Спорт
Њукасл на директниот ривал им го „краде“ најдобриот стрелец
Повредите на Двајт Гејл и Калум Вилсон ги натераат челниците на Њукасл јунајтед да донесат напаѓач на „Сент Џејмс парк“. Изборот на „страчките“, Крис Вуд од Барнли.
Барнли е еден од конкурентите на Њукасл во борбата за опстанок во Премиер лигата. Сепак, немоќни се да го заржат Вуд во своите редови, откако Њукалс решиле да ја активираат откупната клаузула од 20.000.000 фунти.
Менаџерот Шон Дајч збеснал кога дознал дека ќе остане без најдобриот стрелец.
Според медиумите, Вуд, во текот на денот треба да пристигне во Њукалс.
Крис Вуд е репрезентативец на Нов Зеланд, во кариерата играл за ВБА, Лестер и Лидс јунајтед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Себаљос заминува од Реал
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себаљос (27) ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Шпанските и италијанските медиуми тврдат дека тој ќе се пресели во Милан.
Себаљос е член на Реал од 2017 година, а од 2019 до 2021 година беше на позајмица во Арсенал. Се шпекулираше и пред почетокот на минатата сезона дека ќе го напушти клубот, но реши да остане, убеден дека ќе добие шанса од Карло Анчелоти.
Она што го планираше не му се оствари, тековната сезона ј минува на клупата за резерви.
Поради тоа е подготвен да го напушти Мадрид, а според информациите Реал нема да се противи на трансферот, што покажува и обесштетувањето кое го бара за Себаљос, а кое изнесува 8.000.000 евра.
Шпанските и италијанските медиуми пренесуваат дека најголем интерес покажал Милан, а како потенцијални дестинации се споменуваат и Атлетико Мадрид, односно Бетис.
Спорт
Олимпијакос се договорил со Еванс, го чека и Дорси
Сезоната во Евролигата се уште не е завршена, а Олимпијакос веќе размислува за засилувања за следната сезона.
Олимпијакос регуларниот дел од сезоната во Евролигата го заврши на петтото место и ќе игра против Барселона за пласман на фајналфорот. И покрај тоа во клубот веќе ги кројат плановите за наредната сезона.
Според италијанскиот новинар Алесандро Маџи, нов играч на клубот од Пиреја ќе биде Кинан Еванс, играч на Жалгирис, а се очекува во тимот да се врати и Тајлер Дорси од Фенербахче.
„Постигнат е договор за двегодишен договор со Кинан Еванс, а Тајлер Дорси конечно треба да добие зелено светло. Дорси има опција да го продолжи договорот со Фенербахче, но по крајот на сезоната ќе ја напушти Турција“, напиша Меџи.
Еванс за две години ќе заработи 3.200.000 евра. Дорси го носеше дресот на Олимпијакос во сезоната 2021/2022.
Спорт
Баер Леверкузен ја одреди цената за Флоријан Вирц
Баер Леверкузен ја одреди цената за еден од своите најдобри играчи, Флоријан Вирц.
„Фармацевтите“, на пет кола до крајот и математички ја обезбедија првата титула во клупската историја. До крајот на сезоната ќе се борат за трофеите во Купот на Германија и Лига Европа.
Еден од најталентирани играчи во светот, Вирц, во досегашниот тек од сезоната има учинок од 17 гола и забележа 18 асистенции.
Интерес за неговите услуги покажале Реал Мадрид, Манчестер Сити, Ливерпул…
Сепак, во Леверкузен не размислуваат да се откажат од него. Доколку пак тоа се случи, клубот ќе ја наполни клупската каса од неговиот трансфер.
„Имаме двојно помал буџет од Дортмунд, и пет пати помал буџет од Баерн. Немаме толку моќни спонзори и јасно е дека мора да живееме од продажбата на фудбалери. Вирц е наш лидер на теренот, но се си има своја цена. Ако некој понуди 150 милиони евра или повеќе, можеме да разговараме“, изјави Фернандо Каро, извршен директор на Баер Леверкузен.