Контакт

Спорт

Ненад Димитријевиќ и следната сезона во Валенсија

Објавено пред

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ и следната сезона ќе го носи дресот на Валенсија. Иако имаше гласини дека тој не е во плановите на новиот тренер Алекс Мумбру, сепак шпанскиот тим потврди дека Димитријевиќ останува во Валенсија.

dobivaj vesti na viber

Македонскиот репрезентативец дојде во Валенсија минатата сезона од Хувентуд.

Тој се мачеше и со повреди и немаше голема минутажа, но следната сезона ќе има нова шанса за докажување.

Спорт

Касемиро прави трансфер во Манчестер Јунајтед, но ќе стигне ли да игра против Ливерпул?

Објавено пред

Бразилскиот интернационалец Касемиро е пред трансфер во Манчестер Јунајтед, откако европскиот првак Реал Мадрид го одобри неговото заминување на „Олд Трафорд“ за сума од 60 милиони евра, плус дополнителни 10 милиони во бонуси. И покрај инсистирањето на Карло Анчелоти искусниот играч од средниот ред да остане меѓу „кралевите“, сепак, јасно е дека клубот веќе доведе замена во Орелиен Чуамени, а со овој трансфер ќе ги покрие неговите трошоци.

dobivaj vesti na viber

Касемиро ќе добие четирогодишен договор и фантастични 18 милиони евра по сезона, речиси двојно поголема плата од сегашната во Реал Мадрид.

Вистинската трка Бразилецот и Манчестер Јунајтед ќе ја имаат со времето. Раководството и менаџерот Ерик тен Хаг сакаат тој да игра на дербито против Ливерпул в понеделник, со оглед дека е во натпреварувачки ритам. Н, за тоа ќе треба трансферот да се реализира експресно, а Касемиро се уште ги нема минато ниту медицинските прегледи.

Прикажи повеќе...

Спорт

Шкупи направи чекор назад, но преку Приштина може во групите од Конференциската лига (Фотогалерија)

Објавено пред

Македонскиот првак Шкупи загуби од косовскиот тим Балкани со 1:2 на арената „Тодор Проески“ во првиот дуел од плејофот за пласман во групите од Конференциската лига на УЕФА. Тимот на Гоце Седлоски направи чекор назад на патот кон најголемиот клупски успех. Сепак, ќе има уште една шанса за поправен испит, на реваншот во Приштина следниот четврток.

dobivaj vesti na viber

Шкупи беше подобар ривал, создаде повеќе шанси, но Балкани знаеше како да ги искористи слабостите на ривалот. Тоа е лекција која Шкупи ќе мора веднаш да ја совлада и да ја примени на реваншот, доколку сака да остане во Европа уште долго оваа сезона.

Фото: Игор Паневски

Прикажи повеќе...

Спорт

Целје го победи Вардар и ќе игра финале на турнирот во Струга

Објавено пред

Словенечкиот Целје е првиот финалист на традиционалниот ракометен турнир „Струга 2022“, откако вечерва го победи Вардар со 36:28. Со овој триумф, Словенците го освоија првото место во групата Б.

dobivaj vesti na viber

По првиот дел резултатот беше 17:17, но Целје беше далеку подобар во второто полувреме. Клучна беше серијата од 10:4, со која Целје создаде предност, а потоа знаеше да ја задржи.

Филип Талески беше најефикасен со девет гола кај Вардар, кој ќе се бори за третата позиција во конечниот пласман.

На Еурофарм Пелистер му треба да остане непоразен од АЕК во утрешниот меч (21.15 ч.) за да го потврди првото место во групшата и да игра во финалето против Целје.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

Шефот на британската разузнавачка служба: Путин ја губи информациската војна во Украина

Русија не успеа да добие предност пред Украина во сајбер просторот речиси шест месеци по инвазијата на таа земја, изјави...

Свет25 минути

(Видео) Најмалку 2 лица загинаа по судир на авиони при слетување на аеродром во Калифорнија

Два мали авиони се судрија во Северна Калифорнија додека се обидуваа да слетаат на локалниот аеродром, при што загинаа најмалку...

