Спорт
Неизвесна е иднината на Џо Гомез во Ливерпул
Џо Гомез не е сигурен дали ќе биде во Ливерпул следната сезона, но додава дека „сè е можно“ ова лето.
Играчот со најдолг стаж во Ливерпул се приближува кон последната година од договорот, изјави дека сè е можно ова лето.
Минатото лето, Џовани Леони, кој требаше да биде наследник на Гомез, пристигна во клубот, но Италијанецот доживеа сериозна повреда на своето деби и ќе биде на теренот дури од стартот на следната сезона.
Во јануари, Ливерпул го потпиша и Жереми Жак од Рен и тој на „Енфилд“ ќе пристигне по завршувањето на сезоната.
„Мислам дека сè е можно. Искрено, во овој момент не го знам одговорот. Ми останува само една година од договорот, мислам дека ќе се случи она што треба да се случи.
Благодарен сум за времето што го поминав тука. И секогаш ќе бидам благодарен за фактот што имав 11 години во ваков клуб, на вакво место. Сè што можам да направам е да бидам благодарен и да чекам“, рече Гомез.
Гомез дојде во Ливерпул од Чарлтон во 2015 година за 3,5 милиони фунти. Оттогаш одигра 272 натпревари за „Црвените“ и никогаш не постигна гол.
Во сезоната 2023/24, тој ги одигра сите натпревари, вкупно 51. Откако Арне Слот дојде во клубот, тој беше стартер по шест пати во двете сезони.
Foto/ Depositphotos
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дивок Ориги замина во пензија
Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Дивок Ориги, официјално стави крај на својата кариера.
Ориги припаѓа на оние важни, но не премногу експонирани играчи, кои имаа големо влијание врз тој клуб.
Белгискиот фудбалер со Ливерпул ги освои речиси сите титули: во Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот…
Одигра 175 натпревари за „Црвените“, постигнувајќи 41 гол.
Играше и за тимови како Лил, Волфсбург, Милан и Нотингем Форест, додека за белгиската репрезентација одигра 32 натпревари.
Кога новинарите на „Скај Спортс“ го прашаа пред на кој гол најмногу ќе се сеќава кога ќе ја заврши кариерата, Ориги рече:
„Оној против Евертон на моето деби во 96-та минута, како и двата во полуфиналето на Лигата на шампионите против Барселона.“
Foto/ Depositphotos
Спорт
Тимбер ќе го пропушти Мундијалот
Јуриен Тимбер ќе го пропушти Светското првенство. Дефанзивецот на холандската репрезентација и на Арсенал не успеа соодветно да се опорави од повредата на препоните, па тренерот Роналд Куман одлучи наместо него да го повика Лутшарел Гертруида, дефанзивецот на Сандерленд.
Повредата на Тимбер е тежок удар за Холандија, со оглед на тоа што тој е нивниот втор највреден играч. „Трансфермаркт“, ја проценува вредноста на Тимбер на 70 милиони евра, десет помалку од играчот од средниот ред на Ливерпул, Рајан Гравенберч.
Тимбер не играше повеќе од два месеци, па се врати во финалето на Лигата на шампионите.
Препоните ги повреди кон средината на март и пропушти повеќе од два месеци. Тој се врати на теренот во финалето на Лигата на шампионите, каде што играше од 66-та минута во поразот на Арсенал од Пари Сен Жермен по изведувањето на пенали.
До повредата минатата сезона, Тимбер беше стандарден играч во првиот тим на Арсенал на позицијата десен бек. Тој одигра вкупно 44 натпревари со учинок од четири гола и седум асистенции. Тој беше со Холандија на Светското првенство во 2022 година, но ова е негово второ големо натпреварување по ред кое го пропушта поради повреда. Тој не учествуваше на Европското првенство пред две години бидејќи се опоравуваше од скинати предни вкрстени лигаменти.
Foto/ Depositphotos
Спорт
САД му забранија влез во земјата на најдобриот африкански судија
На судијата Омар Абдулкадир Артан, избран од ФИФА да го суди Светското првенство, му беше одбиен влезот во Соединетите Држави по пристигнувањето. Иако ја доби потребната виза по долг процес, неговото пристигнување во САД, за разлика од другите африкански службеници, не помина без проблеми.
Артан, кој неодамна беше прогласен за најдобар африкански судија за 2025 година, беше запрен на аеродромот и вратен во Турција без јасно објаснување.
Веста брзо одекна на социјалните мрежи, каде што беше потврдено дека причините за одбивањето на влезот не беа наведени.
„На врвниот африкански судија Омар Абдулкадир Артан му беше одбиен влезот во Соединетите Држави по пристигнувањето за Светското првенство во 2026 година. Тој беше вратен во Турција, без очигледна причина“, објавува „The Daily Somalia“ на платформата „X“.
Сомалија е меѓу земјите кои се соочуваат со ограничувања за влез во САД, при што на повеќето сомалиски граѓани им е забрането да добиваат одредени категории визи, со ограничени исклучоци за дипломати и случаи кои се сметаат за важни за националниот интерес на Соединетите Американски Држави.
Ова е уште една луда ситуација пред почетокот на Светското првенство во фудбал.
Познато е дека на многу фудбалери и луѓе од светот на фудбалот кои доаѓаат од политички проблематични земји им е забранет влез во САД, иако треба да учествуваат на Светското првенство, кое започнува на 11 јуни.
