Спорт
Не му доаѓа умот – Кирјос кршеше рекети, се расправаше и го навредуваше судијата (видео)
Ник Кирјос повторно е во центарот на вниманието поради погрешни работи. Австралискиот тенисер влезе во нова остра пресметка со судијата Фергус Марфи, која кулминираше со навреди и плукање кон судијата, по што повторно го очекуваат казни од АТП.
Кирјос избувна на крајот на вториот сет од мечот на Мастерсот во Синсинати против Русинот Карен Хачанов, по што не успеа да ги смири нервите – скрши два рекети при паузата за тоалет, која судијата не му ја дозволи, а потоа го нарече судијата „ебан глупак“ по 6:7(3)/7:6(4)/6:2 поразот од Хачанов.
Претходно, 24-годишниот Кирјос, кој имаше лошо искуство со Марфи, го нарече „најлошиот судија во тенисот – секогаш кога играм ти правиш глупави срања“. Од друга страна, Хачанов остана смирен и обезбеди пласман во третото коло.
Кирјос најмногу се налути за инсистирањето на судијата да побрза со својот сервис, по што го посочи Рафаел Надал како тенисер кој е познат по бавната подготовка, но никогаш не добива казни.
„Дали Рафа игра толку бргу? Најди ми снимка каде што Рафа игра толку бргу и никогаш нема да ја отворам устата“, го праша тој судијата.
BANG, BANG!! ??
Nick Kyrgios absolutely DESTROYED two racquets and the commentators lost it ? ?
Watch the Cincinnati Masters live on ESPN. pic.twitter.com/q2d2dTeND3
— ESPN Australia & NZ (@ESPNAusNZ) August 15, 2019
“Absolute rubbish…Disgrace.”
Nick Kyrgios is fired up again after a time violation.
Cincinnati Masters live on ESPN. pic.twitter.com/jWLnvasdZQ
— ESPN Australia & NZ (@ESPNAusNZ) August 15, 2019
Kyrgios loses, then shouts: “you’re a fucking tool bro” to Fergus Murphy, and spits at him. Refuses to shake Murphy’s hand.@TennisTV #CincyTennis pic.twitter.com/O27fsxQNkT
— Matthew Willis (@MattRacquet) August 15, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино
Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал.
Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино.
Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ.
Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите во Премиер лигата, премалку со оглед на вложувањата пред стартот на првенството.
Спорт
Судот одлучува за фантомскиот гол на Јамал? Лапорта ќе поднесе тужба против РФЕФ
Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради, како што смета, неправдата на Ел Класико.
Ова значи дека судот треба да пресуди дали топката по ударот на Ламине Јамал ја минала гол-линијата.
Барселона, во неделата, доживеа пораз во Мадрид од Реал (3:2).
Фантомскиот гол на Ламине Јамал се уште е тема на шпанските медиуми, но и ситуација од која не се откажуваат во канцелариите на „Камп Ноу“.
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта фи побара од РЕФЕ снимките од ВАР собата (видео и аудио комуникацијата). п
Федерацијата го одби барањето и соопшти дека нема да направи исклучок за Барселона. Сега Барселона сака да добие дозвола видео-записот да му го предаде судот. Лапорта побара и да се повтори Ел Класико.
Во шпанскиот шампионат нема гол-технологија, а ВАР сметаше дека топката не ја минала линијата со полн волумен.
Спорт
Капитенот реши да си замине од Атлетик Билбао
Икер Муниаин реши да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната.
Легендарниот офанзивец по освојувањето на Купот на кралот сфати дека тоа е најдобриот момент да се збогува со својот сакан клуб, по цели 20 години.
Муниаин е секако дете на клубот, а во академијата на Атлетико пристигна како 11-годишник и ќе замине втор на листата на одиграни натпревари, досега 557, но нема да го престигне недопирливиот Ќоп Ирибара, кој одигра 614.
Но, Муниан реши да си замине во вистински момент, има 31 година, конечно го освои Копа дел Реј, претходно Суперкупот на Шпанија во 2015 и 2021 година.
Нема намера да остане во Шпанија, голема е веројатноста да ја напушти и Европа, иако се уште нема донесено конечна одлука за тоа.
Својата одлука Муниаин веќе им ја соопштил на соиграчите и раководството на клубот, за до крајот на сезоната достојно да се збогуваат од навивачите и од „Сан Мамеш“.
Инаку, Муниан дебитираше за првиот тим уште на 30 јули 2009 година против Јанг Бојс и постигна 75 гола за Атлетик.
Погледнете го неговото емотивно видео кое го најавува неговото заминување од Атлетик Билбао…