали бизниси.

Одлуката на клубот ги разочарала бидејќи од градскиот ривал Евертон се уште не се решиле на ваков чекор.

Клубот го критикувал и поранешниот капитен, човек кој 17 години мина на „Енфилд“, Џејми Карагер.

„Јирген Клоп сочувствуваше со сите кога започна пандемијата, а постарите играчи беа подготвени на намалување на платите, меѓутоа сега ја загубија почитта, за греота е овој Ливерпул“, напишал Карагер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Уапсени 12 лица во Куманово поради непочитување на полицискиот час

Во периодот од 21 часот на 03 април, петок, до 07 часот утринава, на подрачјето на Куманово регистрирани се 14...

Свет36 минути

Кина повеќе не е во првите пет земји во светот по бројот на заболени од коронавирус

Во светот бројот на заразени лица со коронавирус е 1.203.859, бројот на починати е околу 64.787, од ​​кои само 40.000...

Свет2 часа

Трамп: Следната недела ќе биде најтешка

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предупреди дека во неделата која следи бројот на смртни случаи од коронавирус во земјата постојано ќе...

Македонија13 часа

МЗ: Земјава има 4.500 тестови за коронавирус, а резервите секојдневно се надополнуваат

Анализите покажуваат дека сме втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на еден милион жители, соопшти...

Регион14 часа

Во Словенија 934 заболени од коронавирус и 22 починати, направени се 25. 921 тестови

Еден месец од првиот потврден случај и 21 ден по првиот смртен случај, во Словенија бројот на заболени од коронавирус...

Европа15 часа

Шпанија ја продолжи вонредната состојба

Владата на Шпанија објави продолжување на вонредната состојба за дополнителни 21 дена откако бројот на заразени со коронавирус достигна околу...

Македонија16 часа

(Видео) Кога и како се носат маските за вистински да се заштитиме од коронавирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, на „Фејсбук“ објави видео на кое е прикажано како правилно се носат маските за вистински...

Македонија18 часа

ДСЗИ спроведува вонреден инспекциски надзор за смртта на починатиот велешанец

Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор во однос на причината за велешкиот пациент кој почина пред неколку дена,...

Македонија19 часа

Потврдени нови 53 случаи на коронавирус, вкупниот број на починати се искачи на 17

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483...

Свет19 часа

Излекуван најмладиот пациент со коронавирус во Италија

Најмладиот пациент заразен со вирусот Ковид-19 во Италија, едногодишно дете, е излекуван. Момчето од местото Понтеј, во близина на италијанската...

Свет21 час

Шојбле против заедничко задолжување во ЕУ поради коронавирусот

Претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле изјави дека е против заедничко задолжување на европското семејство во борбата против последиците од...

Свет23 часа

Во Франција коронавирусот се шири во старските домови, во Белгија нови 140 починати

Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина еден милион. Утрово бројот изнесува 1.099.711. Ситуацијата е се полоша во Франција,...

Македонија24 часа

Чулев: Досега на 2.405 луѓе им се издадени решенија за изолација, а 9.793 потпишале изјава за самоизолација

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев преку Фејсбук информираше дека 1322 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето,...

Свет1 ден

(Видео) Мртви тела на улиците во Еквадор, мртовечниците преполни

Улиците во градот Гвајакил, Еквадор се пусти, можат да се видат малку луѓе, а се полни со тела од мртви...

Македонија1 ден

Филипче: Мицкоски лаже за количината на тестови за коронавирус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски свесно ја лаже јавноста за количината на тестови за коронавирус, а со тоа предизвикува паника...

Свет1 ден

Ден на жалост во Кина за жртвите од коронавирусот

Триминутно молчење за повеќе од 3,300 луѓе кои починаа од коронавирус во Кина. Точно во 10 часот по локално време,...

Свет1 ден

Трамп советува да се носат маски, но и самиот не носи

Американската влада им советува на граѓаните да носат заштитни маски за лице за да спречат ширење на заразата со коронавирус,...

Македонија2 дена

Починатиот пациент од Куманово за кој се чекаа резултати е позитивен на коронавирус

Министерството за здравство информира дека пациентот од Куманово кој доцна синоќа почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби...

Свет2 дена

(Видео) САД го сменија капетанот на носачот на авиони кој молеше за помош поради ширењето на вирусот

Американската морнарица го смени капетанот на носачот на авиони „УСС Теодор Рузвелт“, откако медиумите го објавија неговиот апел до властите...

Свет2 дена

Најсмртоносен ден во Њујорк, за 24 часа починале 562 лица

Во Њујорк во последните 24 часа починале уште 562 луѓе од коронавирус, а ова стана најсмртоносниот ден во оваа сојузна...

Досие