Спорт
Новата „десетка“ Фати со гол во камбекот – Барса не е „мртва“!
По сите критики и крајно неубедливото реми на гости кај Кадиз, Барселона на Роналд Куман се созеде и со одлично прво полувреме забележи 3:0 победа над Леванте во седмото коло на шпанската Ла лига.
Поените беа обезбедени во првите петнаесет минути од мечот. Прво Мемфис Депај беше прецизен од белата точка уште во шестата минута од мечот, пред Лук де Јонг, толку критикуваното засилување на Каталонците да го постигне својот прв гол за Блауграна во 14. минута. Во првото полувреме, Барселона имаше уште неколку шанси за гол, додека Леванте, за кои не играше повредениот Енис Барди, имаше навистина слаб меч. Точка на мечот стави Ансу Фати, новата „десетка“ на каталонскиот клуб, за кого ова е прв меч по долгата пауза поради повреда
Ова е трета победа за Барса во новата сезона, со кои се на 5. место со 12 поени, пет зад лидерот Реал Мадрид, иако Каталонците имаат натпревар помалку. Победата доаѓа во совршено време за Куман, кој според шпанските медиуми има уште неколку меча да ја крене формата или го очекува отказ. Леванте, пак, во седум кола нема победа оваа сезона – четири ремија и три порази.
ЛА ЛИГА, 7.КОЛО
Барселона – Леванте 3:0
Мајорка – Осасуна 2:3
Ansu fati back ?pic.twitter.com/HFdu7sjjvB
— dan (@avfcdann) September 26, 2021
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-37223”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Компани ќе ја засили одбраната со поранешниот соиграч
Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, има голема желба да го донесе во својот тим, поранешниот соиграч, Џон Стоунс.
Англискиот репрезентативец, пред две недели објави дека нема да го продолжи договорот и дека во летниот преоден рок ќе го напушти Манлчестер Сити.
Стоунс наскоро ќе наполни 32 години, поради што Компани смета дека неговото искуство може да донесе дополнителен квалитет во неговиот тим.
Привлечно за Баерн е што Сотоунс би го добиле без обесштетување, но потенцијален проблем можат да бидат повредите.
Англичанецот пропушти голем број натпревари во последните две сезони. Поради повредите на мускулот, стапалото, препоните, Стоунс одигра само 19 натпревар.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Емери во елитно друштво… со Трапатони, Мурињо и Анчелоти
Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, стана четвртиот менаџер во историјата на УЕФА кој освоил пет европски трофеи.
Емери со причина се нарекува „Кралот на Лигата на Европа“, бидејќи вечерва успеа да го освои овој трофеј петти пат во кариерата.
Прво три пати по ред славеше со Севилја (2014, 2015, 2016), еднаш со Виљареал (2021) и сега со Астон Вила (2026). Само еднаш загуби финален меч во Лига Европа, со Арсенал во 2019 година.
Подвиг за восхит.
Но тоа не е сè. Откако го победи Фрајбург (3:0) со Астон Вила и повторно ја освои Лигата на Европа, шпанскиот стручњак стана четвртиот тренер во историјата кој освоил пет Европски Купа.
Пред Унаи Емери, пет европски трофеи освоија двајца познати Италијанци и еден познат Португалец.
Прво, Џовани Трапатони – со Јувентус еден Куп на шампиони (1985), два Купа на УЕФА (1977, 1993) и Куп на победници на купови (1984) и со Интер Купот на УЕФА (1991).
Потоа Жозе Мурињо – две Лиги на шампиони со Порто (2004) и Интер (2010), Куп на УЕФА со Порто (2003), Лига Европа со Манчестер Јунајтед (2017) и Лига на Конференции со Рома (2022).
И конечно Карло Анчелоти – пет Лиги на шампиони – две со Милан (2003, 2007) и три со Реал Мадрид (2014, 2022, 2024).
Секако, Лигата Европа нема иста тежина како Лигата на шампиони, но секако е голем успех за Емери да биде во одбрано друштво со некои од најголемите тренери на сите времиња во однос на бројот на европски трофеи.
Foto/ EPA
Спорт
Луис Енрике: Арсенал се најдобри во светот кога играат без топка
Одбројувањето до кулминацијата на сезоната започна – финалето на Лигата на шампионите ќе се одигра на 30 мај,на „Пушкаш Арена“, во Будимпешта.
Тренерот на новиот/стариот шампион на Франција и новиот/стариот финалист на Лигата на шампионите на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, разговараше со новинарите, десет дена пред натпреварот на сезоната, за предизвикот наречен Арсенал.
На прашањето, каков ефект врз играта на Арсенал, ќе има фактот дека станаа шампиони на Англија, Енрике одговори:
„Никој не знае. Заслужија да ја освојат титулата, имаа неверојатна сезона. Имаме искуство против Арсенал и Микел Артета, ја знаеме нивната способност да играат со и без топка, тие се најдобриот тим во светот. Тоа е многу привлечна комбинација. Ако не примите гол, а постигнете гол, тоа е фантастично. Ќе биде тешко финале, два тима ќе влезат со различен пристап. Може да биде одлично финале.“
Шпанскиот стратег зборуваше во суперлативи за работата на Артета во сите претходни години на клупата на Арсенал. Тој тврди дека неговиот сонародник го вратил победничкиот менталитет во тимот.
„Тој го донесе тој победнички менталитет во Арсенал. Топџиите напредуваат под негово водство веќе неколку сезони. Тие се многу добри со топката. Не секогаш имавме посед против нив. Без топката, тие се најдобриот тим во Европа. Тие се шампиони на Англија. Не стигнаа до финалето минатата година затоа што ги елиминиравме. Артета е одличен тренер. Тој беше во многу добра позиција да учи со Пеп Гвардиола во Манчестер Сити. Она што го всадува е натпреварувачки дух и тие се одличен противник. Го познавав како играч во Барселона пред да оди во Париз. Нивната статистика е неверојатна. Игравме против нив три пати“.
Тој очекува спектакл од финалето.
„Ќе биде возбудливо финале. Едвај чекаме да го играме. Бев таму последниот пат кога загубија, како навивач на Барса, со мојот син. Беше добро затоа што Барса победи (се насмевнува).Се надевам дека ќе победиме, но ќе биде тежок натпревар. Ќе ја имаме поддршката од нашите навивачи, тие се неверојатни. Ќе имаме предност затоа што се неверојатни. Ќе се обидеме да покажеме колку е одличен фудбалот.“
Foto/ Depositphotos
