Спорт
Најдобрите 11 на денешницата според играчите – се согласувате ли?

Како дел од доделувањето на „ФИФА БЕСТ“ наградите на ФИФА, беше прогласен и најдобриот состав на денешницата во избор на ФИФПРО, односно самите играчи преку организацијата на професионални фудбалери.
На голот е Џанлуиџи Донарума, освојувачот на европската титула со Италија и новиот голман на Пари Сен-Жермен, додека тројца дефанзивци се Рубен Дијаш (Манчестер сити/Португалија), Леонардо Бонучи (Јувентус/Италија) и Давид Алаба (Реал Мадрид, Австрија).
Креатори на играта се двајца играчи на Челси, Жоржињо (Италија) и Н’Голо Канте (Франција), како и Кевин де Брујне од Манчестер сити, додека во нападот се неизбежните Лионел Меси и Кристијано Роналдо, но и Ерлинг Халанд (Норвешка/Борусија Дортмунд) и освојувачот на „БЕСТ“ наградата, Полјакот Роберт Левандовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Црна Гора на местото на Русија на ЕП

Кошаркарската репрезентација на Црна Гора по административен пат ќе се пласира на завршницата на Европското првенство. Натпреварувачката комисија на ФИБА Европа, предложи Црна Гора да ја замени Русија на Европското првенство. Собранието на ФИБА Европа конечната одлука ќе ја донесе в сабота, во Вилнус.
Според правилата, во случај некоја екипа да не може да учествува на првенството, нејзиното место го зазема тимот што имал најдобар учинок, но не се квалификувал. Со оглед на тоа што избраниците на Бошко Радовиќ се единствени со три победи кои останаа под линијата, тие се први на оваа листа.
Доколку нема непредвидени промени, избраниците на Радовиќ ќе играат во групата А во Тбилиси, со домаќинот Грузија, Шпанија, Турција, Белгија и Бугарија.
Четирите најдобри селекции ќе се пласираат во нокаут фазата која ќе се игра во Берлин.
Спорт
Миротиќ МВП на сезоната, Барцокас најдобар тренер
Европскиот кошаркарски крем се собра во Белград, каде во четврток ќе започне завршниот турнир во Евролигата. За трофејот ќе се борат Барселона, Реал, актуелниот шампион Анадолу Ефес и Олимпијакос.
Во пресрет на натпреварите Евролигата ги додели последните две награди за регуларниот дел од сезоната. МВП е Никола Миротиќ од Барселона, а најдобра тренер е Јоргос Барцокас од Олимпијакос.
Претходно наградата за најдобра дефанзивец ја доби Кајл Хајнс од Армани Милано, а играчот на Барселона, Рокас Јокубаитис е прогласен за „Ѕвезда во подем“.
Наградата „Магичен момент“ му припадна на Костас Слукас од Олимпијакос. Тој постигна тројка за победа над Ефес.
Никола Миротиќ имаше брилијантна сезона, ја предводеше Барселона до првото место во регуларниот дел од сезоната. Црногорецот со шпански пасош во просек бележеше по 16,6 поени и 5,5 скока и индекс на корисност од 19,4 по натпревар.
Тој е дел од најдобрата петорка заедно со Шејн Ларкин (Ефес), Мајк Џејмс (Монако), Саша Везенков (Олимоијакос) и Валтер Таварез (Реал).
Миротиќ прв пат во кариерата е МВП во Евролигата, воедно тој е прв играч на Барселона кој по 2009 година ја доби престижната награда.
Спорт
Спектакуларен гол од седмерец

Ракометарите, поточно оние кои се задолжени за седмерците, често смислуваат разни трикови со кои се обидуваат да ги измамат голманите. Сепак, она што го изведе Јапонецот Косуке Јашухира е досега невидено на ракометните терени.
Играчот на францускиот прволигаш Ним, пред да го упати ударот направи пируета, а потоа ја испрати топката во левата статива на голманот.
Сето тоа се случи на самиот крај од натпреварот, кога предноста на Ним беше недостижна. На крајот, тимот на Јашухира го победи и Данкерк со 34:23.
🇯🇵 L'artiste Kosuke Yasuhira nous régale encore une fois ! 😍
このアーティストを日本に感謝します pic.twitter.com/nXta6rmKSZ
— Ligue Nationale de Handball (@LNHofficiel) May 9, 2022