Македонија38 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Пари за луксуз власта има, а за Охридски маратон нема, ВМРО-ДПМНЕ и Пецаков ќе го организираат маратонот

Се што фатија СДСМ се уништија. Секоја традиција поврзана со државата и историјата на државата, па макар било и спортска...

Свет46 минути

САД подготвуваат нова воена помош за Киев од 800 милиони долари

Американската администрација на претседателот Џозеф Бајден подготвува околу 800 милиони долари дополнителна воена помош за Украина и би можела да...

Европа55 минути

Авион принудно слетал во Загреб поради патник кој викал и сакал да ја отвори вратата

Вистинска драма поминаа патниците на британската ТУИ на летот од Пафос за Манчестер, кои требаше да летаат за Манчестер во...

Европа1 час

(Видео) Големото невреме кое ја зафати Европа однесе најмалку 13 животи

Најмалку тринаесет лица загинаа во четвртокот во силните бури во Европа, а единствената позитивна работа е што помогнаа во гаснењето...

Регион12 часа

Вучиќ: Зад нас е тежок ден, се надевам дека по некое чудо ќе дојдеме до компромисно решение

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва од Брисел, каде што учествуваше на разговорите меѓу Белград и Приштина, изјави дека ова...

Свет16 часа

Стотици писатели ќе ги читаат книгите на Ружди на улица во Њујорк

Стотици писатели ќе се соберат во Њујорк за да ги читаат делата на Салман Ружди, по примерот на настанот првпат...

Европа16 часа

Зеленски: ОН мора да обезбедат заштита на нуклеарната централа Запорожје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека ОН мора да обезбедат заштита...

Македонија18 часа

Македонскиот тим од историската комисија: Најголема лага е дека текстовите за заедничко чествување ќе се применат во образованието

Македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања упати реакција во врска со објавените решенија на комисијата,...

Македонија19 часа

Агенцијата за млади и спорт со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон

Агенцијата за млади и спорт соопшти дека со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон. „Како традиција, која Охрид и...

Економија20 часа

Дизелот поскапува за 2 денара, цените на бензините остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните...

Македонија21 час

Пецаков: Пливачите се револтирани бидејќи три години со ред не им е исплаќан награден фонд

Пливачите се револтирани бидејќи три години со ред не им е исплаќан награден фонд, обзнани градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков....

Македонија21 час

Бугарското МНР ја охрабрува Комисијата за историски прашања да продолжи со работата

Министерството за надворешни работи во Бугарија ја поздравува досегашната активност на Мешовитата комисија за образовни и историски прашања меѓу Софија...

Македонија23 часа

СДСМ: Деструктивниот Мицкоски сонува власт, избори ќе има во 2024 година и на тие ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби

Откако им пропаднаа сите обиди за блокада и дестабилизација на државата, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со деструктивното однесување на...

Македонија23 часа

За еден ден поднесени се над 50 барања за проценка на штети од невремето во Неготино

За еден ден поднесени се над 50 барања од граѓани кои претрпеле штети од невремето кое пред два дена го...

Свет1 ден

Конашенков предупредува: Украинците планираат артилериски напади на територијата на нуклеарната централа Запорожје од Никопол

Украина планира утре да изврши артилериски напади на територијата на нуклеарната централа Запорожје од Никопол, тврди денеска портпаролот на руското...

Македонија1 ден

Портокалова фаза во цела држава, се препорачува ослободување од работа на најранливите категории население

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа,...

Свет1 ден

Гори природен парк во Португалија, над 1.000 пожарникари го гаснат пожарот

Повеќе од 1.200 пожарникари учествуваат во гаснењето на големиот шумски пожар во португалскиот природен парк „Сера да Естрела“, кој се...

Свет1 ден

Тешка автобуска несреќа во Мароко – 23 загинати, 36 повредени

23 лица загинаа, а 36 се повредени во автобуска несреќа источно од Казабланка, една од најсмртоносните несреќи во Мароко во...