Контакт

Спорт

Надал во ново париско полуфинале, Раониќ се врати од бездната

Објавено пред

Рафаел Надал уште еденаш е во полуфинале во француската престолнина, откако овојпат на Мастерсот во Париз со 4:6/7:5/6:1 го победи својот сонародник Пабло Карењо Буста за првпат по подолго време да изгледа свеж и подготвен за титула во финишот на сезоната.

Втор меч во низа, Надал се мачеше во три сета, откако имаше спор старт, но потоа откако го доби тесниот втор сет, доминираше во третиот за да обезбеди меч со подобриот од дуелот меѓу ветеранот Стен Вавринка и Александер Зверев.

Во второто полуфинале ќе играат Данил Медведев и 10-тиот носител, Милош Раонич, кој спаси две меч-топки во тај-брејкот во третиот сет за да го победи домашниот фаворит Иго Умбер со 6:3/3:6/7:6(7) по 2 часа и 19 минути. Ова е трето полуфинале во Берси за Канаѓанецот.

Спорт

ЛШ: Украински кошмар за Реал, сега и со победа нема сигурно место!

Објавено пред

Освојувачот на рекордни 13 европски титули, Реал Мадрид, повторно загуби од Шахтјор Донецк, за сега ниту со победа во последното коло во групната фаза на Лигата на шампионите нема гарантирано место во осмина-финалето.

„Кралевите“, кои и дома загубија од украинскиот шампион (2:3), беа поразени со 2:0 на „Олимпискиот стадион“ во Киев, со што паднаа на третото место на табелата во групата Б со 7 поени, колку што имаат и Шахтјор и еден помалку од Борусија Менхенгладбах, кои вечерва го пречекуваат Интер. Тоа значи дека и со победа над Менхенгладбах во последното коло, доколку Шахтјор го победи Интер на гости, „кралевите“ ќе бидат елиминирани бидејќи имаат негативен скор со украинскиот клуб.

По слабото прво полувреме, Шахтјор дојде во водство во 57. минута по новата катастрофална грешка на Рафаел Варан преку Дентињо за во 82. минута Израелецот Манор Соломон со удар од далечина да го матира Тибо Куртоа, а Варан повторно лошо интервенира.

И во групата А ситуацијата се комплицира кога во Москва, Ред бул Салцбург, предводен од двата гола на младиот Мергим Бериша, стигна до 3:1 победа над Локомотив Москва. Тука Баерн веќе е во осмина-финалето и вечерва гостува со Б-тим кај Атлетико Мадрид, кој сее втор со 5 поени. Салцбург е трети со 4 поени, а Локомотив на последното место со 3 поени.

ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, 5. КОЛО

ГРУПА А

Локомотив Москва – Ред бул Салцбург 1:2

Атлетико Мадрид – Баерн Минхен 21 ч

Табела: 1. Баерн М. 12, 2. Атлетико М. 5, 3. Салцбург 4., 4. Локомотив М. 3

ГРУПА Б

Шахтјор Донецк – Реал Мадрид 2:0

Борусија Менхенгладбах – Интер 21 ч

Табела: 1. Менхенгладбах 8, 2. Шахтјор 7, 3. Реал М. 7, 4. Интер 2

Прикажи повеќе...

Спорт

Холифилд сака трилогија со Тајсон, но бара 25 милиони долари

Објавено пред

Поранешниот шампион во тешка категорија, Ивандер Холифилд, кој имаше две легендарни пресметки со Мајк Тајсон, од кои во втората во 1997 година остана без дел од увото, кое Тајсон му го одгриза, признава дека е подготвен за два дена да се спреми за трет меч со стариот ривал.

58-годишниот Холифилд последен пат боксуваше во 2011 година против Данецот Брајан Нилсен, но по враќањето на Тајсон против Рој Џонс Јуниор минатиот викенд (кој заврши со реми), веднаш почнаа шпекулациите за неговиот слеедн противник, со Холифилд како прв фаворит.

„Не влегувам во рингот за помалку од 25 милиони долари. Го победив Тајсон двапати и погрешно е јас да го прашувам него за борба“, вели Холифилд.

Меѓутоа, тој вели дека е подготвен за меч.

„Ако ме повикаат да боксуваме за два дена, ќе бидам таму за два дена“, објаснува Холифилд.

Прикажи повеќе...

Спорт

Лапорта сака Барса да го „украде“ слоганот на Ливерпул: You’ll Never Walk Alone!

