Спорт
Најдобрите фудбалери ветерани, Пандев е на 17. место

Англискиот портал GiveMeSport направи листа на најдобрите фудбалери во светот што имаат најмалку 34 години. На оваа листа се најде и капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев. Порталот го смести фудбалерот на Џенова на 17. место.
Листата ја предводи Кристијано Роналдо пред Златан Ибрахимовиќ и Серхио Рамос. Во топ-10 порталот ги смести Давид Силва, Фернандињо, Тијаго Силва, Един Џеко, Оливие Жиру, Бурук Јилмаз и Џејмс Милнер.
Од 10. до 18. место се: Фабио Кваљарела, Хоакин, Лоран Кошчелни, Жозе Фонт, Раул Албиол, Александар Коларов, Горан Пандев и Жоао Мутињо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
БиХ со Петев ќе брка пласман на СП во Катар

Бугарскиот тренер Ивајло Петев е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина. Ангажманот на Петев, попладнево потврден на седницата на Извршниот одбор на националната федерација. Петев на кормилото на БиХ доаѓа на местото на Душан Бајевиќ.
Петев (45) зад себе има 14-годишна кариера како фудбалер,а со тренерската работа се занимава од 2010 година.
Тренерското деби го имал на клупата на Лудогорец. Со оваа екипа од Втората лига се пласира во елитниот ранг на бугарскиот фудбал, а потоа успеа да освои две шампионски титули, еден Куп и два Суперкупа.
Потоа работел во АЕЛ Лимасол, Динамо Загреб, каде се задржа два месеци, Омонија, Јагиелонија и Ал-Кадиш.
Во периодот 2015-2016, Петев бил селектор на Бугарија.
Петев ќе ја предводи БиХ во квалификациите за пласман на СП во 2022 година. Противници на БиХ ќе бидат Франција, Украина, Финска и Казахстан.
Спорт
Реал Сосиедад и Арсенал се издвоија во трката по Одегард

Талентираниот Норвежанец, Мартин Одегард, побарал до крајот на преодниот рок да биде испратен на позајмица. Одегард е незадоволен од статусот што го има во тимот на Реал Мадрид, негова желба е да замине во тим каде што ќе игра редовно.
Шпанските медиуми пишуваат дека за 22-годишниот фудбалер, интерес покажале пет клуба, но дека битката за неговиот потпис ќе ја водат Реал Сосиедад и Арсенал.
Овие извори шпекулираат дека желбата на Одегард била да се врати во Сан Себастијан, каде што блекаше минатата сезона во дресот на Реал Сосиедад. Поради Сосиедад тој ја одбил понудата на Севилја.
Одегард од почтокот на сезоната, настапил на девет натпревари за Реал, односно одиграл скромни 367 минути.
Спорт
ИФФХС му го оспори рекордот на Роналдо – Јосеф Бикан e кралот на стрелците

Меѓунардониот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) не му го признава рекордот на Кристијано Роналдо. Португалецот, синоќа, против Наполи го постигна 760 гол во кариерата и стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот. На вечната листа тој го мина Јосеф Бикан.
ИФФХС тврди дека Бикан во кариерата не постигнал 759, туку 821 гол. Според овој податок Чехот се уште е кралот на стрелците.
Бикан бил активен фудбалер во периодот од 1931 до 1958 година.
„Бикан како играч на Храдец Карлове, во Втората лига, има постигнато 53 гола. Тој податок недостигаше. Секој детал го проверивме два пати и дојдовме бројка од 821 гол. Толку голови постигнал Бикан на официјални натпревари. Тоа значи дека Кристијано Роналдо се уште не е најдобар стрелец во историјата, ќе мора уште многу да работи за да го урне рекордот“, рекол Јарослав Колар.
Не треба да се заборави дека и бразилските легенди Пеле и Ромарио тврат дека постигнале повеќе голови од Роналдо, но за разлика од Бикан тие немаат доказ дека тоа е вистина.
Kolega z Komise pro historii a statistiku FAČR 📊Jaroslav Kolář má důležitý vzkaz pro všechny příznivce @Cristiano! A samozřejmě i pro tu větší skupinu🙊, tedy pro fanoušky Pepiho Bicana 😉 #CR7 #Statistics #bican #821goals pic.twitter.com/1sgRpLFRPq
— Michal Jurman (@michaljurman) January 21, 2021
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот