Контакт

Спорт

Нико Ковач со Монако ги засени достигнувањата на Дешам, Раниери, Венгер

Објавено пред

Хрватскиот фудбалски тренер Нико Ковач оствари голем успех со екипата на Монако. По победата на клубот од кнежевството кај Ница, во шеснаесет-финалето од францускиот куп (2-0) Нико Ковач ја забележа 19-тата победа во 30-тиот меч на клупата на Монако сезонава. Со тоа оствари 63 % победи откако е на кормилото на клубот, кој претходните сезони се бореше за опстанок.

Во историјата на клубот Монако осумпати бил шампион на Франција и петпати го освојувал купот, а на клупата на екипата биле имиња од калибарот на Арсен Венгер, Жан Тигана, Дидие Дешам, Клаудио Раниери и Леонардо Жардим. Само еден тренер остварил подобар резултат од Ковач во првите 30 меча на кормилото.

Тоа е Анџело Гризети и тоа во далечната 1952/1953 година. Тој тогаш имал 67,5 % успешност.

Ковач има одлична сезона со Монако, пред две недели кај Стразбур во Лига 1 екипата го доживеа првиот пораз (1-0) по 12 меча без пораз, од кои 10 беа победи.

Во моментот во првенството Монако е на четвртата позиција со -7 бода од лидерот Лил.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Од НБА во Реал Мадрид

Објавено пред

Францускиот репрезентативец Венсан Поарије е нов играч на Реал Мадрид. Поранешниот играч на Басконија изминатите две сезони ги мина во НБА-лигата.

Поарије не успеа да направи кариера во САД, за две сезони, одигра само 32 натпревара за Бостон Селтикс и Филаделфија Севентисиксерс.

Поарије во Реал ќе му биде резерва на Еди Таварез откако Алекс Тајус не успеа да одговори на предизвикот.

Шпанските медиуми објавија дека Поарије со Реал ќе потпише тригодишен договор.

Прикажи повеќе...

Спорт

Хитер преговара со Борусија Менхенгладбах

Објавено пред

Фудбалскиот клуб Ајнтрахт од Франкфурт, по завршувањето на сезоната ќе остане без тренерот Ади Хитер, тврди „Кикер“.

Според овој извор, Австриецот ги привршувал преговорите со Борусија од Менхенгладбах. Тренерот на овој клуб, Марко Розе, од наредната сезона се сели во Дортмунд.

Хитер, неодамна го продолжи договорот со Ајнтрахт до 2023 година. Во договорот има откупна клаузула од 7,5 милиони евра. Клубот од Менхенгладбах има намера да ја активира таа клаузула.

Германските медиуми, тврдат дека Ајнтрахт, покрај тренерот, ќе го напушти и спортскиот директор Фреди Бобиќ.

Ајнтрахт Франкфурт, сезонава, бележи одлични резултати, на осум кола до крајот на првенството се наоѓа на четвртото место, со реални шанси да избори пласман во Лигата на шампионите.

Прикажи повеќе...

Спорт

Крај на сезоната за Лукас Васкез

Објавено пред

Ек класико, што се одигра во саботата, беше последниот натпревар оваа сезона за Лукас Васкез и веројатно неговиот последен натпревар во дресот на Реал Мадрид.

Васкез се повреди во првото полувреме по еден дуел со Серхио Бускетс. Реал информира дека ги повредил вкрстените лигаменти во коленото и дека фудбалерот го очекува подолга пауза.

Васкез ќе паузира најмалку три месеци, а доколку мора да замине на операција, прогнозите се дека ќе паузира помеѓу девет и 12 месеци.

Лукас Васкез во јуни ќе стане слободен играч бидејќи му истекува договорот со Реал. Претходно, тој ја одби понудата за нов договор и најави дека ќе го напушти клубот.

Медиумите го поврзуваа со трансфер во Баерн Минхен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

Нови 30 дена притвор за Камчев

Основниот кривичен суд Скопје му го продолжи притворот за дополнителни 30 дена на бизнисменот Јордан Камчев. „ Кривичниот совет при...

Свет3 часа

Вакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна кај јужноафриканскиот сој, покажува израелска студија

Јужноафриканскиот сој на коронавирус може да ја избегне заштитата обезбедена од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ до одреден степен, открива...

Македонија3 часа

Ќе се ограничат цените за лекување пациенти од коронавирус во приватните болници

До Владата ќе биде поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување пациенти од...

Македонија3 часа

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тој рече дека вакцините, кои...

Македонија3 часа

Девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро

Денеска се навршуваат девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро. На 12 април 2012 година, на Величетврток, беа убиени...

Свет4 часа

Научниците со охрабрувачки вести: За секој нов сој ќе имаме вакцини

Во тек е трка помеѓу вакцините против Ковид-19 и мутациите на коронавирусот кои се закануваат да ги загрозат, откриле научниците...

Свет4 часа

„Билд“: Меркел го откажала терминот за вакцинирање со „астра зенека“

Германската канцеларка, Ангела Меркел, сè уште не е вакцинирана против коронавирусот, а според весникот „Билд“, таа требало вчера да прими...

Свет5 часа

Поединци немаат чувство за вкус и мирис, дури и една година по заразата од коронавирусот

Три дена по позитивниот тест на коронавирус, сè имаше вкус на картон, се сеќава 38-годишната Елизабет Медина, која го изгубила...

Македонија7 часа

Почнува вакцинацијата на новинарите и медиумските работници

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници што се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата...

Македонија23 часа

Притвор за шестмината приведени во акцијата со марихуана

Скопскиот кривичен суд определи 30-дневен притвор за шестмината осомничени за шверц на марихуана кои пред два дена беа приведени во...

Македонија1 ден

Првачињата ќе учат по нова наставна програма

На предлог на Бирото за развој на образованието, во петокот Министерството за образование и наука ги усвои новите наставни програми...

Македонија1 ден

Трајче Заев: Комбето не е во сопственост на фирма на Заеви, јас сум на службено патување

Трајче Заев – братучед на премиерот, Зоран Заев, ги отфрла обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за негова поврзаност со акцијата на...

Македонија1 ден

Во болниците се лекуваат 1.699 пациенти со коронавирус, има 340 празни болнички кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски: Македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС, откако стана извесно дека над 200 македонски...

Свет1 ден

Јужна Кореја со „Астра зенека“ ги вакцинира лицата помеѓу 30 и 60 години

Јужна Кореја продолжува со вакцинацијата на лица под 60-годишна возраст со вакцината на „Астра зенека“. Корејската агенција за контрола и...

Македонија1 ден

Утре ќе се вакцинираат новинарите над 40 години

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници кои се пријавија на повикот и кои ги исполнија условите за да влезат во...

Европа2 дена

Малолетник со македонско потекло уапсен во Виена, се заканувал со тероризам оти Курц не му одговорил на пораките

Aвстриската полиција уапси 15-годишен Австриец со македонско потекло за закана за терористички напад во центарот на Виена, пренесе „Танјуг“. Малолетникот се...

Македонија2 дена

Филипче: До колективен имунитет само со вакцинација на голем број граѓани

Процесот на имунизација е пред нас и само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет,...

Македонија2 дена

Нови 1.092 случаи на заразени, починаа 32, а оздравеа над 2.000 лица

Во последните 24 часа се направени 5.569 тестирања, а регистрирани се 1.092 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 452,...

Македонија2 дена

(Видео) Разбиена група на нарко-дилери, запленета дрога во вредност над 800 илјади евра

Полицијата разбила организирана криминална група на нарко-дилери, пришто приведени се 6 лица, а запленета е дрога во вредност од над...

Досие