Контакт

Спорт

Нотингем форест го елиминира Арсенал од ФА купот

Објавено пред

Фудбалерите на Арсенал не успеаја да ја минат третата рунда во ФА купот. Арсенал испаднаа од Нотингем форест. Во четвртото коло, „шумарите“ ќе играат против Лестер.

Арсенал со респектабилен состав настапија во Нотингем, но не успеаја во намерата да се пласираат во четвртот коло.

„Тобџиите“ беа подобриот тим на теренот, не искористија неколку шанси, најдобрата ја имаше Нкетија.

Казната тимот на Микел Артета го стигна во 83.минута кога Луис Грабан го постигна единствениот гол.





©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Ѓоковиќ лани основал компанија која бара лек против коронавирус

Објавено пред

Тенисерот Новак Ѓоковиќ се’ уште е во центарот на вниманието на светските медиуми поради депортацијата од Австралија, која и по два судски спорa не сакаше да го пушти невакциниран во земјата.

Сега е откриено дека Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена во јуни 2020 година ја основале компанијата „QuantBioRes A/S“, која, меѓу другото, се занимава со потрага за лек против коронавирус.

Компанијата „QuantBioRes A/S“ е регистрирана на 3 јуни 2020 година во Данска, далеку од очите на локалната јавност, објавија регионалните медиуми.

Официјалната веб-страница на данскиот централен деловен регистар содржи информации за основачите и сопствениците на компанијата, а се наведува дека Новак и Јелена Ѓоковиќ поседуваат вкупно 80 проценти од компанијата. Сопственоста на Новак е 40,8, а на Јелена 39,2 отсто. За директор на компанијата се споменува Иван Лончаревиќ, а меѓу тројцата членови на одборот на директори е и Новак Ѓоковиќ.

Исто така, на сајтот е објаснето дека станува збор за компанија која се занимава со производство на фармацевтски препарати.

Прикажи повеќе...

Спорт

Почина Лусија Херис, единствената жена драфтувана во НБА лигата

Објавено пред

Лусија Херис, првата жена која постигнала поени на Олимпијада и единствената жена која официјално беше драфтувана од еден НБА тим, почина на 66 години во нејзиниот роден Мисисипи, објави нејзиното семејство.

„Со жалење објавуваме дека нашиот ангел, матријарх, сестра, мајка, баба, олимпијка и ‘Кралица на кошарката’ почина неочекувано во Мисисипи“, објави нејзиното семејство.

Херис беше драфтувана од Њу Орлеанс џез (клубот кој потоа стана Јута џез) во седмата рунда во 1977 година, но не се обиде да заигра за тимот бидејќи била бремена во тој момент. Сан Франциско вориорс (денешните Голден Стејт), се обидоа да ја драфтуваат Денис Лонг во 1969 година, но НБА го блокираше овој потег.

Херис освои три американски титули со Делта Стејт универзитетот во 1970-тите и беше сребрена на Олимпијадата во Монтреал во 1976 година. Таа влезе во кошаркарската Куќа на славните во 1992 година.

Прикажи повеќе...

Спорт

Робињо ја загуби и последната жалба за пресудата за силување

Објавено пред

Поранешниот напаѓач на Милан и на Манчестер сити, Робињо ја загубил последната жалба против пресудата за силување и останува на сила неговата казна од 9 години затвор во Италија.

Бразилецот подолго време се бори преку италијанскиот праведен систем за инцидентот кој се случил во 2013 година додека тој беше фудбалер на Милан. Робињо и неговиот пријател Рикардо Фалко беа осудени на 9 години затвор за силување на 23-годишна албанска државјанка, иако поранешниот фудбалер инсистира дека се работело за „консензуален секс“.

Според „Кориере дело спорт“, Апелациониот суд во Рим, последниот систем во италијанскиот судски систем ја потврдил казната.

37-годишниот Робињо не е активен фудбалер откако Сантос го ослободи од договорот само шест дена откако го потпиша во октомври 2020 по притисокот на бразилската јавност поради пресудата во Италија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Регистрирани 2.051 нов случај на коронавирус, починаа 14 лица

Во последните 24 часа направени се 6.353 тестови, а регистриран е 2.051 нов случај на Ковид-19: Скопје – 1.027, Битола...

Македонија3 часа

„Спијте мирно, нема да ни го земат Банско“, рече Борисов по посетата на Петков

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов рече дека по вчерашната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје спиел мирно, бидејќи...

Македонија6 часа

Петков по посетата во Скопје: Постигнавме огромен успех

Вчерашната посета на Скопје беше огромен успех, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков пред новинарите во Народното собрание. „Од една страна...

Македонија6 часа

Горан Николовски го фати светиот крст во Скопје

Светиот крст кој беше положен во водите на реката Вардар во Скопје, годинава заврши во рацете на Горан Николовски. Точно...

Македонија7 часа

(Видео) Мицкоски: СДСМ да не ја продолжува агонијата и да одиме на избори

“Позади нас е една прилично тешка и предизвикувачка година. Година во која што имавме голем предизвик пред се со КОВИД...

Свет10 часа

Генералниот секретар на СЗО предупредува: Пандемијата не е ни блиску до крајот

Генералниот директор на Светската здравствена организација ги предупреди светските лидери дека пандемијата на коронарниот вирус „не е ни блиску до...

Македонија10 часа

Германија, Финска и Хонг Конг со нови Ковид протоколи за македонските државјани

Заради ситуацијата со Ковид 19- пандемијата, Сојузна Република Германија ја врати Република Северна Македонија на листата на ризични земји. Со...

Македонија1 ден

Рекордни 2.269 нови случаи на коронавирус во Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269...

Македонија1 ден

Учебната година ќе заврши на 10 јуни и покрај одложеното второ полугодие

Владата најави измена на наставните програми со цел учебната година да заврши стандардно на 10 јуни, и покрај тоа што...

Македонија1 ден

(Видео) Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, порача Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер

Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, со цел засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања....

Македонија1 ден

Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство, како што Македонија го признава бугарското

Германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот, ја поздрави денешната посета на Македонија на...

Македонија1 ден

Гаврил Бубевски избран за нов претседател на скопското Јавно обвинителство

Некогашниот специјален јавен обвинител, Гаврил Бубевски, стана шеф на скопското Јавно обвинителство, а неговиот колега од СЈО, Стевчо Донев, е...

Македонија1 ден

Бугарија го прифати краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше

Бугарија прифатила да го користи краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ова е...

Европа1 ден

Европскиот парламент доби нов претседател

Европскиот парламент доби нов претседател. Роберта Мецола е избрана за наследник на Дејвид Сасоли за претседател на Европскиот парламент освојувајќи...

Македонија1 ден

Со сертификат за вакцинација или прележана болест Македонците ќе може да влезат во Бугарија

Од 20 јануари македонските државјани ќе може да влезат во Бугарија. По интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на...

Свет1 ден

Тонга по ерупцијата и цунамито – поплавени острови, земјата и дрвјата покриени со пепел

Првите фотографии по ерупцијата на вулканот кај Тонга и цунамито што ги погоди островите во тој архипелаг ги прикажуваат земјата...

Македонија1 ден

(Видео) Зголемениот водостој на кејот на реката Вардар ги вознемири жителите на Аеродром

По телефонска дојава од страна на граѓани на 195, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во општина...

Македонија2 дена

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот...

Македонија2 дена

Владата на првата седница ги именува замениците на Ковачевски

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. На седницата...

Македонија2 дена

766 нови случаи на Ковид-19 и 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови,...

Досие