Спорт
НБА им се восхитува на Дончиќ и Јокиќ
Лука Дончиќ и Никола Јокиќ го завршија регуларниот дел од НБА сезоната 2025/26 со бројки што звучат нереално. Дончиќ ја освои титулата најдобар стрелец во лигата, додека Јокиќ испиша историјата, ја предводеше лигата во две статистички категории. Во просек имаше најмногу скокови и асистенции.
Дончиќ (33,5 поени во просек) стана најдобар стрелец во НБА лигата и тоа е негова втора титула најдобар стрелец во последните три сезони. Тој е исто така шестиот активен играч кој има повеќе од една титула најдобар стрелец, а ова е и трета сезона во неговата кариера во која просечно постигнува повеќе од 32 поени по натпревар.
Во исто време, Дончиќ влезе и во историјата на Лејкерси: тој стана петтиот играч на франшизата што ја освои титулата најдобар стрелец и првиот играч на клубот што го сторил тоа по Коби Брајант (2006/07).
Од друга страна, Никола Јокиќ (27,7 поени во просек) повторно ги помести границите, кога се работи за кошаркар кој игра на позициијата центар.
Јокиќ ја заврши сезоната со просек од 12,9 скока по натпревар (прв во лигата) и 10,7 асистенции по натпревар (исто така прв во лигата).
Така тој стана првиот играч во НБА што ја предводеше лигата во скокови и асистенции во една сезона од 1969/70, кога лидерите во тие категории официјално беа одредувани според просеците по натпревар. Трикратниот MВП продолжува да пишува историја, заклучува НБА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Челзи ќе покрене судска постапка против Сити
Челзи и Манчестер Сити наскоро би можеле да завршат во сериозна правна битка околу Енцо Мареска.
Според англиските медиуми, клубот од „Стемфорд Бриџ“, планира официјална жалба и потенцијална правна постапка против Сити поради начинот на кој италијанскиот тренер го напушти Челзи претходно оваа година.
Мареска ненадејно ја напушти клупата на „сините“ на почетокот на годината, а сега е главен кандидат да го наследи Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.
Во Челзи веруваат дека токму контактите со Сити сериозно го дестабилизирале тимот и ја уништиле сезоната на лондонскиот клуб.
Наводно, за време на престојот во Челзи, Мареска ги информирал сопствениците на клубот дека разговара со Сити, а оваа информација никогаш не била официјално демантирана.
Затоа, Челзи е подготвен да бара финансиска отштета „граѓаните“, но и да го отвори прашањето за околностите под кои Италијанецот го напуштил клубот.
Според британските медиуми, Челзи би морал официјално да поднесе жалба до Премиер лигата, која потоа би била должна да спроведе истрага. Се очекува целиот случај дополнително да ескалира во моментот кога Сити официјално ќе го објави назначувањето на Мареска.
Мареска пристигна во Челси во летото 2024 година откако ја освои Чемпионшип лигата со Лестер, а во својата прва сезона ја освои Лигата на конференции на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА.
Сепак, односите со клупските челници брзо се влошија. Челси беше втор на табелата во Премиер лигата на почетокот на декември, но потоа имаше голем пад на формата и само една победа во седум натпревари.
Кулминацијата дојде кога Мареска ги прескокна медиумските обврски по ремито со Борнмут, по што набрзо беше отпуштен.
Оттогаш, Челси смени дури четири тренери, а во моментов е десетти на табелата. Клубот веќе го договори доаѓањето на Чаби Алонсо од следното лето.
Спорт
(Видео) Борнмут го запре Сити, Арсенал е шампион по 22 години
Арсенал е новиот шампион на Англија. Во натпреварот од 37-то коло од Премиер лигата, Манчестер Сити ремизираше 1:1 на гостински терен кај Борнмут и со тоа остана на 78 бода, четири помалку од Арсенал пред последното коло од Премиер лигата.
На тимот на Пеп Гвардиола му беше потребна победа во овој натпревар за да остане во трката за титулата, но четата на Гвардиола не успеа, штп значи дека по 22 години Арсенал повторно е шампион на Англија.
Голот за домаќините го постигна Ели Жуниор Крупи во 39-та минута, додека Ерлинг Халанд постигна гол за 1:1 во петтата минута од судиското продолжение за израмнување и драма на крајот.
Foto/ EPA
Спорт
Аферата „Спајгејт“ го остави Саутемптон без можност да се бори за место во Премиер лигата
Иако на теренот изборија место во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата, фудбалерите на Саутемптон нема да се борат на Вембли за влез во елитата бидејќи беа прогласени за виновни во сега веќе познатата шпионска афера.
Можност да игра во најскапиот меч во светот (победникот добива 200 милиони фунти), добија фудбалерите на Мидлзбро. ќе се сретне со Хал на Вембли утре.
Мидлсбро побара Саутемптон да биде исфрлен од плејофот откако објави дека бил жртва на шпионажа на тренинг, два дена пред првиот полуфинален натпревар. Клубот изјави како го фатиле аналитичарот на Саутемптон додека се криел во грмушките и го снимал нивниот тренинг.
Sky Sports News has obtained a photo that shows a man outside Middlesbrough’s training ground with a camera.
The picture has emerged after a complaint from Middlesbrough that a member of Southampton’s staff spied on one of their training sessions ahead of the play-off tie. pic.twitter.com/o0P0adAuLb
— Sky Sports News (@SkySportsNews) May 13, 2026
Саутемптон беше казнет и со одземање на четири бода на почетокот од следната сезона во Чемпионшип.
Финалето е сè уште закажано да се одржи оваа сабота на стадионот „Вембли“. Саутемптон има право на жалба, а комисијата има намера да одлучи за евентуалните приговори до крајот на утрешниот ден, со цел да се обезбеди непречено одвивање на финалниот натпревар.
