Спорт
Нов план на Ливерпул и Јунајтед: европска Премиер лига за најголемите и најбогатите
Само една недела откако не им успеа предлогот за кратење на Премиер лигата на 18 тима преку проектот „Биг пикчр“, англиските гиганти Ливерпул и Манчестер јунајтед имаат нов план – европска Премиер лига вредна 6 милијарди долари, открива британскиот „Скај њуз“.
Со англискиот проект тие сакаа да имаат повеќе влијание и моќ во англискиот фудбал, а со новиот проект 18 клуба од Англија, Франција, Германија, Италија и од Шпанија би формирале суперсилна лига веќе во 2022 година, проект што е директна конкуренција на Лигата на шампионите на УЕФА, иако според „Скај“, дури и ФИФА е вклучена во проектот.
Гигантот од „Волстрит“, „ЏП Морган“, ќе обезбеди 6 милијарди долари финансирање за почеток на проектот по што ќе ги собира парите од ТВ-договорите. Натпреварувањето со 18 клуба (од кои 5 од Англија) би одржувало мечеви во текот на нормалната европска клупска сезона по што би постоел и нокаут-финиш за шампион, кој би заработувал стотина милиони долари.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој долго време е поддржувач на формат на Супер лига на европската елита, е уште еден клучен човек во проектот, со низа шпански инвеститори, а двигатели на проектот се американските газди на Ливерпул (Џон Хенри) и на Манчестер јунајтед (семејството Глејзер).
Selon Sky News, Manchester United et Liverpool négocient avec les meilleurs clubs européens pour intégrer l’European Premier League, le projet de la FIFA pour remplacer la Ligue des champions https://t.co/Nav77qkjuc pic.twitter.com/C6tLDyqy2d
— L’ÉQUIPE (@lequipe) October 20, 2020
Ливерпул и Манчестер јунајтед бараат кратење на Премиер лигата на 18 клуба
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Куртоа се враќа до крајот на сезоната
Tренерот на Реал, Карло Анчелоти денеска изјави дека голманот Тибо Куртоа треба да се врати во тренажен процес за десет дена, пренесуваат шпанските медиуми.
На 20 март Куртоа беше опериран поради скинат менискус на десното колено. Шпанските медиуми потсетуваат дека белгискиот голман требаше да паузира до крајот на сезоната, но Анчелоти тврди дека Куртоа успешно се опоравува.
„Куртоа добро закрепнува, би можел да биде во тимот против Кадиз“, изјави Анчелоти.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Куртоа сигурно ќе го пропушти натпреварот против Реал Сосиедад во Ла Лига, како и првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн.
Натпреварот од 34. коло во шпанското првенство помеѓу Реал и Кадиз ќе се одигра на четврти мај во Мадрид.
Спорт
Евролигата нема да го толерира однесувањето на Атаман
Кошаркарската Евролигата се огласи по бурната реакција и изјава на Ергин Атаман по поразот на Панатинаикос од Макаби, во Атина на стартот од четвртфиналната серија.
Во соопштението на веб-страницата на елитното натпреварување, се нагласува дека е недозволиво Атаман да ги етикетира судиите, дека таков приситсок нема да биде толериран и дека е покрената дисциплинска постапка против тренерот на Панатинаикос.
За потсетување, Атаман веднаш по натпреварот потенцираше дека судиите му доделиле шест поени на Балдивин, бидејќи досудиле два непостоечки, смешни фаули при шут за три поени, но во исто време нагласи дека ПАО продолжува понатаму, до завршниот турнир во Берлин.
Атаман на прес-конференцијата отиде чекор понатаму, велејќи дека ќе го напушти Панатинаикос доколку не избори пласман на завршниот турнир.
Макаби води во четвртфиналната серија со 1-0, вториот меч се игра вечерва повторно во Атина, а потоа следуваат два натпревари во Белград – 30 април и 2 мај, а евентуалната мајсторка ќе се игра на 8 мај во Атина.
Спорт
Гвардиола за Жоао Кансело: Ќе видиме на крајот на сезоната
Жоао Кансело е член на Манчестер Сити, а моментално е на позајмица во Барселона до крајот на сезоната. Прашање е дали Барселона сака да го отткупи неговиот договор, откако Португалецот беше означен како еден од главните виновници за елиминацијата од ПСЖ од Лигата на шампионите и поразот од Реал во Ел Класико.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека на крајот на сезоната ќе одлучи дали Кансело ќе се врати во клубот, пренесуваат британските медиуми.
„Се уште не сме разговарале за иднината на Кансело во нашиот клуб. Ќе разговараме на крајот на сезоната“, изјави Гвардиола.
Кансело (29) е член на Манчестер Сити од 2019 година. Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.
Вториот дел од минатата сезона Кансело го мина на позајмица во Баерн, а потоа Манчестер Сити го испрати португалскиот фудбалер на едногодишна позајмица во Барселона.
Кансело оваа сезона одигра 36 натпревари за Барселона и постигна четири гола.