Спорт
Нема милост за поранешниот тим: Дејвис го реши Њу Орлеанс (видео)
Богата програма со дури 13 натпревари понуди ноќта помеѓу средата и четвртокот во НБА-лигата. Фаворитите забележаа победи, а индивидуално се истакнаа Ентони Дејвис, Џоел Ембид и Јонас Валанчунас.
ЛА Лејкерс гостуваше кај Њу Орлеанс и славеше 114:110. Ова беше првиот меч на Ентони Дејвис против својот поранешен тим. Веѓата постигна 41 поен и стана првиот играч во историјата на НБА што постигнал најмалку 40 поени во својот прв натпревар против поранешниот тим.
Дејвис ја имаше клучната блокада на четири секунди до крајот кога спречи Њу Орлеанс да израмни.
Леброн Џејмс мечот го заврши со 29 поени. Џејмс стигна до бројката од 33.008 поени и на вечната листа се наоѓа на четвртото место.
Пред Џејмс се Карим Абдул-Џабар (38.387), Карл Мелоун (36.928) и Коби Брајант (33:643).
Џоел Енбид на претходниот меч против Торонто не постигна ниту еден поен, но затоа блескаше против Сакраменто. Камерунецот со 33 поени и 16 скока ја предводеше Филаделфија до победата 97:91.
Драматичен меч одиграа Мемфис и ЛА Клиперс 129:131. Победникот го реши Монтрезл Херел, кој поентира на две секунди до крајот. Херел постигна 24 поени, исто колку и Лу Вилијамс. Поен помалку за Клиперс реализира Пол Џорџ.
Кај Мемфис, Литванецот Валанчунас забележа 30 поени и 16 скока.
Резултати:
Бостон-Бруклин 121:110
Шарлот-Детроит 102:101
Кливленд-Орландо 104:116
Филалдефија-Сакраменто 97:91
Торонто-Њујорк 126:98
Хјустон-Мајами 117:108
Мемфис-ЛА Клиперс 129:131
Милвоки-Атланта 111:102
Сан Антонио-Минесота 101:113
Финикс-Вашингтон 132:140
Њу Орлеанс-ЛА Лејкерс 110:114
Портланд-Оклахома 136:119
Голден стејт-Чикаго 104:90
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баерн извиси, Нагелсман ќе остане селектор на Германија
Јулијан Нагелсман нема да се врати во Баерн Минхен. Младиот тренер, потпиша нов договор со Фудбалскиот сојуз на Германија. Ќе остане селектор до Светското првенство во 2026 година.
Пропадна планот на Баерн Минхен дека Наглесман ќе се врати во клубот. Очигледно, Наглесман не го заборави начинот на кој беше избркан од клубот пред една година, од тогашните функционери Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан.
Наследницуте на Салихамиџиќ и Кан, Макс Еберл и Кристоф Фројнд, стапиле во контакт во тренерот и неговиот менаџер. Се извиниле за она што го направија нивните претходници, а по првиот состанок биле убедени дека Наглесман ќе се врати во Минхен. Сепак ги прецениле своите можности и ноќта на Фудбалскиот сојуз на Германија.
Клучен потег на челниците на Сојузот беше продолжувањето на договорот со директорот на репрезентацијата Руди Фелер. Ова беше знак за Нагелсман дека позитивната атмосфера нема да се промени. Фелер е големо име и она што е најважно не е човек на Баерн. Тој има одлични односи со Нагелсман и бил еден од клучните луѓе во преговорите околу новиот договор. Нагелсман на крајот се согласи да потпише двегодишен договор.
„Ова е одлука донесена од срце. Голема чест е да се биде тренер на репрезентацијата и најдобрите германски фудбалери. Со успешни и страсни изданија, имаме шанса да ја инспирираме целата нација. Победите против Франција и Холандија во март ни покажаа дека сме на вистинскиот пат. Бевме трогнати од ентузијазмот на навивачите за понатамошни предизвици како што е Светското првенство во 2026 година“, рече Нагелсман по потпишувањето на новиот договор.
Спорт
Дали Премиер лигата е најсилна во светот на фудбалот?
Сезоната 2023/2024 во европските купови стана вистински кошмар за клубовите од најсилната лига во светот, англиската Премиер лига.
Во завршницата, Премиер лигата има само еден тим. Честа на англиското фудбал ја брани Астон Вила и тоа во третото според ранг европско натпреварување, Конференциската лига.
Англија нема претставник во Лигата на шампионите, откако Манчестер сити и Арсенал беа елиминирани во средата, во четвртфиналето, а претходно Манчестер јунајтед и Њукасл испаднаа во фазата по групи.
Во елитното натпреварување Премиер лигата доживеа вистински дебакл, бидејќи англиските тимови освоија три титули во последните пет сезони.
Синоќа, во четвртфиналето сезоната во Лига Евопа ја завршија Ливерпул и Вест Хем. Во
За прв пат по девет години ниту, Англија нема полуфиналист во двете најсилни европски натпреварувања.
Честа на англискиот фудбал остана да ја брани Астон Вила. Клубот од Бирмингем во полуфиналето ќе игра против Олимпијакос.
Спорт
Дождот направи хаос, Норис пред Хамилтон и Алонсо на пол-позицијата за спринт-трката во Шангај
Ландо Норис најдобро се снајде во хаотичните услови во квалификациите за првата спринт трката оваа сезона во Формула 1, Големата награда на Кина.
Дождот им создаде големи проблеми на возачите, а во такви услови најдобар беше пилотот на Мекларен. Норис забележа време 1:57.940 минути, кое беше за 1,2 секунди подобро времето на Луис Хамилтон (Мерцедес) и 1,9 секунди побрзо од времето на Фернандо Алонсо (Астон Мартин).
Искуството на Хамилтон и Алонсо пресуди во борбата со пилотите на Ред Бул и Ферари кои возат подобри болиди.
Актуелниот светски првак, Макс Ферстапен спринтот в Шангај ќе го започне од четвртото место, зад него се Карлос Саинц (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул), Шарл Леклер (Ферари), Оскар Пјастри (Мекларен), Валтери Ботаси и Жу од Заубер.
Спринт трката во пресрет на Големата награда на Кина, утре се вози во 5 часот по македонско време. Квалификациите за главната трка ќе се одржат четири часа подоцна. Големата награда на Кина започнува во недела во 9 часот.