Објавено пред

Претседателскиот кандидат на Барселона, Жоан Лапорта сака каталонскиот клуб да биде инспириран од Ливерпул и да го користи слоганот „You’ll Never Walk Alone“ за славната академија на клубот, „Ла масија“.

Лапорта, кој беше претседател на Барса од 2003 до 2010, потврди дека ќе се кандидира на изборите во јануари. На неговиот веб-сајт јасно стои програмата за „Ла масија“.

„Ла масија ќе биде постојана придружба на фудбалерите под слоганот ‘You’ll Never Walk Alone’. Сакаме да станеме центар за високи перформанси и спортска исклучителност, каде што фудбалерите лично ќе се развиваат“, вели Лапорта.

Останува прашањето зошто академијата која ги „произведе“ Лионел Меси, Чави, Андрес Иниеста, Карлес Пујол и Ансу Фати би сакала да преземе слоган од друг клуб.

„You’ll Never Walk Alone“ е песна напишана во 1945 година за мјузиклот „Карузел“, но стана неофицијална химна на Ливерпул откако во 1963 година, ливерпулската група Џери енд д Пејсмејкерс објавија всвоја преработка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Регистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-489,...

Македонија3 часа

Починатите од Ковид-19 не мора да бидат погребани во затворен и залемен метален сандак

На денешната седница Владата го прифати заклучокот на Комисијата за заразни болести дека овластените оператори за погребални услуги се должни...

Македонија3 часа

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол,...

Македонија3 часа

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни в година. Владата на денешната седница го...

Топ6 часа

Украден паричник од покојник во ковид-центар во Скопје

Украден е паричник од маж што починал во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот вчера во полицијата го пријавил...

Македонија6 часа

Бучковски назначен за специјален претставник на Владата за Бугарија

Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Поранешниот премиер е именуван на оваа позиција на...

Македонија7 часа

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Филипче: Нема забрана за снимање, новинарите да продолжат непречено со својата работа

На барање на министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се одржа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија...

Македонија8 часа

(Видео) Мицкоски: Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци

„Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци и затоа навистина овој пат треба да...

Регион8 часа

Србија воведе нови мерки – угостителските објекти и продавниците ќе работат до 17 часот, за викенд ќе бидат затворени

Србија воведе нови мерки кои треба да бидат усвоени од Владата в четврток и да стапат на сила в петок....

Македонија8 часа

УКИМ: Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата

Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата, сметаат од Универзитетот...

Македонија9 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 846 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 846 пациенти позитивни и...

Македонија11 час

Волонтерите од Воено-медицинскиот центар и студентите од шеста година се вклучија во работата на ковид-центрите

Лекарите и медицинските сестри од Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) и студентите кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во...

Регион11 час

Катимерини: Спорот меѓу Скопје и Софија ќе се пренесе во НАТО

Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во Европската Унија со Северна Македонија ризикува да создаде уште една...

Македонија13 часа

Почина заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи

Енвер Малиќи, заменик-градоначалникот на Град Скопје, починал денеска во болницата „Систина“, откако беше хоспитализиран поради низа здравствени проблеми, а беше...

Свет13 часа

„Модерна“ бара од САД и ЕУ да ја одобрат нејзината вакцина

Фармацевтската компанија „Модерна“ побара од регулаторите на САД и Европа да ја дозволат употребата на нејзината вакцина против коронавирус. Компанијата...

Свет13 часа

Азар: Првите вакцини против коронавирус во САД ќе стигнат пред Божиќ

Првите две вакцини против новиот коронавирус би можеле да им бидат достапни на Американците пред Божиќ, изјави американскиот министер за...

Свет13 часа

Си-ен-ен: Кина од почетокот криела податоци за коронавирусот, покажувала помали бројки

Си-ен-ен објави ексклузивни документи за кои наведува дека покажуваат значајни пропусти од страна на Кина на почетокот на епидемијата на...

Свет13 часа

Американски експерти: Ким е вакциниран против Ковид-19, вакцината му ја дала Кина

Кина му обезбедила експериментална вакцина против коронавирус на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и неговото семејство, тврди американскиот аналитичар Хери Казианис,...

Свет14 часа

САД: Осуден на смрт пред 20 години не може да биде погубен бидејќи нема инјекција

Судот во Јужна Каролина донесе одлука да се одложи извршување на смртната казна со вбризгување инјекција на осуденикот Ричард Бернард...

Македонија14 часа

Меркел: Северна Македонија се надеваме годинава да ги почне преговорите, Албанија ќе почека

Северна Македонија сè уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското...

Досие