Спорт
Ночерино: Поништениот гол на Милан против Јуве во 2012 ја смени историјата на клубот
Поранешниот фудбалер од средниот ред на Милан, Антонио Ночерино, вели дека „голот дух“, кој не беше признаен против Јувентус во 2012, целосно ја сменил историјата на „росонерите“.
Ночерино смета дека Милан ќе чека повеќе од 10-те години што ги чекаше Интер за титулата токму поради поништениот гол пред девет години. Во 2011/2012 Милан беше вклучен во битка за титулата со Јувентус кога се сретна во Милано во февруари.
Ночерино го постигна првиот гол за водство на тимот на Масимилијано Алегри, а Сали Мунтари даде гол во второто полувреме, гол кој беше поништен, иако очигледно ја помина линијата зад Џиџи Буфон. Наместо водство од 2:0, Милан прими гол во финишот на мечот и на крајот ја загуби титулата со 4 поени заостанување зад Јувентус на Конте, кој тогаш почна низа од девет титули.
„Не полудевме по натпреварот, туку веднаш по голот. Беше неверојатно што не го признаа тој гол иако беше очигледен. Тој момент ја смени историјата на Милан. Со голот ќе го освоевме скудето, а големите играчи Златан Ибрахимовиќ и Тијаго Силва немаше да заминат тоа лето. Клубот ќе инвестира повеќе пари и ќе останевме конкурентни. Затоа тој ‘гол дух’ ја смени историјата на Милан“, вели Ночерино.
Од тој момент Милан има само еден пласман во топ-4 завршувајќи на третото место следната сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шекил: Сакам Симонс да ме научи како за 55 натпревари заработи 80 милиони долари
Изјавата на Шекил О’Нил во еден подкаст, во пресрет на почетокот на плеј-офот во НБА лигата, привлече големо внимание во САД.
Еден од најдобрите центри во историјата на кошарката, саркастично одговори на прашањето за кои играчи би платил карта да ги гледа во живо.
„Бен Симонс, затоа што сакам да научам како можеш да заработиш 80 милиони, а да одиграш само 55 натпревари. Научи ме човеку. Научи ме како можеш да одиграш 55 натпревари во три сезони и да добиеш 30 милиони, 40 милиони и уште 40 милиони само за да рекол дека го боли грбот“, рече четирикратниот шампион во НБА.
Симонс во 2016 година беше прв пик на драфтот, го избра Филалделфија, во чии редови беше до 2022 година кога се пресели во Бруклин Нетс. За Бруклин во првата сезона одигра 40 натпревари, а оваа само 15.
Спорт
Педри и Де Јонг ќе бидат подготвени за ПСЖ
Фудбалерите на Барселона, Педри и Френки де Јонг, најверојатно ќе се вратат во тимот за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
„Педри и Де Јонг се повредија на почетокот на месецот на мечот против Атлетик Билбао (0:0) во шпанското првенство, но се опоравија и би можеле да бидат во тимот за дуелот во Париз“, пишува „Мундо депортиво“.
Според оовј извор, Педри веќе почнал сам да тренира, а Де Јонг се уште е на рехабилитација, но наскоро ќе почне да тренира. Лекарскиот тим на Барселона е уверен дека тој ќе биде подготвен за натпреварот против ПСЖ на 10 април.
Андреас Кристенсен и Роналд Араухо имаат проблем со ситни повреди и најверојатно поради претпазливост ќе го пропуштат претстојниот првенствен натпревар во Барселона против Лас Палмас.
Спорт
Тренер на Лестер доби отказ – бил во врска со фудбалерка од тимот
Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внатрешна истрага било откриено дека го прекршил кодексот на однесување.
Британските медиуми објавија дека Кирк е под истрага за наводна врска со фудбалерка од тимот.
Кирк првично беше суспендиран, а сега е отпуштен, со што заврши неговиот двегодишен престој во клубот.
„По опсежни внатрешни дисциплински постапки и почитување на индивидуалната приватност, Вили го прекрши кодексот на однесување до степен што ја прави неговата позиција неодржлива“, велат од клубот.
Тој му се приклучи на Лестер во јули 2022 година како спортски директор и ја замени Лидија Бедфорд на клупата четири месеци подоцна. Лестер моментално е деветти на табелата во англиската лига.