Спорт
Нестварен кикс на голманот Кобел, Баерн ја „гази“ Борусија

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд во овие моменти го играат дерби мечот во Бундес лигата. На клупата на Баварците дебитира новиот тренер Томас Тухел.
Како сега стојат работите, на Борусија и се заканува вистински дебакл,
Борусија подобро започна, но работите се сменија по нестварната грешка што ја направи голманот на „милионерите“, Кобел.
Во 13 минута, Упамекано испрати долга топка кон Сане од својата половина. Кобел истрча на 16 метри промаши чиста топка која на крајот заврши во неговиот гол.
𝐆𝐎𝐀𝐋 | 𝖡𝖺𝗒𝖾𝗋𝗇 1-0 𝖣𝗈𝗋𝗍𝗆𝗎𝗇𝖽 (𝖴𝗉𝖺𝗆𝖾𝖼𝖺𝗇𝗈) pic.twitter.com/yONKYSgLvf
— EuroFoot (@eurofootcom) April 1, 2023
Во наредните десет минути, Томас Милер постигна два гола, во 17. и 23.минута, со што практично го реши дербито.
𝐆𝐎𝐀𝐋 | 𝖡𝖺𝗒𝖾𝗋𝗇 2-0 𝖣𝗈𝗋𝗍𝗆𝗎𝗇𝖽 (𝖬𝗎𝗅𝗅𝖾𝗋) pic.twitter.com/4Z1Aj984NS
— EuroFoot (@eurofootcom) April 1, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Зверев доминираше против Димитров за четврт-финале на Ролан Гарос

Германскиот тенисер Александер Зверев го совлада Бугаринот Григор Димитров со 3:0 во сетови (6:1, 6:4, 6:3) и се пласира во четврт-финалето на Ролан Гарос. Во следната рунда за ривал ќе го има Томас Мартин Ечевери.
Димитров освои само еден гем во првиот сет. Зверев продолжи со добра игра и во вториот сет, добивајќи го со 6:4 во гемови.
Во третиот сет му препушти три гема на Димитров.
Спорт
(ВИДЕО) Штутгарт останува во Бундеслигата, го доби и вториот дуел против Хамбургер

Штутгарт го задржа бундеслигашкиот статус откако во плеј-офот за опстанок во елитата го победи Хамбургер на вториот меч, на гости со 1:3. „Швабите“ имаа предност од 3:0 по првиот натпревар на „Мерцедес Бенц арена“, па на крајот убедливо го совладаа ривалот со вкупен резултат, 1:6.
El drama del #Hamburgo fue total.
⚽️ Los hinchas celebraron un ascenso que no fue.
⚽️ En la Promoción perdieron 1-6 (0-3 y hoy 1-3) ante el #Stuttgart.
⚽️ El arquero regaló así el 1-2 hoy.
⚽️ Jugará por sexto año seguido en la B alemana.#RelojMufa pic.twitter.com/qP2hLOdQnK— Rodrigo Eyzaguirre (@RodEyzaguirre) June 5, 2023
Вечерва, Сони Кител му даде надеж на Хамбургер со голот во шестата минута, но во вториот дел Штутгарт направи пресврт. Двоен стрелец беше Енцо Милот.
Тој погоди во 48.минута за израмнување, а потоа ја искористи неверојатната грешка на домашниот голман Даниел Фернандеш за да направи пресврт во 64.минута.
Силас во судиското продолжение го потврди триумфот на Штутгарт и останувањето во елитата.
Спорт
Манчестер Јунајтед нуди 50 милиони фунти за Мејсон Маунт

Манчестер Јунајтед ќе ги отвори преговорите за играчот од средниот ред на Челси, Мејсон Маунт, со понуда од 50 милиони фунти, откриваат медиумите на Островот. Сумата е многу помала од 70 милиони фунти што ги побараа лондончани.
На „Олд Трафорд“ сепак одлучија дека ова е добра стартна позиција за вистински почеток на преговорите меѓу двата клуба.
24-годишниот Англичанец, кој е под договор на уште една сезона со својот сегашен клуб, веќе ги договорил личните услови со 20-кратниот шампион. Трансферот нема многу да се одложува бидејќи двата клуба сакаат тој да биде финализиран до крајот на месецот.
За Челси ова е важно, бидејќи по потрошените 600 милиони фунти за трансфери во последните два прозорци, клубот е притиснат од ограничувањата на финансискиот фер-плеј и до 30 јуни средства мора да влезат во касата за да се избалансираат сметките.