Спорт
Нема откажување на Африканскиот куп на нацитеи и покрај трагедијата во Јаунде
Шефот на Конфедерацијата за африкански фудбал (ЦАФ), Патрис Мотсепе, потврди дека нема да има откажување на Африканскиот куп на нациите и покрај понеделничкото стампедо пред „Стад Долембе“ во камерунската престолнина Јаунде, во која загинаа 8 луѓе, а 7 се во критична состојба.
Пред мечот помеѓу Камерун и Коморите се урна една бариера и навивачите беа прегазени од луѓе што се обидуваа да влезат на стадионот.
„Беше отворена темата за откажување на мечевите, но заклучокот беше да се оддаде потребната почит, но како што кажаа и некои од повредените, едвај чекаат да излезат од болница и да одат на стадион. Ја видов страста на сите Камерунци и нивната љубов кон фудбалот, кој ги зближува луѓето“, вели Мотсепе.
Тој ја спореди ситуацијата со неговата татковина Јужна Африка, која беше расно обединета пред победата на Светскиот куп во рагби во 1995 година.
„Доаѓам од земја разделена според расата, каде што црните луѓе не смееја да играат фудбал со белите, така што сите ја знаеме моќта на фудбалот. Бев на стадионот со сопругата кога Нелсон Мандела го носеше дресот на капитенот на рагби-тимот, кој беше белец. Фудбалот треба да ги зближи луѓето од сите потекла на нашиот континент“, додава Мотсепе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лејкерси имаат нов тренер – Леброн му посака добредојде

Лос Анџелес Лејкерс го назначија Дарвин Хем за шеф на стручниот штаб. Пред еден месец Лејкерси му врачија отказ на Френк Фогел, Тренерот кој во 2020 стана шампион со „езерџиите“, во тековната сезона не успеа со тимот да избори место во плејофот.
Хем има 48 години и досега беше дел од стручниот штаб на Милвоки Бакс со кој лани го освои шампионскиот трофеј.
Ова ќе биде негово враќање во Лос Анџелес, бидејќи од 2011 до 2013 година беше асистент во Лејкерс, а работеше и во Атланта Хокс.
„Исклучително сум возбуден! Честитки и добредојде за тренерот Дарвин Хем!“, напиша на социјалните мрежи, најдобриот играч на Лејкерси, Леброн Џејмс.
Хем играше кошарка од 1996 до 2008 година. Еден е од оние играчи кои не биле избрани на драфтот. Кариерата во НБА ја започна во Денвер, потоа играше во Индијана, Вашингтон, Милвоки, Атланта и Детроит.
Спорт
Десетмина го напуштаат Вест Хем

Фудбалскиот клуб Вест Хем денеска соопшти дека клубот ќе го напуштат десет играчи, меѓу кои и Андриј Јармоленко.
Веќе е познато дека кариерата ќе ја заврши капитенот Марк Нобл, а освен Јармоленко клубот ќе го напуштат и голманот Дејвид Мартин и десниот бек Рајан Фредерикс.
Од клубот изјавија дека шест играчи од од клупската академија добиле дозвола да го напушта клубот.
Нобл играше за Вест Хем 18 години и е рекордер на клубот по бројот на натпревари во Премиер лигата, 414.
Во 2018 година, Јармоленко се пресели во Вест Хем од Борусија Дортмунд. За англискиот клуб одигра 86 натпревари и постигна 13 гола, но никогаш не успеа да се избори за позицијата стандарден првотимец.
Спорт
Батлер броеше до 47 – Мајами и Бостон ќе играат мајсторка

Кошаркарите на Мајами Хит го совладаа Бостон Селтикс со 111:103 во шестиот натпревар од финалето на Источната конференција. Мајами со оваа победа избегна елиминација и пред своите навивачи го обезбеди седмиот натпревар каде ќе се обиде да се пласира во финалето на НБА.
Натпреварот го одбележа маестралниот Џими Батлер. Најдобриот играч на Мајами Хит постигна 47 поени, што е негов рекорд во кариерата кога е во прашање плеј-офот.
Покрај тие 47 поени, Батлер одлично ги пополни и другите статистички колони – имаше девет скока, осум асистенции и четири украдени топки, со одличен шут од игра, 16/29.
Конечно, еден натпревар од оваа серија беше неизвесен до самиот крај, вистинскиот интензитет на плејофот беше присутен од почетокот до крајот, иако на крајот од третиот период се чинеше дека Мајами ќе успее да стекне убедлива и недостижна предност.
Бостон поведе во последната четвртина, но Мајами го врати водството и го заврши натпреварот во своја полза.
Уште еднаш треба да се истакне феноменалниот Батлер кој во четвртата четвртина постигна 17 поени.
Покрај Батлер се истакна Кајл Лари со 18 поени и десет асистенции, како и Макс Струс кој мечот го заврши со 13 поени.
На другата страна најдобар беше Џејсон Тејтум со 30 поени, девет скока и четири асистенции.
Џејлен Браун постигна 20 поени, но направи и прекршок во нападот, кој можеби го реши прашањето за победникот на овој меч.
Дерик Вајт постигна 22 поени, а Маркус Смарт 14.
Седум натпревари се играат во Мајами, в недела во 2:30 часот по средно-европско време.
Победникот од оваа серија во големото финале за титулата ќе се бори против Голден стејт Вориорс.