Спорт
Најголемиот пораз на Партизан во последните 40 години – Динамо Киев ги понижи црно-белите
Фудбалерите на Партизан претрпеа вистински дебакл, во првиот натпревар во второто квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите. Во Лублин, Полска, Партизан загуби од Динамо Киев со 6:2.
Поразот во Лублин е еден од најубедливите порази на Партизан во клупската историја.
Последен пат црно-белите, во европските купови, примиле шест гола пред точно 40 години, кога загубија од Квинс Парк Ренџерс во Лондон со резултат 6:2. Но тогаш Партизан успеа да помине бидејќи во реваншот славеше со 4:0.
Според она што беше видено синоќа на стадионот во Лублин, против Динамо, Партизан нема шанси да направи таков подвиг.
Српските медиуми со неверување го опишуваат она што се случуваше на стадионот во Лублин.
„Самоубиство на српскиот фудбал“, „Катастрофа на Партизан“, „Партизан уништен“, се дел од насловите на „Б92.нет“, додека Курир пишува за „Историски дебакл“ и дека „Партизан беше целосно понижен, а најлошото е што црно-белите добро поминаа со оглед на тоа како играа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Родриго: Заслужив номинација за „Златната топа“
Фудбалерот на Реал Мадрид и бразилски репрезентативец Родриго изјави дека незаслужено останал надвор од листата на кандидати за освојување на овогодинешната „Златна топка“, пренесува ESPN.
Магазинот „Франс фудбал“ пред пет дена објави список од 30 фудбалери кои се во конкуренција за наградата „Златна топка“ за играч на годината.
Сепак, Родриго, кој минатата сезона со Реал ги освои Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и шпанската Ла Лига, не е на листата на номинирани.
„Се вознемирив. Мислам дека заслужив да бидам номиниран. Не сакам да ги девалвирам играчите кои се номинирани, но мислам дека имаше место за мене меѓу 30-те кандидати. Тоа беше големо изненадување за мене, но јас не можам да направам ништо околу тоа јас не одлучувам“, изјави Родриго, кој со Реал освои 12 трофеи.
Бразилскиот фудбалер истакна дека Реал е најдобриот клуб во светот..
Спорт
Галатасарај заинтересиран за Жоржињо
Фудбалерот на Арсенал и италијански репрезентативец Жоржињо сака да го напушти лондонскиот клуб, пренесуваат британските медиуми.
Жоржињо (32) е член на Арсенал од 2023 година, а оваа сезона нема одиграно ниту еден натпревар за „топџиите“. Пред Арсенал играше за Челзи, Наполи и Верона.
Британските медиуми велат дека италијанскиот репрезентативец бара начин да го смени клубот, а најголем интерес за фудбалерот на Арсенал покажал Галатасарај.
Жоржињо има договор со Арсенал до 30 јуни следната година.
За италијанската репрезентација одигра 57 натпревари и постигна пет гола
Спорт
Пирс Морган: Тен Хаг е комплетен идиот
Англискиот новинар Пирс Морган го нарече менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, „целосен идиот“ во емисијата „Појадок“ на Talk Sport. Морган, поранешен новинар на Си-Ен-Ен, денес има своја емисија на YouTube наречена „Без цензура“.
Тој е познат по бескомпромисниот коментар, но и по исклучителното фаворизирање на Кристијано Роналдо со кој имаше ексклузивно интервју откако Португалецот го напушти Манчестер Јунајтед.
„Некои мислат дека Роналдо повеќе не може да се сфати сериозно како играч бидејќи се пресели во Саудиска Арабија. Тоа е целосна глупост, нема подобар стрелец во светот од Кристијано Роналдо. Синоќа ја погоди стативата и постигна гол. Тен е целосен идиот. Жал ми е што го кажувам ова, но така е.
Зборува глупости. Сега тој вели дека не е Хари Потер. Тен Хаг е се што Роналдо ми кажа во интервјуто. Тој е како мал учител во основно училиште кој не знае како да се однесува со ученици кои се паметни. Погледнате само со кавви таленти не знаеше да работи: Роналдо, Санчо, Рашфор. Знае само да донесе играчи од Ајакс. Не можам да верувам дека го кажувам ова, но Јунајтед е уште полош од минатата година“, изјави Морган.
Кристијано Роналдо постигна два гола на последните два натпревари во Лигата на нации, против Хрватска и Шкотска. Во Манчестер Јунајтед, Роналдо не беше миленик на Тен Хег, што резултираше со разделба во ноември 2022 година.