Контакт

Спорт

Незадоволниот Деле Али ќе замине од Тотенхем?

Објавено пред

Деле Али е во центарот на вниманието на англиските медиуми. Фудбалерот на Тотенхем пред завршувањето на натпреварот со Антверпен замина во соблекувалната откако тренерот Жозе Мурињо ги изврши предвидените замени. Мурињо смета дека не е можно сите играчи во тимот да бодат среќни. Коментарите во Англија се дека оваа одлука на тренерот само ќе ја забрза одлуката Деле Али да го напушти тимот.

„Не може сите во тимот да бидат среќни. Верувам дека се задоволни поради тоа што редиме победи, но сигурно е дека има играчи што не се среќни бидејќи не играат“, рекол Мурињо.

„Јас им кажав на играчите порано да одат на туширање бидејќи беше ладно. Некои ме послушаа, некои решија да останат до крајот. Невозможно е секој да биде среќен. Каде и да одите, ќе најдете играчи што не се задоволни бидејќи не играат. Тоа е реалноста, да не бегаме од неа. Секако дека играчот не е среќен и ја напушта клупата во моментот кога е извршена петтата измена. Јас и не очекувам да биде среќен“, заклучил тренерот на лидерот во Премиер лигата.

Деле Али од почетокот на сезоната има одиграно само осум натпревари, во Премиер лигата последен пат настапи пред речиси два месеца кога Тотенхем го декласира Манчестер јунајтед (6:1).

Во преодниот рок Деле Али се поврзуваше со трансфер во ПСЖ. Најновите случувања повторно го актуализираат неговиот трансфер во Париз.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Црвена звезда и Лече го договориле трансферот на Фалко

Објавено пред

Италијанскиот напаѓач Филипо Фалко до крајот на оваа недела ќе потпише договор со Црвена звезда. „Скај Спорт Италија“, објави дека српскиот шампион на Лече, за услугите на Фалко, ќе им плати 1.500.000 евра.

Според овој извор, Црвена звезда и Лече се договориле, трансферот на Фалко, да биде платен во две рати.

Овој 28-годишен фудбалер, во актуелниот преоден рок имал понуди од Парма и Сасуоло. Понудите на клубовите кои играат во Серија ги одбил бидејќи не му гарантирале дека ќе биде стартер.

Фалко, во кариерата, бил играч на Болоња, Реџина, Јуве Стабија, Трапани, Чезена, Беневенто и Перуџа.

Прикажи повеќе...

Спорт

Зидан: Јас сум виновен за поразот

Објавено пред

Зинедин Зидан ја задржа присебноста и покрај сензационалната елиминација на Реал Мадрид од Купот на Шпанија. „Кралскиот клуб“, синоќа, со играч повеќе, во дополнителните 30 минути, беше поразен од членот на Третата лига, Алкојано со 2:1.

По овој шокатнтен пораз сериозно е разнишана позицијата на Зидан во Реал. Реал, против Алкојано, излезе со респектибилиен тим, од стартерите на теренот ги немаше Куртоа, Варан, Рамос, Модриќ и Карвахал, а во второто полувреме на теренот влегоа Азар, Бензема, Крос и Марко Асенсио.

„Мирен сум, мислам дека момците сакаа да победат. Мислам дека играчите се уште ми веруваат. Да почекаме, да видиме што ќе се случи во наредните неколку дена. Направивме неколку добри работи од почетокот на сезоната, за жал тоа не е така во последно време“, рекол Зидан по натпреварот.

„Ја прифаќам вината. Како тренер, јас сум одговорен“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Бруклин Нетс немоќни пред Секстон, брилијантна партија на Капела, Дончиќ со трипл-дабл

Објавено пред

Бруклин Нетс, од формирањето на големата тројка, Харден-Дурент-Ирвинг, го доживеа првиот пораз. Нест се поразени од Кливленд Кавалирс со 147:135. Кливленд до победата го предводеше Колин Секстон со рекордни во кариерата 42 поени.

Големата тројка на Бруклин ја предводеше Дурент со 38 поени, 12 скокови и 8 асистенции, Харден забележа трипл-дабл (21 поен, 10 скока, 12 асистенции), а Ирвинг во првиот меч по паузата од четири натпревари постигна 37 поени.



Лука Дончиќ и Далас ја забележаа седмата победа во сезоната. Пред Маверикс падна Индијана Пејсерс (124:112). Дончиќ мечот го заврши со 13 поени и по 12 скока и асистенции. Најефикасен кај Далас беше Прозингинс со 27 поени, Кај Индијана се истакнаа Бронгдон со 26 и Сабонис со 26 поени.

Изминатата ноќ неколку кошаркари имаа неверојатни индивидуални остварувања.

Џоел Ембид постигна 42 поени, забележа и 10 скока во победата на Филалдлефија над Бостон 117:109.

Атланта, по едно продолжение, запиша триумф над Детроит 125:113.

