Контакт

Спорт

Навивачите на Црвена Звезда се откажаа од Пикси: „Никогаш не си бил наш…Сајонара“

Објавено пред

Црвена звезда го победи Партизан со 2:1 во финалето на Купот на Србија, а најинтересно беше на трибините на стадионот „Рајко Митиќ“. За време на натпреварот, популарните „Делије“, навивачите на Звезда, му испратија порака на српскиот селектор, легендарниот Драган Стојковиќ Пикси, и се откажаа од него.

dobivaj vesti na viber

„Никогаш не беше твоја, никогаш не беше наш. Секој звездаш се сеќава на деценискиот потоп после тебе. Сајонара“, пишуваше на транспарентот на северната трибина, каде се сместени најверните фанови на Црвена Звезда.

Ова дополнително го продлабочи конфликтот меѓу Црвена Звезда и Пикси.

Стојковиќ првпат дојде на „Маракана“ откако стана прв човек на репрезентацијата во декември 2020 година. Тој дојде во друштво на Стеван Стојановиќ, капитенот на генерацијата на „црвено-белите“ која ја освои титулата европски и светски првак во 1991 година и во која беа и Дарко Панчев и Илија Најдоски.

Во ложата беше и генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, кој често во јавноста зборуваше против Пикси.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Академија Пандев ќе се претопи во Беласица и ќе и го отстапи местото во Првата лига

Објавено пред

Поранешниот освојувач на Купот, тимот на Академија Пандев ќе се фузира со Беласица и ќе му го препушти местото во Првата лига. Ова ќе се случи на денот на прославата на стогодишнината на Беласица, откако Горан Пандев во договор со раководството на Беласица одлучи неговиот клуб да се спои со постариот струмички клуб и да се формира еден силен прволигаш.

dobivaj vesti na viber

Ова го потврди Беласица на социјалните мрежи.

„1922 година беше формирана струмичката гордост ФК Беласица, еден од најстарите спортски брендови во државата. По тој повод, на 31 јули ве покануваме заедно да го прославиме и одбележеме овој голем настан, во вечерен термин под рефлектори на стадионот “Благој Истатов” во една пријателска средба помеѓу нашата екипа и нашите вечни ривали, ФК Брегалница. Покрај спектаклот и забавниот дел, на овој настан ќе бидат изнесени во јавност новитети за нашата Беласица, ново лого и дресови за оваа сезона по повод стогодишнината, нова екипа ЖФК Беласица, силни младински екипи како дел од младинската Суперлига и секако конструирање на силна Беласица и спојување со екипата на нашата легенда Горан Пандев“, соопштија од Беласица.

Прикажи повеќе...

Спорт

Андреј Стојановски постави нов национален рекорд на 50 метри грбно

Објавено пред

Македонскиот пливач Андреј Стојановски постави личен и национален рекорд на вториот настап на Медитеранските игри. Тој во категоријата 50 метри грбно исплива резултат 27.71 секунди, што е нов национален апсолутен и младински рекорд во оваа дисциплината.

dobivaj vesti na viber

Претходно, Стојановски настапи во дисциплината на 200 метри градно и исплива со време до 2:22.42 минути, а тое нов младински рекорд на Македонија.

Прикажи повеќе...

Спорт

Џорџ Расел со потег на годината во Ф1 – Го остави болидот за да му помогне на Жу

Објавено пред

Трката за ГН на Велика Британија почна инцидент откако при првиот свиок дојде до троен судир при што болидот на Жу се преврте и одлета кон заштитната ограда. Расел демонстрираше фантастично чувство за фер-плеј и направи неверојатен потег, го остави болидот на патеката и истрча да му помогне на Жу.

dobivaj vesti na viber



Тимот на Алфа Ромео објави дека Жу не се наоѓа во животна опасност и ќе биде предмет на дополнителни детални лекарски прегледи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Димитров: Со францускиот предлог Албанија е слободна да си оди напред, а Северна Македонија е таа што е изолирана

Поранешниот министер за надворешни работи од СДСМ и еден од потписниците на Преспанскиот договор – Никола Димитров на Фејсбук детално...

Македонија2 часа

(Видео) Ковачевски: Сметам дека сите пратеници треба да го прифатат менувањето на Уставот

Премиерот Димитар Ковачевски за трите предлози на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не одговори конкретно дали ги отфрла, но посочи...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Му понудив на Ковачевски да го отфрли предлогот, а јас да се повлечам од барање предвремени избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски понудил три решенија за францускиот предлог. Тој не добил никаков одговор на барањата од премиерот...

