Контакт

Спорт

Нејмар ќе пропушти три натпревари

Објавено пред

Најскапиот фудбалер во светот, Нејмар, ќе ги пропушти наредните три натпревари на ПСЖ. Бразилецот се повреди, во средата, на натпреварот во Истанбул против Башакшехир, во Лигата на шампионите.

Нејмар теренот во истанбул го напушти во 26 минута. Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, открил дека Нејмар има проблем со мускулот.

Како стојат работите, Нејмар ќе ги пропушти натпреварите кои ќе се одиграат до репрезентативната пауза. ПСЖ ќе игра против Нант (31.октомври), Лајоциг (4.номеври) и Рен (7.ноември).

Од почетокот на сезоната, Нејмар, во Лига 1 има одиграно четири натпревари, постигна два гола и забележа три асистенции.

Спорт

Англиска цензура за Јирген Клоп

Објавено пред

Ливерпул, без комплетната одбрана, без капитенот и најдобриот стрелец, синоќа успеа да забележи убедлива победа над Лестер (3:0). „Црвените“, заедно со Тотенхем, се лидери во Премиер лигата.

По натпреварот, Јирген Клоп, имал монолог, кој бил вперен кон телевизиските куќи. Менаџерот на Ливерпул е огорчен од бројот на повредите со кои се соочува неговиот, но и другите клубови. Тој смета дека распоредот е пренатрупан. Виновници, според него, се носителите на телевизиските права. Телевизиите инсистирале да се играат сите натпревари и натпреварувањата на клубовите и репрезентациите.

Клоп во изјавата за „Скај спорт“ директно ги посочил „БТ спорт“. Неговиот монолог не можеле да го видат гледачите во Англија. Неговите зборови допреле до светот благодарение на американската телевизија Ен-би-си.

„Знам дека ТВ-куќите не се грижат за тоа, тоа е проблемот. Доколку не се договорите вие и „БТ спорт“, ние сме готови. Доколку продолжиме да играме в среда и в четврток навечер во европските и репрезентативните натпреварувања, а потоа в сабота и в недела на пладне во Премиер лигата, не сум сигурен дека сезоната ќе ја завршиме со 11 здрави фудбалери. Знам дека се грижите за ова и тоа е проблем“, рекол Клоп.

Тој не ја исклучува можноста, сегашната состојба да остави долгорочни последици по фудбалот.

„Ова не го зборувам само во името на Ливерпул, туку и во името на сите фудбалери. Зборувам во името на играчите што треба да ја претставуваат Англија на Европското првенство. Чинам дека викендов се повреди Сака во Премиер лигата, тој претходно во една недела одигра три натпревари за Англија“.

„Ни зборуваат да ги ротираме играчите. Кои играчи? Само деца ни останаа“, рекол огорчениот Клоп.

На крајот открил што е она што најмногу му пречи.

„Доколку некој уште еднаш ми ги спомне ТВ-правата, тогаш навистина ќе полудам. Треба да се почитуваат потпишаните договори со ТВ-куќите, но тие не се направени, ниту потпишани за корона-сезона. Мораме да се приспособиме на новата ситуација. Зборуваме со маски, животот се смени, не се сменија само договорите со телевизиите. На секој приговор тие одговараат: ‘Тоа е наше, нема да отстапиме’. Молам?“, го завршил монологот Клоп, кој бил цензуриран во најголем дел од планетата.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ливерпул остана и без Наби Кеита

Објавено пред

Нов натпревар и нова повреда во редовите на Ливерпул. Наби Кеита ја прошири листата на повредени на „Енфилд“.

Ливерпул, синоќа, без пола тим славеше над Лестер со 3:0, но во текот на мечот останаа без Кеита. Фудбалерот за чии трансфер црвените пред две години платија 60.000.000 евра, теренот го напушти во 53.минута.

„Почувствува болка во коленото, не можеше да го продолжи натпреварот. Деталните прегледи ќе покажат за каква повреда станува збор“, рекол менаџерот Јирген Клоп, кој гласно го искажал незадоволството од густиот распоред.

Клоп се соочува со големи проблеми, поради повреди долго време ќе отсуствуваат Вирџил Ван Дајк и Џо Гомез, додека Трент Александер-Арнолд и Џордан Хендерсон нема да можат да им помогнат на соиграчите околу еден месец.

Во тимот против Лестер го немаше и Мохамед Салах. Египетскиот репрезентативец е позитивен на коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Манчестер сити нудат 105.000.000 евра за Лукаку

Објавено пред

Пеп Гвардиола сака да го има во Манчестер сити напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку. Гвардиола смета дека Белгиецот може да ги реши проблемите со ефикасноста во нападот. Англичаните тврдат дека Сити, во јануарскиот преоден рок, ќе испратат понуда до Интер.

Манчестер сити, од почетокот на сезоната во Премиер лигата, на осум натпревари постигнале само десет гола. Гвардиола смета дека му е потребен нов напаѓач, кој ќе биде наследникот на Кун Агуеро. Аргентинецот има 33 години, а во последните две сезони често има проблеми со повредите.

Според медиумите во Англија Манчестер сити за Лукаку ќе понудат 105.000.000 евра.

Лукаку е најдобриот играч на Интер, минатата сезона тој постигна 34 гола.

Инаку, Лукаку од Манчестер, но од неговиот црвен дел, се пресели во Милано.

Белгиецот во периодот 2017-2019, за Манчестер јунајтед одиграл 66 натпревари, постигнал само 28 гола.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Статистика: Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Македонија2 часа

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Македонија3 часа

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа3 часа

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион4 часа

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа4 часа

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија5 часа

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Свет6 часа

Оксфордската вакцина против коронавирусот е 70 проценти ефикасна

Тестовите покажаа дека вакцината за коронавирус развиена од Универзитетот во Оксфорд е 70 проценти ефикасна во спречување на заразата, пренесува...

Свет6 часа

(Видео) Напад во црква во Калифорнија, најмалку двајца убиени

Две лица се убиени, а неколкумина тешко повредени во црква во калифорнискиот град Сан Хозе кога непознат маж ги нападна...

Свет6 часа

УНИЦЕФ на сиромашните земји ќе им испрати две милијарди дози вакцини

Земјите во развој ќе добијат речиси две милијарди дози вакцина против Ковид-19 в година, објави Агенцијата за деца на ООН....

Свет17 часа

Британија ќе ја прекине блокадата, намален бројот на нови инфекции

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да ја прекине блокадата низ Англија, која е предвидено да трае до 2 декември и...

Македонија18 часа

Во Македонија се регистрирани нови 1.112 заболени и 24 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на...

Македонија18 часа

Старата „Систина“ ќе биде ковид-центар, лекувањето на трошок на државата

Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва по состанокот со сопствениците на приватните болници на „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“, истакна...

Свет18 часа

Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември

Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември, изјави шефот на американската програма за вакцина против коронавирус,...

Свет19 часа

Протести во Германија против ограничувањата поради коронавирусот

Во Германија денеска се одржа протест против ограничувањата поради коронавирусот. Протестот, на кој имаше нереди, беше прикажуван во живо на...

Регион21 час

За 24 часа во Србија починале 31 човек, рекорден број пациенти на респиратор

Во последните 24 часа во Србија починале 31 човек, а регистрирани се нови 4.995 случаи на коронавирус. Од последниот пресек...

Македонија22 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 824 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 824 пациенти позитивни...

Македонија24 часа

Полицијата упадна на семејна веселба со 70 гости во Гостивар

Седумдесет гости се собрале синоќа во угостителски објект на семејна веселба во селото Здуње, Гостиварско и покрај забраните за групирање...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ му подари бел мантил на Филипче и лампиони на Шилегов

ВМРО-ДПМНЕ му подари бел мантил на министерот за здравство, Венко Филипче, и лампиони за градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов,...

Македонија1 ден

Пендаровски: Негацијата на јазикот и културата е ништење на националната припадност

Јазикот и културата се фундаменти на секој народ и нивната негација значи обид за ништење на националната припадност, вели претседателот...

Досие