Тре Јанг имаше 38 поени и 10 асистенции, брилијантен меч одигра Клинт Капела со 27 поени и 26 скокаови. Кај Детроит со 32 поени се истакна Џереми Грент.

Орландо со тројка во последната секунда дојдоа до победата над Минесота 97:96. Орландо го предводеше Црногорецот Никола Вучевиќ со 28 поени и 8 скока.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

По 10 години, демократите ја презедоа контролата и над Сенатот на САД

Тројца нови американски сенатори вчера положија заклетва, непосредно по преземањето на претседателската функција на Џозеф Бајден, давајќи ѝ на Демократската...

Македонија2 часа

Угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот

Рестораните и другите угостителски објекти од денеска наместо до 18 ќе работат до 21 часот. Согласно одлуката на Владата, рестораните...

Свет13 часа

Кина воведе санкции кон 28 лица од администрацијата на Трамп

Кина воведе санкции за 28 лица од Америка, вклучително и официјални лица од поранешната администрација на Трамп, обвинувајќи ги за...

Свет14 часа

(Видео) По силната експлозија во Мадрид, една зграда е уништена, три лица загинаа

Една зграда е уништена, а околните згради се оштетени од силната експлозија којашто се случи недалеку од туристичката атракција Пуерта...

Свет16 часа

(Видео) Бајден положи заклетва: Победи демократијата

„Ова е ден на Америка, ден на демократија. Денес го славиме триумфот не на кандидатот, туку на пораката. Се слушна...

Македонија16 часа

Заев: Пописот е статистички процес неопходен за креирање на долгорочни развојни економски политики

„Остануваме целосно посветени на успешното спроведување на пописот, на неговата афирмација во делот на спроведување и поддршка на самиот попис....

Спорт17 часа

Финишот на полувремето кобен за Македонија, пораз од Словенија со 21-31

Добрите две третини од првиот дел од мечот меѓу Македонија и Словенија во рамки на главната фаза од ракометниот Мундијал...

Економија17 часа

Стратешкиот чешки инвеститор Групацијата АРИКОМА најавува продолжување на инвестициите во ИТ- експерти во Северна Македонија

На денешната прес-конференција присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Зоран Заев, амбасадорот на Република Чешка во Република...

Македонија18 часа

72 нови случаи на Ковид-19, починаа 13 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на...

Свет19 часа

(Видео) Трамп го одржа својот последен говор како претседател: Ќе се вратиме во некоја форма

Трамп последен пат ѝ се обрати на јавноста во својство на претседател на САД во воздухопловната база „Ендрус“, каде што се...

Македонија19 часа

Заев: Од функционерите прв треба да се вакцинира Филипче, па по него – јас

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 веднаш по министерот за здравство, Венко Филипче,...

Македонија20 часа

Судскиот совет ја разреши Татјана Михајлова поради несовесно работење

Судскиот совет ја разреши судијката Татјана Михајлова од судиската функција поради нестручно и несовесно работење. Постапката против неа се водела...

Свет22 часа

(Видео) Во Вашингтон поставени железна ограда и бетонски блокови – „Ова потсетува на Багдад“

Инаугурацијата на Џо Бајден за претседател на Соединетите Американски Држави ќе се одржи денеска напладне по локално време, односно во...

Свет23 часа

Русите тврдат дека нивната вакцина „епивакорона“ обезбедува стопроцентна заштита

Втората руска вакцина против Ковид-19 обезбедува стопроцентна заштита, соопшти здравствениот регулатор „Роспотребнадзор“, врз основа на резултатите од клиничките испитувања, објави...

Македонија24 часа

ИЈЗ: Намален бројот на нови позитивни случаи, зголемен бројот на оздравени лица

Во периодот од 11 до 17 јануари е забележано намалување на бројот на нови позитивни случаи и на процентот на позитивни...

Топ24 часа

МВР го пронајде тетовецот кој објави видео како незаконски поминува на наплатна рампа

Тетовската полиција го расчисти случајот со видео-клипот кој неодамна преку социјалната мрежа „Тик-ток“ се појави во јавноста, а се однесува...

Свет1 ден

(Видео) Кина гради голем камп за карантин

Кина забрзано гради огромен камп за карантин, кој може да прими над 4.000 луѓе, пишува Си-ен-ен. Десетици милиони луѓе во...

Свет1 ден

Џо Бајден денеска ќе стане 46. претседател на САД

Џо Бајден денеска ќе положи заклетва како 46. претседател на САД. За разлика од претходните церемонии, традиционалните говори, настапи и...

Македонија1 ден

Во делови од Македонија почувствуван земјотрес со епицентар во Албанија

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4,0 степени во соседна Албанија бил почувствуван во делови од државата синоќа околу 3.29...

Свет2 дена

Германија воведува уште построги мерки до 14 февруари

Германија ќе воведе уште построги мерки на заклучување и нивно продолжување до 14 февруари. Канцеларката Ангела Меркел се состана со...

Досие