Спорт
Наполи не победи на Сардинија, Милан останува лидер по лудото коло
Виктор Осимен осигури Наполи да успее да спаси 1:1 реми на гостувањето кај Калјари и да пропушти шанса да се израмни на првото место на табелата по „лудото“ 26. коло во Серија А, во кое првите шестопласирани тимови на табелата не запишаа три поени.
Шансата што се отвори откако Милан во саботата доживеа неочекувана сопка против Салернитана со 2:2 ремито, прво не ја искористи Интер во неделата кога загуби дома со 0:2 од Сасуоло, а сега во понеделничкиот меч ниту тимот на Елиф Елмас не се прослави. Покрај овие три клуба, ниту Јувентус, Аталанта и Лацио не успеаја да победат во ова коло.
Овој пат, покрај бледата игра на тимот на Лучано Спалети, најзаслужен за победата на 17-пласираниот Калјари беше голманот на „партенопеи“, Давид Оспина, кој реагира екстремно лошо во 58. минута од мечот дозволувајќи му на Гастон Переира да донесе водство на клубот од Сардинија.
David Ospina with one of the worst Goalkeeping blunders in football I’ve ever seen.
Napoli fans must be fuming. Cagliari are all over Napoli too. pic.twitter.com/TvQ3q3GvxC
— Drunk Red (@TheUnitedWayyyy) February 21, 2022
Калјари може да жали што не ја искористи иницијативата во поголемиот дел од второто полувреме пред Осимен во 87. минута да покаже колку е важен за својот клуб со убав гол.
Милан останува лидер во Италија со 56 поени, два повеќе од Интер (иако тие имаат натпревар помалку), Наполи остануваат трети со ист број поени како Интер, а ако продолжи ваквата форма на топ-3 тимовите, Јувентус ја чека својата шанса на четвртото место со 47 поени.
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-37475”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Милик му обезбеди финале во Купот на Јувентус
Фудбалерите на Јувентус загубија од Лацио во Рим со 2:1, во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. И покрај поразот Јувентус се пласира во своето 22. финале во Купот. Пресуди првиот меч кој Јувентус го доб со 2:0.
Лацио многу подобро го започна натпреварот, веќе во 12. минута поведе. Валентин Тати Кастеланос погоди на асистенција на Луис Алберто.
До крајот на првото полувреме немаше промена на резултатот.
Кастељанос погоди и во 49. минута, а асистент уште еднаш беше Луис Алберто – 2:0.
Се чинеше дека дуелот ќе оди во продолженија, но Јувентус успеа да се извлече во финишот.
Акрадиуш Милик, во 83.минута, во првиот контакт со топката намали на 2:1. Полјакот влезе на теренот на местото на Влаховиќ.
Јувентус во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта.
Тимот од Фиренца успеа да слави на првиот натпревар со 1:0, реваншот е утре во Бергамо.
Финалето е на програмата на 15.мај.
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Челси
Арсенал го декласира Челси во заостанатиот натпревар од 29.коло во Премиер лигата. во градската пресметка со 5:0. „Тобџиите“ дојдоа до 77 бода, први се на табелата, имаат три бода повеќе од Ливерпул и три од Манчестер сити, но црвените имаат еден, а „граѓаните“ два натпревари помалку.
Арсенал во градската пресметка ги декласира „сините“ во второто полувреме. Првиот дел заврши со 1:0, со голот што го постигна Торсар во четвртата минута.
Во вториот дел се случи канонада кон глот на Челси. Вајт погоди во 52 минута, потоа Хаверц постигна два гола во 57. и 65.минута, а серијата ја заврши Вајт во 70.минута.
Спорт
Брејк на Макаби во Атина
Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87.
Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот.
Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави конечниот резултат. До тој момент Слукас одигра совршен натпревар (12 поени, 13 скокови, без загубена топка).
Најдобриот учинок во редовите на Макаби го имаше Бонзи Колсон, која забележа 18 поени со два скока, а го следеа Лоренцо Браун со 16 поени, четири скока и три асистенции, Вејд Болдвин со 15 поени со седум скока. Болдвин поради повреда не играше во последните осум минути.
Двоцифрен беше и Џош Ниебо со 12 поени и осум скока.
Кај Панатинаикос се истакна Матијас Лесор со 22 поени и шест скока, но и очајна реализација на слободните фрлања 4/11, а двоцифрени беа и Џериан Грант и Мариус Григонис со по 11 поени.
Вториот натпревар се игра за два дена исто така во Атина.