Спорт
Никој не сака да го купи Бејл, Реал подготвен да го „позајми“!
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, вели дека не го сфаќа односот на навивачите кон Герет Бејл, откако тој беше исвиркан при 3:0 победата над Атлетик Билбао. Бејл, кој освои четири титули од ЛШ во пет сезони во Мадрид, а постигна клучни голови во две од финалињата, едноставно не успева да ги освои срцата на навивачите.
„Навистина не знам. Едноставно не го разбирам тоа“, вели Зидан.
Бејл влезе како замена и утна една шанса што уште повеќе ги налути фановите, кои, пак, со овации го пречекаа Иско. Според шпанските медиуми, деновите на Велшанецот се одбројани на „Бернабеу“, иако постои мал проблем – никој не сака да го купи.
Marca’s Cover | “Madrid are thinking of loaning Bale. The plan is to sell him but there are no offers.” pic.twitter.com/vLq0egrp6e
— Real Madrid Info (@RMadridInfo) April 22, 2019
„Намерата е да биде продаден, но нема понуди. Сега, тука е идејата тој да биде позајмен“, се вели во „Марка“, весникот кој е близок до клубот.
Во весникот продолжуваат со високо критичен текст за него.
„Мадрид се ’влечка’ со Бејл. Тој ја заврши ланската сезона како замена и тоа ќе се случи и оваа сезона. Тој продолжува да вели ’goood morning’ наместо ’buenos dias’ кога вели нешто. Недостигот на спортската вредност сега е надополнет со недостиг на економска вредност. Тој е многу скап фудбалер и има многу фудбалери кои земаат помалку од него, но земаат помалку“, се вели во коментарот.
Во 2016, Бејл доби нов договор до 2022 година, со кој беше третиот најплатен фудбалер на светот, но критиките не престануваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Премиер лигата им забрани на собирачите на топки да ја враќаат топката во игра
Премиер лигата воведе ново правило кое се однесува на момчињата кои ги собираат топките, пишуваат англиските медиуми. Тие повеќе нема да смеат да им ги фрлаат топките на играчите, туку ќе мора да ги ставаат на одредени места до теренот. Оваа измена е воведена за домашните екипи да не имаат неправедна предност.
Во последниве години, тренерите почнаа да им придаваат се поголемо значење на собирачите на топки, некои од нив дури лично да им даваат инструкции како да ја вршат својата работа.
Најчесто акцентот се ставаше на побрзо фрлање на топката кон играчите за да се забрза играта во обид да се изненади противникот. Исто така, собирачите на топки знаеја да прават мали опструкции кога нивниот тим ја има предноста.
Со воведувањето на оваа промена, Премиер лигата се обидува да создаде еднакви услови и за домашните и за гостинските екипи.
Спорт
Чаби Алонсо ги одби гигантите ќе остане во Леверкузен
Чаби Алонсо потврди дека и наредната сезона ќе го предводи Баер Леверкузен. Шпанецот со „фармацевтите“ е на добра пат да ја освои првата Бундес лигата во клупската историја. Неговиот тим, во сите натпреварувања од почетокот на сезоната, нема доживеано ниту еден пораз.
Чаби Алонсо долго време се поврзуваше со Ливерпул и Баерн Минен, клубови за кои играше во кариерата, но денес стави крај на тие шпекулации.
„Имав многу добри разговори со челниците на клубот и им кажав дека сакам да останам во Баер. Ова е најдоброто место за мене “, изјави Чаби Алонсо и продолжи:
„Нема да коментирам за Ливерпул или Баерн. Тие се големи клубови и јас сум поврзан со нив. Сепак, сега сум таму каде што сакам да бидам. Сега не е време да зборувам за иднината, сакам да се развивам понатаму во Баер. Веќе им ја соопштив одлуката на играчите “, рече 42-годишниот тренер.
Алонсо го презеде Леверкузен во октомври 2022 година, а пред тоа го тренираше вториот тим на Реал Сосиедад.
Спорт
Шекил: Сакам Симонс да ме научи како за 55 натпревари заработи 80 милиони долари
Изјавата на Шекил О’Нил во еден подкаст, во пресрет на почетокот на плеј-офот во НБА лигата, привлече големо внимание во САД.
Еден од најдобрите центри во историјата на кошарката, саркастично одговори на прашањето за кои играчи би платил карта да ги гледа во живо.
„Бен Симонс, затоа што сакам да научам како можеш да заработиш 80 милиони, а да одиграш само 55 натпревари. Научи ме човеку. Научи ме како можеш да одиграш 55 натпревари во три сезони и да добиеш 30 милиони, 40 милиони и уште 40 милиони само за да рекол дека го боли грбот“, рече четирикратниот шампион во НБА.
Симонс во 2016 година беше прв пик на драфтот, го избра Филалделфија, во чии редови беше до 2022 година кога се пресели во Бруклин Нетс. За Бруклин во првата сезона одигра 40 натпревари, а оваа само 15.