Контакт

Спорт

Никола Јокиќ е МВП во НБА лигата

Објавено пред

Центарот на Денвер Нахетс, Никола Јокиќ е прогласен за МВП на сезоната во НБА лигата. Информацијата ја објави новинарот Шемс Чаранија. НБА наскоро ќе му ја врачи наградата на српскиот репрезентативец.

Јокиќ, оваа сезона, во регуларниот дел, одигра 72 натпревари, во просек белеѓеч по 26,4 поени, 10,8 скока и 8,3 асистенции.

Никола Јокиќ е најниско рангираниот играч на драфтот кој станал МВП. Во 2014 година, Денвер го избраа како 41.пик на драфтот. Исто така, тој е првиот МВП, по Коби Брајант во 2008 година, кој ги одиграл сите натпревари во регуларниот дел од сезоната.

Оваа сезона тој се наоѓа меѓу најдобрите пет стрелци, скокачи и асистенти.

Јокиќ е третиот играч од Европа кој го добил ова престижно признание, пред него тоа им успеало на Дирк Новицки и Јанис Адетокумбо.

Спорт

Јуве, Барса и Реал најавија продолжување на проектот за Суперлигата

Објавено пред

Јувентус, Барселона и Реал Мадрид преку соопштение потврдија дека ќе продолжат со својот проект за организирање на Европската суперлига откако судот во Мадрид забрани УЕФА да ги казнува клубовите поврзани со натпреварувањето.

Проектот, кој предизвика фудбалски земјотрес оваа година, изгледаше дека е пропаднат откако 9 од 12-те основачи (Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Арсенал, Ливерпул, Тотенхем, Челси, Атлетико Мадрид, Интер и Милан) се повлекоа по осудата од страна на навивачите, но Јуве, Барса и Реал постојано тврдеа дека проектот е нужност.

Сега, по одлуката на судот во Мадрид да престанат сите легални постапки против клубовите основачи, се јавија и од Суперлигата.

„Барселона, Јувентус и Реал Мадрид ја поздравуваат одлуката на трговскиот суд во Мадрид, со која УЕФА веднаш мора да прекине со сите активности против основачите на Суперлигата вклучувајќи ги сите дисциплински постапки. Судот го поддржа барањето на Европската суперлига и посочи дека УЕФА ќе сноси кривични обвинувања доколку не го направи тоа. Случајот ќе биде разгледуван и на Европскиот суд на правдата во Луксембург, каде што ќе се разгледува монополската позиција на УЕФА во европскиот фудбал. Од таа позиција тие му штетат на фудбалот, а клубовите што учествуваат во натпреварувањата имаат право да ги водат натпреварувањата. Нема да бидеме жртва на заканите на УЕФА и ќе продолжиме со проектот на Суперлигата со конструктивност и соработка“, стои во соопштението.

Прикажи повеќе...

Спорт

Руските пливачки злата предизвикаа меѓународен инцидент

Објавено пред

Двократното злато на Евгениј Рилов во пливањето очигледно предизвика и меѓународен политички инцидент откако неговиот американски ривал и претходен шампион, Рајам Мафри, неосновано го обвини натпреварувачот за валкани игри.

Марфи двапати загуби од Рилов, на 100 и на 200 метри грбно, по што изјави дека пливал во трка „која најверојатно не е чиста“.

„Имам околу 15 мисли, а 13 од нив ќе ми донесат многу проблеми. Ментално е исцрпувачки да ја поминеш годината знаејќи дека не пливаш во трка која е чиста и тоа е тоа. Луѓето што знаат повеќе за ситуацијата ја направија одлуката. Немам можност да лобирам кај луѓето што прават вакви одлуки“, изјави Марфи.

Ова, секако, наиде на огромна реакција од страна на Рускиот олимписки комитет (РОЦ), чии 335 спортисти на Олимпијадата се принудени да настапуваат без националното знаме и химна.

„Ох, како нашите победи ги лутат ривалите. Да, тука сме на Олимпијадата. Оправдано и не е важно дали тоа ви се допаѓа. Мора да научите и да губите. Старата песна повторно почна за рускиот допинг. Некој ја тера оваа западна пропаганда преку устата на лошите губитници. Простете им на оние што се послаби. Господ е нивниот судија, а за нас поткрепа“, објавија од Рускиот олимписки комитет (РОЦ) во интересна објава на социјалните мрежи.

