Спорт
Надал се враќа на теренот по пауза од 4 месеци

Сопственикот на 20 грен слем титули, Рафаел Надал, се враќа на теренот по пауза од 4 месеци поради повреда на стапалото заработена на турнир во Вашингтон.
Првата проверка шпанскиот ас ќе ја има на егзибицискиот турнир Mubadala World tennis championship, кој традиционално од 16 до 18 декември ќе се одржи во Абу Даби. Иако мечевите не се водат како официјални, Надал ќе има можност да види во која мера е подготвен и колку може да се справи со сериозни ривали.
Шпанецот во ОАЕ стигна од Кувајт, каде што одработи дел од подготовките. Во првото коло е слободен, а во второто ќе го чека подобриот од дуелот Енди Мареј – Даниел Еванс.
На споменатиот турнир Надал бил победник петпати, а Мареј двапати. Освен нив, Ѓоковиќ четирипати бил шампион во Абу Даби, а еднаш триумфирал Кевин Андерсон.
„За Рафа, Енди Мареј би бил идеален ривал. Одлично се познаваат. Британецот има сјајна офанзивна и дефанзивна игра. Би било тоа врвен тест за Надал“, вели Алекс Коречја, некогаш второпласиран тенисер на АТП-листата.
На другата страна на турнирот Рубљов го чека подобриот од дуелот Шаповалов – Фриц.
Надал секако би имал минимум два натпревара затоа што на турнирот има и меч за трето место.
Планот на Шпанецот е првиот официјален турнир да го одигра на 4 јануари, АТП-турнирот во Мелбурн од серијата 250.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Неколлку милиони го убедиле Хорнер да го одбие Ферари

Хелмут Марко, советник во Ред Бул, изјави дека Кристијан Хорнер, првиот човек на австрискиот тим, за малку ќе завршел во Ферари на почетокот на оваа сезона.
Според Марко, Хорнер бил првиот избор на Скудерија за наследник на Матија Биното. Заедно со него во Маранело требало да се пресели и Адријан Њуи, техничкиот гениј најодговорен за развојот на болидите на Ред Бул.
„Разговаравме цела ноќ. Разговор и неколку милиони го убедија Хорнер да остане во Ред Бул и да ја отфрли идејата да оди во Ферари“, истакна Марко.
Според Марко, зголемувањето на платата што го доби Хорнер не влијаело на понатамошниот развој на болидот на Ред Бул.
Под водство на Хорнер, Ред Бул доминира и оваа сезона во Формула 1. Верстапен е на добар пат да ја освои третата титула по ред, додека неговиот клубски колега Серхио Перез е на второто место.
Спорт
Хорхе ја смени плочата: Не верувам дека Лео ќе се врати во Барселона
„Сагата за Меси“ продолжува, со уште еден главен актер, таткото Хорхе, кој е менаџер на својот син. Хорхе Меси, во понеделникот, ја крена Барселона на нозе и предизвика еуфорија со изјавата дека неговиот син сака да се врати во клубот. 24 часа подоцна Хорхе „врти друга плоча“.
Вчера Шпанците објавија дека Ла Лига и дала зелено светло на Барселона за нејзиниот економски план за следната сезона, во која се отвори простор за враќање на Меси. Меси сениот, по состанокот се сретнал со Џоан Лапорта.
По состанокот, Хорхе Меси за телевизијата „Хихантес“, изјави дека неговиот син сака да се врати во Барса и дека се ќе биде познато во наредните 48 часа.
Со оваа изјава ги фрли во транс фановите на Барселона, а веќе наредниот ден врти друга приказна.
„Не се работи за пари, Лео е подготвен да игра бесплатно. Но, не верувам дека неговото враќање ќе се случи, ситуацијата околу тоа е многу тешка“, изјави Меси сениор.
Тој наводно изјавил дека еден од проблемите е начинот на кој што го следат шпанските медиуми неговиот син и начинот за кој тие известуваат за неговото можно враќање во клубот. Најдобриот играч на Мундијалот во Катар не сака неговиот трансфер во Барселона да се гледа како бегство во сигурна куќа.
„Лео имаше две многу тешки години во Париз“, додаде Меси сениор.
Она што го откриваат шпанските медиуми е дека платата на Лионел Меси во Барселона би била 13.000.000 евра, дека договорот би бил потпишан на 1+1 година и дека семејството на Аргентинецот, особено неговата сопруга Антонела, ја турка идејата за враќање во Каталонија.
Дополнителен проблем во целата приказна е што Саудијците кои му дадоа понуда на Лионел Меси е невидена во историјата на спортот (1.200.000.000 евра за две години). Тие го притискаат неодамнешниот ас на Пари Сен Жермен конечно да се изјасни дали доаѓа или не.
Семејството Меси, пак, се обидува да добие уште неколку дена во тие преговори, бидејќи очигледно е дека Лео пред се сака да биде во Барса. Па, ако не можеш да заврши во Барселона, тогаш ќе бара алтернативни решенија.
Спорт
Седум играчи го напуштаат Лестер

Фудбалскиот клуб Лестер е најголемото разочарување во Премиер лигата. Клубот кој пред седум години сензационално ја освои титулата, пред 10 дена испадна од лигата.
Во клубот има неколку исклучително квалитетни фудбалери, кои високо котираат на пазарот. Јасно е дека тие нема да останат во Лестер, туку ќе бидат продадени. Станува збор за Харви Барнс и Џејмс Медисон.
Клубот наведе седум играчи, кои на крајот од сезоната нема да бидат членови на тимот предводен од Дин Смит.
Јури Тилеманс и Чаглар Сојунџу се слободни играчи, Турчинот во јануари се договори со Атлетико и тој наскоро ќе биде промовиран во Мадрид. Покрај овие двајца во клубот нарената сезона сигурно нема да бидат Даниел Амарти, Нампалис Менди, Рајан Бертранд, Ајозе Перез и Тете.
Клубот исто така посочи дека моментално е во преговори со капитенот Џони Еванс за продолжување на договорот.
Лестер претходната сезона ја заврши на 18. место на табелата во Премиершип и заедно со Лидс и Саутемптон следната сезона ќе се бори за враќање во елитата.