Спорт
Нејмар од пенал го урна бункерот на Јапонија

Бразил триумфално ја заврши азиската турнеја – по победата против Јужна Кореја (5:1), петкратниот светски шампион со минимален резултат ја совлада Јапонија.
Натпреварот на Олимпискиот стадион во Токио го реши Нејмар, со гол од пенал во 77. минута од натпреварот. На тој начин фудбалерот на ПСЖ се израмни со уште една бразилска фудбалска легенда Роналдо по бројот на голови во кариерата – двајцата постигнаа по 415 гола.
Бразилците беа опасни од почетокот на мечот, Пакета ја погоди стативата во втората минута.
Во средината на првото полувреме одлична шанса имаше и Рафиња, но неговиот удар го запре голманот на Јапонија Гонда.
Пред да замине на одмор шанса од слободен удар имаше и Нејмар, а во продолжение Бразил тргна во офанзива кон противничкиот гол.
Шансите се редеа, но Јапнците секогаш беа на топката, во клучните моменти ги блокираа обидите на Бразилците.
Бразил ја забележа петтата последователна победа, четврта без примен гол и ја продолжи серијата без пораз на 13 натпревари.
Следниот натпревар Бразил ќе го игра на крајот на септември против најголемиот ривал на Аргентина. Станува збор за дуелот од квалификациите за СП 2022, кој не се одигра. ФИФА им наложи на двете репрезентации дека мора да го одиграат натпреварот.
Бразил на Светското првенство ќе игра во групата Г со Србија (24. ноември), Швајцарија (28. ноември) и Камерун (2. декември).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Откажан мечот од ЛШ – Одбија да излезат на терен поради статуа

Натпреварот од Лигата на шампионите во Азија помеѓу Сепахан и Ал Итихад е откажан.
The football match between #Iran’s Sepahan team and #SaudiArabia’s Al-Ittihad team was scheduled to commence about half an hour ago. However, the Saudi team, despite being in the stadium, did not appear on the pitch and is now leaving the stadium. pic.twitter.com/k1sjdNW6aO
— Iran Nuances (@IranNuances) October 2, 2023
Гостите од Саудиска Арабија не сакаа да влезат на терен додека не биде отстранета статуата на иранскиот генерал Касем Сулејмани.
Генералот Сулејмани, кој важеше за втор најмоќен човек во Иран, беше убиен пред три години во напад на американско беспилотно летало.
Саудиска Арабија го смета за терорист, па ваквата реакција на фудбалерите на Ал Итихад не треба да изненадува.
Инаку, навивачите на Сепахан создадоа одлична атмосфера пред натпреварот кој требаше да започне во 18 часот.
Се работи за натпревар од второто коло од групата Ц.
Sepahan fans are throwing items at Qassem Soleimani’s statue pic.twitter.com/ifGRsma9um
— Erfan / عرفان (@Eri1806) October 2, 2023
Sepahan fans are throwing items at Qassem Soleimani’s statue pic.twitter.com/ifGRsma9um
— Erfan / عرفان (@Eri1806) October 2, 2023
Спорт
„Сексот е подобар од постигнување голови. Секој што мисли поинаку има проблем во креветот“

Златан Ибрахимовиќ го даде своето прво големо интервју откако реши да се пензионира на почетокот на јуни годинава. Легендарниот Швеѓанец реши да стави крај на фудбалската кариера на 41 година, а зборуваше за се што постигна во интервјуто кое го направи Пирс Морган.
Целото интервју ќе биде објавено во наредните денови, а засега на „Твитер“ се достапни само некои детали од разговорот на шведскиот фудбалер и познатиот новинар, познат како голем пријател на Кристијано Роналдо.
Еден дел особено ја воодушеви публиката која веќе на големо го споделува објавениот клип на социјалните мрежи.
Имено, Морган го праша Ибрахимовиќ дали е од оние фудбалери кои велат дека постигнувањето голови е подобро од сексот, а Швеѓанецот одговори во свој стил. „Сексот е подобар. Секој што мисли поинаку има проблем во креветот“.
Coming up this Thursday, don't miss Piers Morgan's VERY uncensored interview with Swedish football legend Zlatan Ibrahimovic…@Ibra_official | @piersmorgan | @TalkTV | #PMU pic.twitter.com/YIyIt2cQ2N
— Piers Morgan Uncensored (@PiersUncensored) October 2, 2023
Спорт
Гвардиола: Ја мразам „тики-така“

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека ја мрази популарната „тики-така“.
Многумина веруваат дека системот „тика-така“е филозофија и идеја на Јохан Кројф, која Пеп Гвардиола започна да ја имплементира две децении подоцна, кога ја презеде Барселона.
До денес „тика-така“ е синоним за системот на Гвардиола, но тој не се согласува и вели дека го мрази тој стил на игра.
„Мразам „тика-така“. Значењето на „тика-така“ е да ја додаваш топката без да имаше цел. Бесмислено е. Не верувајте кога ќе ви кажат дека Барса играла „тики-така“. Тајната е дека ние ја преоптовариме едната страна од теренот, да го извлечеме ривалот, за другата да биде поотворена и послаба за нашиот напад“, изјави Пеп Гвардиола.