Спорт
Нов удар за Попович и САД – се повреди Кајл Лаури!
Американската кошаркарска репрезентација остана без уште едно големо име, од составот за СП во Кина отпадна и ветеранот Кајл Лаури, плејмејкерот на НБА шампионот, Торонто Репторс. Тој не успеа навреме да се рехабилитира од повредата на палецот на левата рака.
Од поодамна се дозна дека својот настап на Мундобаскетот го откажаа ѕвездите Џејмс Харден и Ентони Дејвис.
„Се надевав дека ќе бидам подготвен за турнирот, но не успеав да се вклучам во кошаркарските активности. Се надевав дека ќе можам да и се ставам на располагање на мојата земја во походот по златото. Сакам да играм за американската селекција, но овој турнир морам да го пропуштам и да навивам за момците од дома“ – изјави Лаури.
Ден пред неговото откажување од селекција, тимот предводен од Грег Попович го напушти и Марвин Бегли од Сакраменто Кингс.
Сега селекторот на располагање има 15 играчи, а конечниот список ќе мора да го заклучи со 12. Конечната одлука кои играчи ќе патуваат за Кина може да се окончаат на 2 дена пред почетокот на Мундијалот, што значи дека списоците мора да се затворат до 29. август.
САД на СП е во група со Турција, Чешка и Јапонија.
Првиот меч Американците го играат против Чесите на 1 септември. Двете најдобри селекции од групата ќе се пласираат во вториот дел од групната фаза каде ќе е спојат со двете најдобри во групата Ф каде се Грција, Нов Зеланд, Бразил и Црна Гора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…