Спорт
Нејмар реши за кој клуб каде ќе игра во 2026 година
Бразилскиот фудбалер Нејмар одлучи да остане во Сантос и наскоро ќе го продолжи договорот до крајот на 2026 година, објавија медиумите во Бразил.
На овој начин, Нејмар стави крај на шпекулациите дека ќе се пресели во Саудиска Арабија.
Нејмар, одлучи да игра на сигурно, постојано да биде пред очите на селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и да му докаже дека заслужува место во репрезентацијата на претстојното Светско првенство играјќи во дресот на Сантос.
Во јануари 2025 година, Нејмар повторно стана член на Сантос, за кој минатата година одигра 28 натпревари и запиша 11 гола и четири асистенции.
Долго време беше повреден, но на крајот од сезоната значително му помогна на Сантос да избори опстанок во најсилниот ранг на бразилскиот фудбал.
Претходно објави дека сака да игра на овогодинешното Светско првенство во САД, Канада и Мексико.
Нејмар дојде во Сантос од Ал Хилал, а претходно играше за Пари Сен Жермен и Барселона.
Foto/ depositphotos
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вардар против КУПС во Лигата на шампионите
Македонскиот шампион Вардар го доби противникот во првото коло во Лигата на шампионите. Црвено-црните пласман во втората рунда ќе бркаат преку финскиот првак КУПС.
Во таборот на македонскиот првак можат да бидат задоволни од ждрепката, прблем може да биде само формата, бидејќи во Финска сезоната е во пол ек.
Првите натпревари од првото коло од квалификациите ќе се играат на 7 и 8 јули, додека реваншите се закажани за 14 и 15 јули. Точните датуми ќе бидат одредени подоцна од УЕФА.
Парови од првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите:
Сабах (Азербејџан) – Њу Сеинтс (Велс)
Флора (Естонија) – Иберија (Грузија)
Линколн (Гибралтар) – Интер Ескаладес (Андора)
Флоријана (Малта) – Шамрок Роверс (Република Ирска)
Тре Фјори (Сан Марино) – Ларне (Северна Ирска)
Арарат-Ерменија (Ерменија) – Рига (Латвија)
Вардар (Северна Македонија) – КуПС (Финска)
Кауно Жалгирис (Литванија) – Дрита (т.н. Косово)
Витебск (Белорусија) – Универзитет во Крајова (Романија)
Петрокуб (Молдавија) - Егнација (Албанија)
Борац (БиХ) – Левски (Бугарија)
Викингур (Исланд) – Ѓер (Унгарија)
Каират (Казахстан) – Сутјеска (Црна Гора)
Клаксвик (Фарски Острови) – Атерт Бисен (Луксембург)
Победниците од двата натпревари ќе се квалификуваат во втората рунда од квалификациите за елитното европско натпреварување, додека поразените ќе ја продолжат европската сезона во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
Foto/ ffm.mk
Спорт
Ливременто во аут, Тухел го повика Чалоба
Англија сè уште не го започнала Светското првенство, а селекторот Томас Тухел доби лош вести. Ден пред првиот меч со Хрватска, пристигна информацијата за повредата на Тино Ливраменто.
Повредата е сериозна, што значи дека Мундијалот е завршен за фудбалерот на Њукасл. Англиските медиуми тврдат дека станува збор за повредса на тетивата.
Томас Тухел веднаш во националниот тим го повикал Тревоа Чалоба.
Англичаните ќе го играат својот прв натпревар на Светското првенство против Хрватска во среда во 22 часот.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Сестрите Вилијамс ќе играат на Вимблдон
Серена и Венус Вилијамс добија специјална покана од организаторите на Вимблдон да настапат на овогодинешниот турнир во двојки.
Серена Вилијамс, која има 44 години, неодамна се врати на натпреварувањата по речиси четиригодишна пауза, додека нејзината постара сестра Венус сè уште повремено се натпреварува на професионално ниво. Венус полни 46 години во среда.
Сестрите Вилијамс заедно освоија 14 Гренд слем титули во двојки, вклучувајќи шест трофеи на Вимблдон.
Тие го освоија Лондонскиот Гренд слем за прв пат во 2000 година, додека последната титула на трева ја освоија во 2016 година.
Back together, at Wimbledon 💚💜
Serena and Venus Williams will compete in the Ladies’ Doubles at The Championships 2026 pic.twitter.com/xrOV0yeBCJ
— Wimbledon (@Wimbledon) June 16, 2026
Минатата недела на турнирот „Квинс“ во Лондон, Серена победи во двојки заедно со Викторија Мбоко, што беше нејзин прв официјален натпревар по долго отсуство од теренот.
Последниот пат кога Серена и Венус играа заедно во двојки беше на Отвореното првенство на САД во 2022 година, кога беа поразени во првото коло.
Тоа беше нивниот прв заеднички настап по пауза од четири и пол години.
На турнирот во Квинс, Серена и Викторија Мбоко го поминаа првото коло, но подоцна мораа да се откажат поради повреда на коленото на младата Канаѓанка.
Foto/ Depositphotos