Македонија4 часа

(Видео) Францускиот предлог прифатлив за Пендаровски

Шефот на државата, Стево Пендаровски кажа дека предлогот од Франција за него е прифатлив. Според него, тој е транзиционен и...

Политика4 часа

Османи до Димовски: Наше е сега дали ќе се одлучиме да го затвориме прашањето за јазикот во ЕУ, еднаш засекогаш

Не се отворените писма начин, но еве нека биде тоа почеток, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи на социјалните...

Македонија7 часа

ВМРО-Народна: Ако нешто е јасно во договорот тоа е дека македонскиот јазик е кристално чисто дефиниран

ВМРО-Народна партија ги разбира сите оние кои се против францускиот предлог и против напредокот на Македонија на европскиот пат, велат...

Македонија7 часа

Илија Димовски до Османи: Замисли Бујар некој да те пристиска да потпишеш дека Ѓерг Кастриот е Србин

Членот и поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски со отворено писмо до министерот за надворешни работи Бујар Османи...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот кажа масовно НЕ на ултиматуми, денес повторно протест пред Влада

Вчера граѓаните масовно јасно и гласно кажаа НЕ БЛАГОДАРАМ на ултиматуми и диктати содржани во Предлогот кој Владата на Ковачевски...

Македонија10 часа

СДСМ: Пред нас е предлог со чист македонски јазик, Мицкоски само сака да и наштети на државата

Предлогот на француското претседателство е јавно објавен и граѓаните јасно можат да видат се, велат од СДСМ. Она што е...

Европа10 часа

Лукашенко до Западот: Ако се осмелите да не нападнете, одговорот ќе биде моментален

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, говорејќи пред Денот на независноста на Белорусија, изјавил дека им наредил на своите вооружени сили...

Македонија11 час

Ковачевски на средба со Мицкоски за предлогот на француското претседателство

Во рамки на широката консултација која започна да се реализира веднаш по добивањето на европскиот предлог, премиерот Димитар Ковачевски, денеска...

Македонија11 час

Седница на Советот за безбедност за францускиот предлог

Денеска како што е соопштено во Кабинетот на претседателот ќе се одржи седница на Советот за безбедност. На дневен ред...

Македонија22 часа

Асен Василев: „За македонското прашање си ја завршивме работата“

„Ние ја завршивме нашата работа за македонското прашање“, изјави во Бугарија Асен Василев, кандидатот за премиер од „Продолжуваме со промената“,...

Македонија23 часа

„Партизаните не преговараат со фашисти“, пред Владата се бараше „Не“ за францускиот предлог

Со пароли „Македонија“ „Фашисти“, „Уа“, „Не за ЕУ“, „У-а“, „Предавници“ граѓаните пред Владата бараа да се отфрли францускиот предлог. Тие...

Македонија24 часа

(Видео) Мицкоски: Македонија се буди а оние кои сакаат со потпис да стават крај, ќе стават

“Овде нема партија, овде е само Македонија“, порача вечерва од митингот на ВМРО-ДПМНЕ лидерот на партијата Христијан Мицкоски. „Она кое...

Македонија1 ден

Маричиќ: Имаме шанса за европска интеграција со чист македонски јазик и идентитет, без никакви условувања

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил напиша дека со францускиот предлог имаме...

Македонија1 ден

Ковачевски: Се појавија многу лаги и шпекулации врзани со францускиот предлог

Се појавија многу лаги и шпекулации врзани со францускиот предлог, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Коавечвски. „Сакам да бидам кристално...

Македонија1 ден

Иванов: Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство

Поранешниот македонски претседател – Ѓорге Иванов повика да се отфрли францускиот предлог за кој смета дека е дел од подли...

Македонија1 ден

Османи: Лага е дека има фуснота за јазикот, ако не прифатиме илјадници ќе заминат, ќе има меѓуетнички тензии

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи тврди дека е лага за постоењето фуснота за македонскиот јазик во францускиот предлог и...

Македонија1 ден

ВМРО-НП: Во францускиот предлог нема ништо што го загрозува македонскиот јазик и идентитет

„ВМРО-Народна партија ја анализираше најновата и изменета верзија на „францускиот предлог“, и оценува дека во него нема ништо што го...