Спорт
Најголем портрет на Новак Ѓоковиќ (галерија+видео)

Српскиот архитект и уличен уметник, Андреј Јосифовски-Пијаниста го креираше најголемиот портрет на светот на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, поставен на должината на тениски терен на земја.
Проектот „Шљакање на теренот“ претставува цртеж долг 24 метри, широк 11 метри со простор од 264 квадратни метри, и Јосифовски вели дека сакал да покаже дека постојат луѓе кои го почитуваат тоа што го прави тенисерот.
„Новак е човек со посебен сјај, кој секогаш не мотивира. Тешко е да се најдат зборови да го опишат. Постојат и луѓе кои не ги почитуваат овие спортски успеси, посебно тие кои се родени на западот. Се заблагодарувам на тенискиот клуб ’Ѓукиќ’ кои ми овозможија сè што ми беше потребно“, вели Јосифовски, кој потврдува дека би сакал да направи ист проект на терените на Ролан Гарос во Париз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Анти-Јуве“ клаузула во договорот на Лаутаро Мартинез

Лаутаро Мартинез ќе остане во Интер. Аргентинецот наскоро ќе го продолжи договорот со клубот од „Џузепе Меаца“.
„Марка“, пишува дека откупната клаузула во договорот ќе остане иста, односно секој што ќе сака да го донесе Лаутаро ќе мора да плати 111 милиони евра. Поточно оваа клаузула нема да важи само за Јувентус.
Интер подготвиле „анти-Јуве“ клаузула, за нив цената за Лаутаро ќе изнесува 150 милиони евра.
Лаутаро е играч на Интер од јуни 2018 година. Досега одиграл 111 натпревари, постигнал 40 голови.
Инаку, речиси цела година Лаутаро се поврзуваше со Барселона. Каталонците неколку пати понудија за него помалку од 100 милиони евра, поради што Интер ги одби. Сега кога Барселона е во голема финансиска криза, тој трансфер повеќе не е актуелен.
Спорт
Тебас: Големите клубови се себични ќе го уништат фудбалскиот екосистем

Првиот човекна шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, во интервју за агенцијата Ројтерс, рекол дека формирањето на Суепрлигата ќе го уништи фудбалскиот екосистем.
Изминатите месеци често се слуша дека најголемите европски клубови ќе се одвојат од УЕФА и ќе формираат Суперлига. Ваквата идеја ја поттикнала финансиската криза што ја предизвика пандемијата на коронавирусот. Според некои проценки клубовите ќе останат без 6 до 8,5 милијарди евра, кога работите ќе се нормализираат.
Тебас смета дека долгорочно, Суперлигата нема да им помогне на клубовите.
„Со или без пандемијата, оваа Суперлига, не само што ќе го уништи фудбалот во целост, односно ќе ги уништи националните првенства, туку ќе ги уништи и клубовите кои ја поддржуваат оваа идеја. Во краток рок ќе постигнат одреден успех, но долгорочно тоа ќе биде катастрофа. Клубовите не е се свесни дека радикални промени, каква што е ова, можат да имаат негативно влијание на среден и долг период“, рекол Тебас.
Во таа Суперлига од шпанските тимови треба да играат Барселона, Реал и Атлетико Мадрид. Барселона и Реал јавно и го поддржаа овој проект.
„Најдобро за фудбалот е да биде задржан овој екосистем. Имаме одличен систем во националните првенства и Лигата на шампионите. Тоа се стабилни проекти. Мораме да продолжиме да работиме според овој модел. Не можеме да си дозволиме радикални промени во актуелниот систем. Мораме да им пружиме заштита и сигурност на сите“, рекол Тебас и порачал.
„Време е да им кажеме: „Доста е!“, на клубовите кои само сакаат повеќе пари за себе и кои се подготвени да ги уништат националните првенства, Лигата на шампионите и историјата на европскиот фудбал. Мораме да ѝ кажеме „Не“ на себичноста“.
Спорт
Хрвоје Хорват е новиот селектор на Хрватска

Хрвоје Хорват е новиот селектор на ракометната репрезентација на Хрватска. Хорват на функцијата доаѓа на местото на лино Червар, кој поднесе оставка по дебаклот на Хрватите на Светското првенство во Египет.
Хорват, на последните три големи натпреварувања, му бил помошник на Червар. Тој е тренер на ракометниот клуб Нексе.
Токму Червар предложил 43-годишниот Хорват да биде неговиот наследник. Предлогот на Червар, веднаш бил прифатен од Управниот одбор на Ракометниот сојуз на Хрватска.
Довербата да ја предводи репрезентацијата Хорват ја добил пред Ивано Балиќ и Славко Голужа.
Хорват ќе дебитира на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Токио, кој од 12. до 14.март ќе се одржи во Монпеље. Покрај Хрватска, на турнирот ќе учествуваат Франција, Португалија и Тунис.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома