Спорт
Неверојатна сензација! Реал испадна од тим со 25% посед на топка и 41-годишен голман!
Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Алкојано славеа кога дознаа дека ги добија Реал Мадрид во 1/16 финалето на Кралскиот куп, и како да сакаа да ги заддржат на својот терен што е можно подолго приморувајќи продолженија по кои стигнаа до историска 2:1 победа и покрај тоа што имаа 25 отсто од поседот на топката во 90-те минути, а победничкиот гол го постигнаа со играч помалку.
Фудбалерите на Алкојано станаа атракција кога славеа по ждрепката за натпреварувањето во купот, бидејќи им се падна големиот Реал Мадрид – малиот клуб од предградието на Валенсија редовно е во третата или четвртата лига, а честа да ги пречека Реал ја доби по елиминацијата на прволигашот Уеска.
Едер Милитао ги донесе „кралевите“ во водство во 45-тата минута, но потоа наместо да додадат уште некој гол, Хозе Солбес успеа да израмни во 80-тата минута, приморувајќи продолженија, во кои Хуанан Казанова во 115. минута го постигна победничкиот гол за најголема победа во историјата на малиот клуб.
Juanan Casanova goal
follow @noob_fcb for more goalspic.twitter.com/wKOhg9LR2C— noobfcb (@noob_fcb) January 20, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.
Спорт
Баерн го контактирале Арсен Венгер
Баерн се уште е во потрага по нов тренер кој ќе го замени Томас Тухел на крајот од сезоната. Многу имиња „циркулираа“ низ клубот од Минхен, кандидати беа и Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман и Зинедин Зидан, но конкурсот се уште е отворен.
Германските медиуми открија дека клупата на Баерн му била понудена и на легендарниот Арсен Венгер, поранешниот менаџер на Арсенал.
„Долго време не сум во фокусот и мислам дека во овој момент то а не ми е потребно. Јас сум во пензија. Им се заблагодарив на челниците на клубот од Минхен кои се сетија на мене, но мислам дека е време да најдат помлад тренер, кој ќе ја врати старата слава“, откри легендарниот француски тренер.
Поранешниот менаџер на Арсенал вели дека најдобро решение за Баерн би било доколку го ангажираат Зинедин Зидан, кој со Реал покажа дека е роден да освојува трофеи.
„Голем број на клубови ќе бараат тренери во овој преоден рок. Ќе им биде тешко на моите колеги да решат каде ќе одат. Мислам дека најдобро решение за Баерн би бил Зинедин Зидан, но прашање е дали тој сака да работи во Германија, бидејќи мислам дека проблем би бил што тој не зборува германски“, изјави Арсен Венгер.