На подоцнежната прес-конференција Марфи инсистира дека не го обвинувал Рилов оти е допингуван.

„Да бидам јасен, немав намера да правам обвинувања, честитки до Евгениј, кој е талентиран пливач и работи напорно. Една од работите што ме фрустрира е што не можеме да кажеме дека трката е чиста поради тоа што се случуваше во минатото“, додаде Марфи.

Прикажи повеќе...

Спорт

Корејците бесни на иранскиот шампион: Зошто дозволивте терорист да биде шампион?

Објавено пред

Корејскиот стрелач Џин Џонг-Ох го нападна Иранскиот олимписки комитет (ИОЦ) откако беше дозволено член на иранската Исламска револуционерна гарда да освои злато во дисциплината 10 метри воздушен пиштол со зборовите: „Како може терорист да освои златен медал?“

Според шесткратниот освојувач на олимписки медал, Џин, Џавад Фуроги не смеел да добие дозвола да настапи на Олимпијадата бидејќи е член на Исламската гарда, организација што во 2019 од САД беше прогласена за терористичка организација.

ИОЦ доби жалба и од групата „Обединети за Навид“, организација формирана по егзекуцијата на иранскиот борач Навид Афкари поради протести против режимот.

„Ова е катастрофа за иранскиот спорт и за интернационалната заедница, а особено за репутацијата на ИОЦ. 41-годишниот Фуроги е долгогодишен член на терористичка организација. Исламската гарда не само што врши насилство над Иранците туку и над луѓето во Сирија, Ирак и Либан“, се вели во нивното известување.

Фуроги, кој призна дека бил на служба во Сирија од 2013 до 2015 година, на подиумот салутира и изјави дека почнал со стрелаштвото во една болница во Сирија, каде што работел како медицински персонал.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот...

Македонија4 часа

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија6 часа

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија7 часа

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ8 часа

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ9 часа

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Свет9 часа

Во Кина се појави ново жариште на коронавирус, најголемо по Вухан

Жариште на Ковид-19 откриено во кинескиот град Нанџинг се прошири во пет кинески провинции и главниот град Пекинг, а кинеските...

Топ10 часа

Во гостилница во Арачиново специјалците уапсија меѓународен наркодилер кој побегнал од затвор

Во акција во угостителски објект во скопско Арачиново, утрово околу 6 часот и 45 минути бил уапсен 43-годишен арачиновец кој...

Свет10 часа

Сè поголем притисок врз невакцинираните војници и државни службеници во САД

Американскиот претседател, Џо Бајден, донесе серија мерки за поттикнување на вакцинацијата во САД, вклучително и задолжителна вакцинација за милиони федерални...

Свет11 час

Израел почнува со вакцинација со трета доза од вакцината

Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, објави дека земјата ќеапочне да дава трета доза од вакцината против коронавирус на лица постари од...

Македонија11 час

СДСМ објави уште петмина кандидати за градоначалници

СДСМ објави уште пет имиња на кандидати за градоначалнци за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври. Партијата...

Свет22 часа

Американски дипломат 14 години дрогирал и силувал жени, му се заканува доживотен затвор

Поранешен службеник на американската амбасада во Мексико се изјасни за виновен за дрогирање и сексуална злоупотреба  на најмалку 23 жени...

Свет24 часа

(Видео) Три лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија

Три лица загинаа, а повеќе десетици се во болница во шумскиот пожар што се прошири во одморалиштето Манагвата, во близина...

Свет1 ден

Истрагата утврди дека државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт,...

Македонија1 ден

300.000 денари од Град Скопје како награда за олимпискиот вицепрвак Дејан Георгиевски

Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија...

Македонија1 ден

Мицкоски: Некои Резолуцијата ја поддржаа искрено, други помалку искрено, но благодарност до сите

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос...

Македонија1 ден

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на...

Македонија1 ден

Новото име на мини шенген е Отворен Балкан, потпишани првите официјални договори

Како дел од церемонијата на Економскиот форум во Скопје денеска беше објавено новото име на иницијативата позната како мини шенген,...

Македонија1 ден

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско природно богатство

Македонија доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот...

Македонија1 ден

Рама од Скопје: Изгубивме векови, наместо грб со грб време е да се свртиме кон соработка

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во воведното обраќање на Економскиот форум во Скопје порача дека „нема зошто да останеме затворени...

Досие