Контакт

Спорт

Навас бара 10 милиони евра за да си оди од Реал Мадрид

Објавено пред

Голманот на Реал Мадрид, Костариканецот Кејлор Навас, од клубот бара да му бидат исплатени платите за последните две години од договорот пред да го напушти „Сантијаго Бернабеу“, пренесува шпански „Ас“.

Информациите се дека „кралевите“ не сакаат да ја исполнат желбата на чуварот на мрежата и да му исплатат околу 10 милиони евра, колку што му изнесуваат двете плати, па најверојатно се решени да почекаат на понуда за 32-годишниот голман.

Навас минатата сезона ја изгуби позицијата стартер на голот на Реал по доаѓањето на Белгиецот Тибо Куртоа, па затоа се очекува дека летово ќе го напушти клубот од Мадрид.

Медиумите шпекулираа со неколку екипи што се заинтересирани за неговите услуги, а меѓу најзагреаните за Навас се споменуваат ПСЖ, Бенфика и Спортинг Лисабон.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Почина легендарниот светски шампион во мотоциклизам, Убијали

Објавено пред

Деветкратниот мотоциклистички шампион, Карло Убијали, кој се натпреваруваше во првиот Светски шампионат во 1949 и потоа доминира во категориите 125сс и 250сс почина на 90 години, објавуваат италијанските медиуми.

Убијали е третиот најуспешен италијански мотоциклист на сите времиња по Џакомо Агостини и Валентино Роси и освои шест титули 125сс и три титули 250сс. Тој победи во 39 од 74 трки, во кои учествуваше, најмногу на италијанскиот тим МВ Агуста, во ерата пред појавувањето на јапонските производители на мотоцикли.

Со прекар Лисица, возачот од Бергамо исто така оствари пет победи на Ајл оф мен ТТ-трката. Тој се пензионира во 1960 година.

„Имав 10 години кога тој победуваше на секоја трка и сонував да бидам како него. Тој беше пример и инспирација за мене“, изјави 15-кратниот светски шампион, 77-годишниот Агостини.

Прикажи повеќе...

Спорт

Моментот кога Тајсон за малку ќе го нокаутирал Доналд Трамп

Објавено пред

За вечниот фаворит на боксерските фанови, Мајк Тајсон, има безброј приказни, од кои можеби најинтересната е кога влетал во канцеларијата на сегашниот американски претседател, а тогаш само бизнисмен и го прашал: „Дали ми ја е.еш жената?“

Авторот Тим О’Брајан во својата книга „Трампнација“ тврди дека додека Тајсон бил во брак со актерката Робин Гивенс, влетал во канцеларијата на Трамп во Њујорк и побарал одговор на тоа дали спие со неговата сопруга.

„Се смрзнав, мртов сум. Немам шанси. Тука е шампионот во тешка категорија пред мене“, се потсетува Трамп во книгата, но во неа не се кажува одговорот на Трамп.

Трамп и Тајсон имаат историја зад себе кога Трамп во одреден период му беше советник на Челичниот, а беше и финансиер на незаборавниот меч на Тајсон против Мајкл Спинкс во 1988 кога го нокаутира за 91 секунда.

Тајсон и Гивенс беа во брак само една година, 1988, кога, според Тајсон, актерката тврдела дека е трудна. Тој сега е оженет третпат со Лакиха Спајсер.

Прикажи повеќе...

Спорт

Лаутаро Маринез ја договорил платата во Барса – 12.000.000 евра годишно

Објавено пред

Барселона не се откажува од трансферот на Лаутаро Мартинез. Каталонски „Спорт“ тврди дека фудбалерот ги договорил личните услови со клубот од „Ноу Камп“.

Според овој извор, доколку клубовите се договорат Лаутаро во Барселона годишно ќе заработува 12 милиони евра.

Интер и Барселона никако не можат да постигнат договор околу Аргентинецот. Проблем е што Барса нема кеш за да ја плати откупната клаузула од 111 милиони евра која важи само во периодот од 1 до 15 јули.

Интер не се согласува Барселона да плати одредена сума и добие еден или двајца фудбалери, најчесто се шпекулира со имињата на Нелсон Семедо и Артуро Видал.

Јасно е само дека доколку Лаутаро не потпише до 15 јули тогаш трансферот нема да биде реализиран.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија, поради позитивен колега – странец

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран од денес се...

Македонија2 часа

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија2 часа

67 новозаразени, еден починат и нов кластер во Тетово

Во последниве 24 часа од 868 тестови, регистрирани се 67 позитивни пациенти на коронавирусот, информираше министерот за здравство, Венко Филипче. Еден...

Македонија3 часа

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија3 часа

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион5 часа

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија6 часа

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион7 часа

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет8 часа

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет8 часа

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт9 часа

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа9 часа

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Свет9 часа

(Видео) Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет20 часа

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет21 час

СЗО: Нема докази дека коронавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Македонија21 час

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена...

Македонија1 ден

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија1 ден

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија1 ден

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија1 ден

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Досие