Спорт
Неверојатен кикс на Џиџи Буфон
Перуџа и Парма ќе го затворат 36.коло во италијанската Серија Б. Македонската легенда, Горан Пандев, го одигра првото полувреме, во кое неговиот тим прими два гола.
До мечот со Перуџа, легендарниот голман Џиџи Буфон имаше примено 799 голови во кариерата. против Перуџа 44-годишниот голман два пати беше совладан во првите седум минути.
Првиот гол го постигна Бураи од пенал во петтата минута, а две минути подоцна Буфон ја направи веројатно најголемата грешка во кариерата. Тој му асистираше на Оливери за вториот гол.
This is the Buffon moment I mentioned earlier #PerugiaParma?? pic.twitter.com/30WcZ1YQbY
— Richard Hall (@RichHall80) April 25, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дебакл на Медведев во Мајами – Синер му препушти само три гема
Јаник Синер ќе се бори за титулата на Мастерсот во Мајами. Италјанецот, во првото полуфинале го декласира Данил Медведев со 6:1, 6:2 за само 71 минута игра.
Синер, на стартот два пати му го одседе сервисот на Медведев, експресно дојде до 5:0 и тука најави во која насока ќе се движи мечот.
Сличен тек имаше и вториот сет, разликата е само што Медведев освои гем повеќе.
Синер во финалето ќе игра против победникот од дуелот Григор Димитров-Александар Зверев.
Инаку, доколку Синер го освои Мајами ќе се искачи на второто место на АТП листата.
Спорт
Хејс-Дејвис постигна 50 поени, го урна рекордот во Евролигата
Кошаркарите на Фенербахче рутински си ја завршија работата во 32. коло од Евролигата и убедливо ја победија Алба во Улкер Арена со 103:68 (34:18, 18:22, 31:13, 20:15).
Навивачите во Улкер Арена присутвува на историски натпревар, Најџел Хејс-Дејвис постигна 50 поени со што стана најдобар стрелец на еден меч во историјата на Евролигата. На вечната листа го претекна Шејн Ларкин кој застана на 49 поени.
Хејс-Дејвис шутираше 9/11 за два, 9/16 за три и 5/7 слободни фрлања за 29 минути и 56 секунди колку што мина на теренот.
Интересно е што тренерот Шарунас Јасикевичиус го извади од игра расположениот Хејс-Дејвис на три и пол минути пред крајот на мечот кога имаше 43 поени, но откако неговите асистенти му сигерираа го врати на теренот и му „помогна“ да стане рекордер. Поените со кои влезе во историјата ги постигна на две секунди до крајот на натпреварот.
Спорт
Премиер лигата им забрани на собирачите на топки да ја враќаат топката во игра
Премиер лигата воведе ново правило кое се однесува на момчињата кои ги собираат топките, пишуваат англиските медиуми. Тие повеќе нема да смеат да им ги фрлаат топките на играчите, туку ќе мора да ги ставаат на одредени места до теренот. Оваа измена е воведена за домашните екипи да не имаат неправедна предност.
Во последниве години, тренерите почнаа да им придаваат се поголемо значење на собирачите на топки, некои од нив дури лично да им даваат инструкции како да ја вршат својата работа.
Најчесто акцентот се ставаше на побрзо фрлање на топката кон играчите за да се забрза играта во обид да се изненади противникот. Исто така, собирачите на топки знаеја да прават мали опструкции кога нивниот тим ја има предноста.
Со воведувањето на оваа промена, Премиер лигата се обидува да создаде еднакви услови и за домашните и за гостинските екипи.