Контакт

Спорт

НБА жестоко ги казни ЛА Клиперси

Објавено пред

НБА им изрече една од најтешките казни во својата историја на Лос Анџелес Клиперс, откако независна истрага откри дека клубот, преку спонзорските договори на Кавај Леонард, ги заобиколил правилата на селери капот.

Клиперс беа казнети со дури 30 милиони долари, а многу поболен удар за иднината на франшизата е губењето на пет последователни избори од првата рунда на драфтот на НБА, од 2029 до 2033 година.

Сопственикот на клубот Стив Балмер беше суспендиран една година од сите активности поврзани со НБА и Клиперс, додека Леонард ќе мора да плати 700.000 долари.

Истрагата ја спроведе адвокатската канцеларија „Wachtell, Lipton, Rosen & Katz“, и беше утврдено дека Клиперс организирале и овозможиле дополнителни извори на приход за Леонард преку компаниите Aspiration Partners, Boingo Wireless, Daktronics и Lockton Insurance.

Според заклучокот на НБА, Клиперс им понудиле на компаниите деловна соработка со клубот со цел да ги охрабрат да склучат спонзорски договори со Леонард за возврат.

Лигата, исто така, откри дека клубот платил одредени приватни трошоци на кошаркарот и неговите менаџери. Клиперс, исто така, не пријавиле нелегални барања за дополнителен приход поднесени од тогашниот бизнис менаџер на Леонард, Денис Робертсон. НБА заклучи дека Леонард е одговорен и за постапките на Робертсон во негово име.

„Сериозноста на казната ја одразува сериозноста на прекршокот“, рече комесарот на НБА, Адам Силвер, кој го опиша однесувањето на ЛА Клиперс како „флагрантно“ и посочи на сериозни пропусти од страна на раководството на клубот.

Казните не завршуваат тука. Претседателката на деловните операции на Клиперс, Џилијан Закер, е суспендирана една година без плата откако беше откриено дека директно учествувала во спорните договори и дала лажни или погрешни информации за време на истрагата.

Претседателот на кошаркарските операции, Лоренс Френк, е суспендиран шест месеци без плата, додека на Робертсон му е забрането да работи со НБА клубовите и нивните поврзани организации во име на играчи или други во следните пет години.

Во следните пет години, Клиперси ќе бидат и под посебна програма за надзор на НБА.

Истрагата се одвиваше речиси една година поради сомневање дека Ленард всушност добивал дополнителна компензација што не била вклучена во ограничувањето на селери преку работа надвор од теренот.

НБА сега заклучи дека токму тоа се случило, а цената нема да ја плати само сегашниот менаџмент, Клиперс останаа без избор во првата рунда на драфтот пет години по ред, од 2029 до 2033 година.

Во изјава веднаш по објавувањето на казната, Кавај Ленард објави и потврди дека ќе се пресели во Торонто Репторс и рече дека ја прифаќа одговорноста за постапките на луѓето од неговата непосредна околина, но тврди дека не знаел дека имало намера да се заобиколат правилата на НБА.

Foto/ Depositphotos



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет3 часа

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД: Сега, пред да биде предоцна

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика да се покрене постапка за забрана на крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД)...

Свет3 часа

(Видео) Три дена се држел за превртен чамец: спасено 15-годишно момче во Беринговото Море

Петнаесетгодишно момче преживеало речиси три дена држејќи се за превртен чамец во Беринговото Море, додека неговиот брат и братучед загинале....

Свет3 часа

Погоден клучен нафтовод во Саудиска Арабија

Проектили вчера погодиле клучен нафтоводен систем во Саудиска Арабија, потврдија двајца американски претставници запознаени со ситуацијата, објави Си-ен-ен. Првичните анализи...

Свет4 часа

Кина со амбициозна цел: 70 отсто од новите автомобили да бидат електрични и хибридни до 2030

Кина постави цел до 2030 година електричните и хибридните возила да сочинуваат 70 отсто од продажбата на нови автомобили, а...

Свет5 часа

Трамп на годишнината од 11 септември: Никогаш нема да заборавиме

Американскиот претседател Доналд Трамп на комеморацијата во Пентагон порача дека САД никогаш нема да ги заборават терористичките напади од 11...

Македонија5 часа

Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

Стојанчо Радичевски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори, соопштија од партијата....

Забава5 часа

Сандра Булок и Џенифер Анистон денес се најдобри пријателки, а некогаш биле во врска со ист маж

Сандра Булок (62) и Џенифер Анистон (57) денес се блиски пријателки, но ги поврзува и интересен детаљ од љубовното минато...

Македонија5 часа

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ, доколку во Собранието има такво...

Забава6 часа

Парите им се лизгаат од раце: четири хороскопски знаци кои обожаваат да трошат

Според астролошките толкувања, четири хороскопски знаци особено тешко му одолеваат на трошењето пари, но секој од нив има различни слабости....