Спорт
Нема зима за Лев – останува германски селектор

Јоаким Лев не треба да се плаши за својата работа кога Германската фудбалска федерација (ДФБ) потврди дека тој останува германски селектор барем до Европското првенство в година.
Лев веќе 14 години е на чело на „маншафт“ наследувајќи го Јирген Клинсман по СП во 2006 година, носејќи ги до финалето на Евро 2020 (каде што загубија од Шпанија), пред во 2010 да биде трет на СП, во 2012 да стигне до полуфиналето на ЕП пред најголемиот успех – титулата од Светското првенство во 2014 (со победа над Аргентина).
Но, оттогаш следуваше падот. Во 2016 тие стигнаа до ново полуфинале на ЕП пред во 2018 на СП во Русија да загубат во групната фаза по што тој ги исфрли од тимот искусните Томас Милер, Џером Боатенг и Матс Хумелс. Овој месец, пак, дојде неверојатниот 6:0 пораз од Шпанија по што ДФБ потврди дека ќе има ревизија на неговото работење на денешниот состанок на бордот, но одлуката е тој да остане.
„Президиумот на ДФБ во понеделникот преку телефонска конференција се согласи тренерот Јоаким Лев да продолжи со својата работа по советите на Оливер Бирхоф, директорот на националниот тим. Важно е да се зборува за поразот од Шпанија отворено, конструктивно и интензивно. Првата цел е остварена, пласманот на Евро 2021, останувањето во Лига А од Лигата на нациите и заддржувањето на носителското место во квалификациите за СП и затоа довербата останува“, се објаснува во одлуката на ДФБ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Алпине Ф1 го покажаа новиот болид за старт на нова ера

Алпине Ф1, ребрендираниот тим кој до минатата сезона беше познат како Рено Ф1, го претстави својот болид А521 на онлајн презентација во вторникот попладне.
Според очекувањата, болидот има целосно различен изглед од минатогодишниот, по ребрендирањето, со основна сина боја и со црвени, црни и бели делови. Алпине Ф1 во 2021 ќе вози со повратникот во Ф1, двократниот шампион Фернандо Алонсо, кој своите титули ги освои со тимот од Енстоун, и со Французинот Естебан Окон.
Алонсо се враќа во Ф1 по две години пауза и беше потврдено дека ќе учествува на тестирањето пред сезоната во Бахреин и покрај тоа што минатиот месец доби фрактура на вилицата откако беше удрен од автомобил додека возел велосипед.
Алпине исто така објавија дека Русинот Данил Квјат, кој минатата сезона возеше во Алфа Таури, ќе биде нивниот резервен возач.
#A521Launch? Over & Out. 🖐🎤
(For today…!) pic.twitter.com/NhnRs6qm7a
— Alpine F1 Team (@AlpineF1Team) March 2, 2021
As Luca De Meo, CEO @Groupe_Renault, says: “Allez les bleus!” #A521Launch pic.twitter.com/wmrW9TnkqJ
— Alpine F1 Team (@AlpineF1Team) March 2, 2021
Спорт
Златан му одговори на Леброн: Спортистите обединуваат, политиката разединува

Златан Ибрахимовиќ го повтори своето мислење дека спортистите треба да се држат подалеку од политиката и покрај тоа што Леброн Џејмс се најде навреден од ваквото мислење ветувајќи дека секогаш ќе зборува за „својата заедница“. Златан прати кратка порака од фестивалот во Санремо, каде што е посебен гостин: „Спортистите го обединуваат светот, политиката го разединува“.
Ибрахимовиќ првично изјави дека му се допаѓа Леброн како спортист, но дека политиката треба да ја остави надвор од теренот. Џејмс му одговори дека тој е „погрешен човек“ за да се чепка, посочувајќи дека Златан е дволичен бидејќи во 2018 година зборуваше за расизмот во Шведска. Ибрахимовиќ смета дека тој погрешно го разбрал.
„Расизмот и политиката се две различни работи. Ние спортистите го обединуваме светот, политиката го разделува. Секој е добредојден, нема врска од каде си, тука си да обединиш. не правиме други работи бидејќи не сме добри во нив, бидејќи во спротивност ќе треба да бидете политичари. Тоа е мојата порака – спортистите треба да се спортисти, политичарите треба да се политичари“, вели Ибрахимовиќ.
Златан: Ил Феномено е најдобриот, кај Леброн не ми се допаѓа политиката
Спорт
Евролигашот Химки се распаѓа – четврти играч си оди за само шест недели

Прикован за дното на кошаркарската Евролига, тимот на Химки продолжува да се распаѓа.
Кога на почетокот на сезоната Алексеј Швед потпиша нов договор до летото 2023 година, делуваше дека рускиот тим има високи амбиции, но разочарувачките резултати и статусот – најслаб тим во Евролигата доведоа до егзодус на некои од битните играчи во екипата.
Бродот кој почна да тоне прв го напушти тренерот Римас Куртинаитис и тоа принудно, затоа што доби отказ.
Последниот кој замина од Химки е Даирис Бертанс. Договорот со него е раскинат неколку месеци пред официјалното истекување. Сезонава тој одигра 20 меча за клубот во Евролигата со просек од 5,3 поени и 1,2 скока на меч за просечни 17 минути на паркетот.
Бертанс е четвртиот играч во последниот месец дена кој раскина со Химки. Претходно си отидоа Јонас Јеребко, Грег Монро и Стефан Јовиќ.
Информациите се дека на излезна врата е и Американецот Дејвин Букер.
Останува отворено прашањето со кои играчи тимот ќе ка комплетира сезоната затоа што извесно е дека нема да има нови вложувања.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер