Контакт

Спорт

Нов пораз за Џенова, Пандев доби десетина минути

Објавено пред

Џенова не успеа да го комплетира камбекот и да стигне барем до поен на гостувањето кај Торино губејќи со 3:2 за петти пораз во новата сезона во Серија А поставувајќи притисок на вечниот тренер на Грифоне, Давиде Балардини.

Торино во првото полувреме стигна до брзо водство – во 14. минута Антонио Санабрија ги донесе „биковите“ во водство за во 31. минута Томасо Побега да зголеми на 2:0. Матија Дестро во 69. минута даде надеж за камбек на Џенова, но само осум минути подоцна Јосип Брекало му ја врати предноста од два гола на Торино.

Горан Пандев доби шанса во 80. минута од мечот и веднаш по неговото влегување, Фелипе Каиседо успеа да намали на 3:2, но на крајот Џенова го забележа петтиот пораз во девет кола во Серија А, со што останува на претпоследното место со само шест освоени поени. Торино со победата ја прекина низата од пет меча без победа за да скокне на 10. место со 11 поени.

Спорт

Ибрахимовиќ: Чалханоглу искористи трагична ситуација

Објавено пред

Златан Ибрахимовиќ, во својата нова книга „Адреналин“, пишува за поранешниот соиграч од Милан, Хакан Чалханоглу.

Турскиот репрезентативец, во летниот преоден рок како слободен играч од Милан се пресели во Интер.

„Треба да бидеме благодарни за се што направи во Милан и да му посакаме се најдобро во иднина. Чалха искористи трагична ситуација. Ериксен имаше проблеми со срцето, на Интер му беше потребен таков играч и се отвори позиција за Хакан. До тој момент немаше понуди од други клубови. Добро момче е тој, многу напредуваше покрај мене. Стекна многу храброст и самодоверба“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Адејеми ја одбил Барселона, ја прифатил понудата од Дортмунд

Објавено пред

Играчот на Салцбург и репрезентативец на Германија, Карим Адејеми, кариерата ќе ја продолжи во Борусија Дортмунд. Адејеми, проценил, дека неговата кариера подобро ќе се развива во Дортмунд, отколку во Барселона.

Долго време траат шпекулациите околу Адејеми. Барселона не го крие интересот, тренерот Чави неговиот трансфер го означил како приоритет и тоа во јануарскиот преоден рок, меѓутоа „Блауграна“ нема да го добие овој играч.

„Скај спорт“, тврди дека Адејеми ја прифатил понудата од Дортмунд и дека неговиот трансфер е речиси завршен.

Напаѓачот до крајот на сезоната ќе игра во Салцбург, а потоа ќе се пресели во Дортмунд како заменеа за Ерлинг Халанд.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ѓоковиќ ќе игра на АТП купот во Сиднеј

Објавено пред

Новак Ѓоковиќ ќе ја предводи Србија на АТП купот во Австралија. Ова репрезентативно натпреварување ќе се одржи од 1. до 9.јануари во Сиднеј. Учеството на Ѓоковиќ го потврди АТП.

Учеството на АТП купот со голема веројатност значи дека Ѓоковиќ ќе учествува и на Австралија опен.

АТП купот се одржува во Сиднеј, во државата Нов Јужен Велс, каде што епидемиолошките мерки за влез не се толку ригорозни како што се во државата Викторија во која се наоѓа Мелбурн.

Србија ќе биде во А-групата на АТП купот, а противници ќе и бидат Шпанија, Норвешка и Чиле.

Групата Б ја предводи бранителот на титулата Русија. Во групата се Австрија, Австалија и Италија.

Германија, Канада, Велика Британија и САД се во Ц-групата, а Грција, Полска, Аргентина и Грузија се во групата Д.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Тетово времено го укина јавниот превоз, од општината велат дека претпријатието е во хаос

Јавниот автобуски превоз во Тетово е времено стопиран по четири месеци. Општина Тетово како причини за прекинот го наведе работењето...

Македонија37 минути

Ангел Димитров: Република Северна Македонија не е подготвена да почне преговори за членство во ЕУ

Тешко е дека постои земја што повеќе од Бугарија би посакувала пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Но,...

Европа57 минути

Компанијата „Фајзер“ обвинета за ширење лаги за вакцината на „Астра зенека“, дури и дека предизвикува рак

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ е обвинет дека подмитувал експерти за да ја дискредитираат вакцината против Ковид-19 на „Астра зенека“, пренесуваат светските...

Свет2 часа

СЗО: Крвната плазма да не се користи во третманот на болните од Ковид-19

Крвната плазма земена од оздравени пациенти не треба да се користи во третманот на луѓе заболени од Ковид-19, а кои...

Свет3 часа

Путин и Бајден преку видеоврска за многубројни прашања

Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џо Бајден денеска ќе имаат виртуелен самит на кој ќе разговараат за бројни...

Свет4 часа

САД ги предупреди граѓаните за Божик да не патуваат во Франција и Португалија

САД ги повикаа своите граѓани да избегнуваат да патуваат во десетина земји, вклучително и Франција и Португалија, поради зголемениот број...

Свет4 часа

(Видео) Силно невреме направи хаос на Хаваите – поплавени улици, откорнати далноводи

Силно невреме проследено со силен ветер и екстремно силен дожд денеска ги поплави патиштата и ги откорна далноводите на Хаваите....

Топ16 часа

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово. „Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена...

Регион17 часа

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот...

Свет17 часа

Кортунов: Не е веројатен компромис помеѓу Бајден и Путин

Андреј Кортунов, претседател на рускиот совет за надворешни работи, кој е близок до Министерството за надворешни работи, рече дека двете...

Регион17 часа

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен. Новото правило...

Македонија18 часа

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет21 час

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Македонија22 часа

Нови 101 случај на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случај на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци...

Македонија1 ден

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, пред членството на партијата во Општина Карпош ја презентира својата изборна...

Македонија1 ден

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Со нашите европски партнери работиме за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник на државниот секретар...

Регион1 ден

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира влада“

Времето на едноличната премиерска власт заврши, истакна бугарскиот претседател Румен Радев пред претставниците на „Промената продолжува“, а за време на...

Економија1 ден

Бесими го достави дополнетиот предлог-буџет за следната година

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска го достави дополнетиот предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој...

Европа1 ден

Следната пандемија би била посмртоносна од Ковид-19, предупредува креаторката на „Астра зенека“

Идните пандемии би можеле да бидат посмртоносни од сегашната криза предизвикана од Ковид-19, предупреди Сара Гилберт, професорка на Универзитетот „Оксфорд“...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 15 загинати и голем број исчезнати по силната ерупција на вулканот Семеру

Индонезискиот вулкан Семеру и денеска продолжи да исфрла големи количества пепел, неколку дена по силната ерупција, во која загинаа 15...

Досие