Спорт
Нов пресврт: Дембеле ќе остане на „Камп Ноу“
Сагата околу иднината на Осман Дембеле ќе добие нов пресврт. Според „Мундо Депортиво“, Французинот е многу блиску до потпишување нов договор со Барселона и останување на „Камп Ноу“. Неговиот актуелен договор истекува за една седмица, а клубот веќе гледаше на него како на сигурно заминување и тренерот Чави кроеше планови за новата сезона без него. Сепак, самиот играч изрази желба да остане.
Иницијативата не доаѓа од Барселона, туку од самиот играч. Од клубот категорично изјавија дека нема да се променат условите кои Дембеле веќе ги одбил повеќепати, но понудата останува на сила и Французинот може повторно да го потпише договорот.
Всушност, на крајот од минатата сезона напаѓачот во соблекувалната покажа дека сака да остане, но досегашното однесување на неговиот агент не беше во склад со зборовите на играчот.
И покрај тоа што Барселона е изненадена од промената на ситуацијата, клубот е речиси убеден дека Дембеле ќе потпише нов договор. Ова ќе го ослободи Чави од потребата да доведе нов крилен напаѓач во летниот преоден рок.
Рафиња беше една од целите на Барселона, како и искусниот Анхел Ди Марија, кој беше понуден како краткорочно решение. Позитивниот расплет на случајот со Дембеле ќе му даде можност на клубот да се фокусира на реализација на една од другите големи цели – Роберт Левандовски, Жул Кунде или Бернардо Силва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вернер се враќа во Лајпциг

Тимо Вернер го напушта Челзи и се враќа во Лајпциг, објави германски Скај. Во 2020 година Вернер дојде во лондонскиот клуб од Лајпциг за 53.000.000 евра. Сепак, тој во ниту еден момент не ја „најде“ формата, која му обезбеди место во германската репрезентација. Скај тврди дека германскиот прволигаш ќе го врати за 30.000.000 евра.
Клубовите експресно го договорија трансферот. Важно е што фудбалерот сакал да го напушти Челси. Причина за тоа е СП во Катар. Вернер сака редовно да игра за да избори место во репрезентацијата која ќе се натпреварува на мундијалот.
Истиот извор тврди и дека тој не бил во најдобри односи со тренерот на Челзи, Томас Тухел.
Јувентус се обиде да го доведе и 26. годишниот Вернер, кој постигна 23 гола на 89 натпревари за Челзи. Минатата година забележа 15 настапи и само четири пати постигна гол.
Спорт
Алпин не е заинтересиран за Рикардо

Отмар Шафнауер, првиот човек на Алпин, истакна дека Даниел Рикардо не е во нивните планови за следната сезона.
„Не го сакаме Рикардо во Алпин“, кратко изјави Шафнауер.
Алпин влета во центарот на вниманието кога беше објавено дека Фернандо Алонсо ќе го напушти тимот следната сезона и ќе вози за Астон Мартин. Веднаш потоа се појави информација дека на негово место ќе дојде Оскар Пјастри.
Австралиецот веднаш ги демантираше тие шпекулации, во моментов тој е најблиску до тимот на Мекларен, каде следната година треба да го замени токму Рикардо.
„Доколку Пјастри не биде дел од тимот, нема проблем. Има многу квалитетни возачи кои ја чекаат својата шанса“, изјави Шафнауер.
Спорт
Милионерот Брејтвајт нема намера да ја напушти Барселона
Барселона направи неколку одлични зделки во преодниот рок, но има голем проблем, поради финансискиот фер-плеј, не може да ги регистрира засилувањата. Барселона го има надминато лимитот за плати, за да може да ги регистрира новите играчи мора да се ослободи од неколку фудбалери од актуелниот состав.
Еден од оние на кои клубот не смета е Данецот Мартин Брејтвајт. Тој има уште две години од договор, но не сака да го напушти клубот. Брејтвајт е означен како виновник број еден за лошата политика на клубот. Се отиде дотаму што на претставувањето на тимот беше единствениот кој доби свирежи од публиката на „Камп Ноу“.
Чави на крајот од минатата сезона му кажа дека повеќе не смета на него, поради што не беше на подготовките во САД.
Данецот е подготвен да замине, но само под услов клубот да му ги исплати во целост последните две години од договорот. Станува збор за сума од 9.000.000 евра.
Интересно е што Брејтвејт е мултимилионер. Тој инвестирал во бизниси во САД и според „Форбс“ неговото богатство се проценува на 250 милиони евра.
Во својата кариера играше за Тулуз, Мидлсброу и Леганес, од каде дојде во Барселона за 18.000.000 евра, во февруари 2020 година.