Спорт
Невидено! Дерозан втора вечер по ред со тројка во последната секунда за победа на Булс!
Демар Дерозан стана херој на Чикаго булс, откако на неверојатен начин ја заврши годината и ја почна новата, станувајќи првиот кошаркар во НБА историјата кој постигнал две тројки во последите секунди две вечери едноподруго.
На 31 декември, тој имаше одлична тројка за 108:106 победа на Булс над Индијана пејсерс, за помалку од 24 часа подоцна преку двајца противнички кошаркари да постигне тројка за 120:119 победа над Вашингтон визардс. Со ова тој се израмни со Мајкл Џордан и Тони Кукоч со најмногу одлучувачки тројки во последните секунди
Тој го заврши мечот со 28 поени, 9 асистенции и 5 скока, а Булси ја продолжија фантастичната серија за да се лидери на Истокот со 24-10 скор.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Милвоки – Њу Орлеанс 136:113
Детроит – Сан Антонио 117:116
Вашингтон – Чикаго 119:120
Бруклин – ЛА клиперс 116:120
Хјустон – Денвер 111:124
Јута – Голден стејт 116:123
DEMAR DEROZAN CALLS GAME FOR THE 2ND NIGHT IN A ROW ? pic.twitter.com/gCB52NPJ2G
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 2, 2022
DEMAR DEROZAN MAIS Y’A VRAIMENT ZERO LOGIQUE WAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAH LET’S GO 2022 pic.twitter.com/4RmHjJE2WZ
— The Daily Dunk (@TheDailyDunkfr) December 31, 2021
Спектакуларна тројка за победа – Дерозан им пресуди на Индијана Пејсерс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шпанскиот суд ја блокираше сметката на Пике
Шпанскиот суд нареди замрзнување на банкарската сметка на компанија со која раководи Жерар Пике, додека трае истрагата за бизнис зделката за преместување на Суперкупот во Саудиска Арабија.
Судот ги потврди извештаите на локалните медиуми дека истражниот судија Делија Родриго постапил по барањето на државниот обвинител за замрзнување на банкарска сметка на компанијата „Космос“, чии основач и управител е Пике.
Шпанската полиција го уапси поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубиалес претходно овој месец како дел од истрагата за корупција и активности за перење пари за време на неговиот мандат.
Уште седум лица беа уапсени во март кога полицијата изврши претрес во канцелариите на Сојузот во Мадрид и домот на Рубиалес во Гранада.
Рубиалес го „пресели“ домаќинството на Суперкупот од Шпанија во Саудиска Арабија во 2020 година, со договор наводно вреден 40 милиони евра по турнир. Пике, кој во тоа време играше за Барселона и играше во Суперкупот на Шпанија, помогна да се заврши договорот преку неговата компанија „Космос“.
Државните обвинители започнаа истрага за договорот во 2022 година, откако беа обелоденети аудио снимки од разговори помеѓу Рубиалес и Пике во врска со провизија од неколку милиони долари.
Во меѓувреме Пике се повлече од фудбалот, а доживеа бродолом и во приватниот живот, бидејќи се разведе од колумбиската поп-ѕвезда, Шакира.
Космос се вклучи и во „реновирањето“ на тенискиот Дејвис куп, а лансираше и алтернативно фудбалско натпреварување – Кралската лига во Шпанија.
Рубиалес поднесе оставка во септември откако предизвика меѓународен скандал бакнувајќи ја во уста Шпанката Џени Хермосо, без нејзина дозвола, за време на церемонијата на доделување медали на Светскиот куп за жени во Сиднеј, каде Шпанија го освои првото место.
Спорт
(Видео) Кам-бек на Хиршер, ќе скија за друга држава
Еден од најдобрите скијачи во историјата, Марсел Хиршер, на 36 годишна возраст реши да се врати во Светскиот куп.
Хиршер, кој осум пати го освои Големиот кристален глобус, се пензионираше во 2019 година.
Интересно е што тој нема да се натпреварува под знамето на Австрија, туку ќе ги брани боите на Холандија.
Имено, Хиршер сака да настапи за Холандија и на тој начин да ја исполни желбата на својата мајка која е од таа земја.
Според правилата на Светската скијачка федерација (ФИС), скијачот може да го смени спортското државјанство на почетокот на новата сезона, а официјално тоа може да го направи од 1 јули.
Во својата кариера, покрај осумте последователни титули на Светските првенства од 2012 до 2019 година, Хиршер освои и три олимписки медали (две златни), 11 светски медали, а има вкупно 67 победи во Светскиот куп.
Спорт
Атаман: Заминувам ако не се пласираме на Ф4
Макаби направи брејк во Атина, го победи Панатинаикос со 91:87 и поведе во четвртфиналната серија со 1-0. Тренерот на зелените, двократен освојувач на Евролигата со Анадолу Ефес, Ергин Атаман, најави оставка доколку Панатинаикос не се пласира на завршниот турнир во Берлин.
„Им ветив на сите луѓе овде дека ќе одиме на Фајналфор. Ако не се пласираме, нема да бидам во Панатинаикос следната година“, рече Атаман, а потоа со доза на оптимизам и поплаки на судењето најави дека зелените ќе одат во Берлин.
„Не одигравме како што планиравме, особено во второто полувреме и во финишот на натпреварот. Промашивме многу отворени шутеви, но исто така е смешно што на Болдвин му дадоа шест слободни фрлања, без причина, на два шута за три поени. Одиме понатаму, ќе победиме во серијата“, рече Атаман.