Спорт
Надал му честиташе на Ѓоковиќ за израмнувањето на неговиот рекорд: Уживај, Ноле!

Рафаел Надал му честиташе на својот вечен ривал, Новак Ѓоковиќ преку Инстаграм, откако Србинот се израмни со неговите 22 гренд слем титули по победата на Австралија опен.
„Неверојатно остварување, Ноле, многу честитки до тебе и до твојот тим. Сосема заслужено. Уживај, Ноле!“, напиша Шпанецот.
Рекордот по бројот на освоени гренд слем титули во сингл уште останува кај Австралијката Маргарет Корт, која има 24 гренд слем титули, а повеќе од Ѓоковиќ и Надал има и Серена Вилијамс со 23 титули.
Надал беше актуелен шампион во Мелбурн и прв носител, но загуби во второто коло од Американецот Мекензи Мекдналд, по што потврди дека ќе паузира најмалку два месеци поради повреда на колкот. Двајцата тениски великани ќе се судрат на Ролан Гарос во мај за поставување на нов рекорд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барди: Малта само мислеше како да се одбрани, ќе бидеме подобри со Украина и со Англија

„Десетката“ на Македонија, Енис Барди, смета дека нашиот национален тим сосема заслужено стигна до победа од 2:1 на вечерашниот меч против Малта во Скопје. Елмас и Чурлинов беа стрелци на головите.
„Заслужено победивме, постигнавме два гола, можевме и уште некој. Првиот чекор од овие квалификации беше успешен, очекувам да играме уште подобро против Украина и против Англија. Тешко е да се игра против Малта која само мисли како да се одбрани. Ќе бидеме уште подобри во иднина. Сакам да се заблагодарам и на навивачите за поддршката“, изјави Енис Барди.
Македонија на 27 март ја очекува и пријателски натпревар против Фарски Острови на арената „Тодор Проески“.
Спорт
Хари Кејн најдобар стрелец во историјата на Англија

Kапитенот на Англија, Хари Кејн, со 54 гола вечерва стана рекордер во историјата на фудбалска репрезентација на гордиот Албион, откако беше стрелец на натпреварот против Италија во Неапол, во квалификациите за ЕП 2024 година.
Англија ја победи Италија со 1:2 во првото коло од групата Ц, а Кејн за националниот тим го постигна 54. гол на 81 натпревар.
Фудбалерот на Тотенхем го собори рекордот што го делеше со Вејн Руни, кој постигна 53 гола на 120 натпревари за англиската селекција.
Кејн ќе може да го подобри својот рекорд веќе о недела, кога Англија во второто коло ја пречекува Украина на „Вембли“.
Спорт
Милевски: Ваквите мечеви со ривали како Малта се најопасни, важен е триумфот

Фудбалската репрезентација на Македонија со победа од 2:1 над Малта го стартуваше новиот циклус квалификации за пласман на ЕП 2024. Елмас и Чурлинов беа стрелци на головите за нашиот национален тим, кој, сепак, не блескаше.
Селекторот Благоја Милевски доби црвен картон во завршницата од мечот.
„Добив црвен картон затоа што сум го напуштил просторот за водење на тимот крај клупата. За тоа се добива жолт картон, но ете јас поцрвенев. Сакам да им честитам на момците, за енергијата, за желбата и тактичката дисциплина што ја покажаа на овој натпревар. Ваквите мечеви со ривали како Малта се најопасни. Најважно е дека победивме, а од натпревар во натпревар сме сѐ подобри. За жал, имаме повреди. Ѓоко Зајков со итна помош е одведен во болница, а Адеми се повреди на последниот тренинг“, изјави селекторот Благоја Милевски.