Спорт
„Не споредувајте го Зајон со Леброн“
Тренерот на Њу Орлеанс Пеликанс, Алвин Џентри, апелира новата ѕвезда на „пеликаните“, Зајон Вилијамсон, да не го споредуваат со Леброн Џејмс.
Ниеден прв пик не крена толкава еуфорија во НБА од доаѓањето на Џејмс, како што тоа го стори младиот Вилијамсон. Тој во дебито за својот тим постигна 16 поени со три забивања во победата на Њу Орлеанс над Атланта со 133-109.
„Малкумина се 19-годишници кои се способни да дојдат и веднаш да имаат влијание на НБА-лигата. Еден од нив е во Калифорнија, но никој не е како него. Не би требало да се споредуваат Зајон и Леброн. Сакаме Зајон да биде најдобриот Зајон Вилијамсон што може. Никој друг. Сакаме да биде најдобриот кошаркар користејќи го своето име, без споредби“, изјави тренерот Џентри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Американците со најдобрите ќе настапат на ОИ во Париз
Најдобрите кои во моментов играат во НБА лигата ќе ја претставуваат САД на Олимписките игри во Париз.
Според извори на ЕСПН, селекторот Стив Кер веќе го знае списокот од 11 играчи кои дефинитивно ќе играат во Париз следното лето, а оставил едно празно место.
Она што е сигурно е дека Кер ќе може да смета на следните имиња: Стеф Кари, Тајрис Халибартон, Џру Холидеј, Ентони Едвардс, Девин Букер, Кевин Дурент, Џејсон Тејтум, Ентони Дејвис, Леброн Џејмс, Бам Адебајо и Џоел Ембиид. Остана уште едно празно место.
Не се знае кој ќе биде последниот играч во ростерот, но од приложеното може да се види колку силен ќе биде олимпискиот тим на САД.
Тоа ќе биде прв олимписки турнир за Стеф Кари, додека Кевин Дурант ќе има единствена шанса за уште еден – четврти медал од Игрите. Тој е единствениот, заедно со Кармело Ентони, кој има три златни олимписки медали во својата колекција.
Што се однесува до Леброн Џејмс, тоа ќе му биде четврти олимписки турнир, има бронза од 2004 година и две злата во 2008 и 2012 година.
Инаку, САД ќе бидат во група со Србија, Јужен Судан и победникот од квалификациската група која ќе се игра во Порторико.
Натпреварот меѓу Србија и САД ќе биде мечот со кој ќе се отвори турнирот во Париз.
Спорт
(Видео) „Покер“ на Палмер во мрежата на Евертон – Се скара со соиграчите, па го стигна Халанд
Фудбалерите на Челси го декласираа Евертон со 6:0 во 33.коло, во Премиер лигата на Англија. Натпреварот во секој поглед го обележа Кол Палмер со четири гола. 20-годишникот на листата на најдобри стрелци во Премиер лигата се изедначи со Ерлинг Халанд. Двајцата имаат постигнато по 20 голови.
Првиот, и најубавиот гол на Палмер на натпреварот, го одбележа седмиот последователен домашен натпревар на кој тој постигнува гол. Палмер е првиот играч на Челси во историјата со ваков учинок.
Помеѓу 13. и 29. минута, Палмер го постигна својот втор последователен хет-трик на „Стемфорд Бриџ“.
Палмер малку си ја нагрди брилијантната партија во второто полувреме кога одби да му дозволи на Нони Мадуеке да изведе пенал. Во таа прилика го оттурна Џексон, кој топката му ја даде на Мадуеке тој да го изведе пеналот. На крајот пресуди капитенот Конор Галагер.
Палмер го изведе пеналот, постигна гол и се изедначи со Халанд во листата на стрелците, а реализираниот пенал беше негов деветти без промашување. Тоа е втора најдолга серија во историјата на Премиер лигата, пред него е само Јаја Туре (11).
Челси во наредното коло ќе игра против Арсенал, а Евертон против Нотингем Форест.
Спорт
Орсато ќе го суди натпреварот во Манчестер
Италијанскиот судија Даниеле Орсато ќе ја дели правдата на реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид.
Првата средба меѓу овие две екипи на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ заврши со резултат 3:3.
УЕФА повторно му го додели дуелот на овие два тима на искусниот Италијанец, кој судел многу големи натпревари во кариерата. Еден од најзначајните е оној од 2020 година кога го судеше финалето во Лигата на шампионите.
Интересно е што Орсато беше главен судија во 2022 година, кога ја делеше правдата на дуелот меѓу истите ривали во Мадрид, кога Реал помина во наредната фаза по победата од 3:1.