Контакт

Спорт

Нови два гола за Халанд, Дортмунд го декласираше Фрајбург

Објавено пред

Борусија Дортмунд го продолжува „ловот“ на германскиот лидер Баерн Минхен, доминирајќи над Фрајбург за 5:1 победа во меч во кој блесна Томас Муние и неизбежниот Ерлинг Халанд со по два постигнати голови.

Муние во 14. минута и 29. минута со два гола го најави убедливиот триумф на „милионерите“, по што на сцена стапи Халанд, човекот околу кого има толку многу шпекулации за трансфер во последно време. Норвежанецот прво во финишот на полувремето зголеми на 3:0, па откако Ермедин Демировиќ во 61. минута намали на 3:1, го постигна и четвртиот гол за домаќините во 75. минута. Махмуд Дау во 86. минута го комплетираше „демолирањето“ на Фрајбург.

Халанд со овие два гола има постигнато вкупно 78 голови во дресот на клубот од Дортмунд во само 77 меча.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-42-37166”));

Standings provided by SofaScore LiveScore



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Германија во финишот ја победи Русија во меч за престиж

Објавено пред

Русија се врати во второто полувреме, но повторно потфрли во финишот на мечот за да загуби со 30:29 (16:12) од Германија во меч за престиж на Европското првенство во Унгарија и Словачка, откако двете репрезентации одамна ги загубија шансите за полуфинале.

Германците беа убедливи во првото полувреме правејќи предност од четири гола на полувремето, но тимот на Велимир Петковиќ успеа да се врати и да дојде до водство со 26:25 пред во последниот германски напад Патрик Цикер да постигне прекрасен гол со цепелин за 30:29. Русија го имаше последниот напад, но не успеа да избори реми.

Цикер, Јоханес Битер и Тобијас Рајхман имаа по пет гола за Германија, а Сергеј Косоротов со осум гола беше најдобар во рускиот тим.

 

Прикажи повеќе...

Спорт

Сенегал во полуфинале по контроверзната победа над Кабо Верде

Објавено пред

Сенегал стигна до 2:0 победа над аутсајдерот Кабо Верде (Зелено’ртски Острови) за да се пласира во четврт-финалето на Африканскиот куп на нациите во уште еден контроверзен меч на континенталното натпреварување.

Кабо Верде остана со играч помалку по само 21 минута игра кога Андраде доби црвен картон, но фаворизираните Сенегалци не успеаја да дојдат во предност. Клучниот и најконтроверзен момент се случи во 67. минута кога Садио Мане беше во шанса пред голот на противниците, а голманот Жозе Возиња излезе од шестнаесетникот и следуваше страшен удар со главите меѓу двајцата фудбалери.

Возиња беше очигледно дезориентиран од ударот и се расправаше со своите соиграчи и со лекарскиот тим, но алжирскиот судија Бенбрахам Лалу реши да му додели црвен картон оставајќи го Кабо Верде со девет играчи на теренот. Мане, и покрај ударот, остана на теренот и во 63. минута го постигна водечкиот гол за Сенегал, но очигледно не можеше да продолжи и седум минути подоцна беше повлечен од игра. Младиот напаѓач на Олимпик Марсеј, Бамба Диенг, во 92. минута ја искористи предноста на Сенегал да постигне уште еден гол за сигурен пат во четврт-финалето.

ОСМИНА-ФИНАЛЕ, АФЦОН 2022

Сенегал – Кабо Верде 2:0

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ, АФЦОН 2022

Буркина Фасо – Тунис

Гамбија – Камерун

Сенегал – Мали/Екваторска Гвинеја

Брег на Слонова Коска/Египет – Мароко/Малави

Страшен судир со глава на Садио Мане со голманот Возиња!

Прикажи повеќе...

Спорт

„Газета“ се прашува: Како Јуве може да си дозволи 125 милиони евра за Влаховиќ?

Објавено пред

Душан Влаховиќ во следните 48 часа ќе стане фудбалер на Јувентус по што италијанскиот спортски весник „Газета дело спорт“ го поставува најинтересното прашање – како италијанскиот шампион може да си дозвили да даде 125 милиони евра за српскиот напаѓач.

Повеќе италијански извори посочија дека договорот е вреден 67 милиони евра плус лесни бонуси, кои ја креваат цената на 75 милиони евра, иста сума што беа подготвени да ја дадат и Арсенал, Њукасл, Тотенхем и Атлетико Мадрид.

Според „Газета“, заедно со платата и со сите трошоци, Влаховиќ ќе го чини Јувентус фантастични 125 милиони евра, што е зачудувачка сума за клуб што имаше дефицит од 210 милиони евра во сезоната 2020/2021.

Нивното објаснување е дека за Јувентус ова е неопходна инвестиција за да се избегне поголема загуба, како неуспехот да влезат во Лигата на шампионите, која носи 80 милиони евра од сезона. Покрај тоа, договорот може да е сличен на тој што го склучија со Фиорентина за Федерико Киеза и со Сасуоло за Мануел Локатели со ширење на трошоците на повеќе години и рати. Зголемувањето на капиталот од 400 милиони евра, усвоен неодамна, ќе помогне да се исплатат долговите и ќе се обезбеди 80-ина милиони евра за трансфери.

Сепак, „Газета“ тврди дека ќе мора да се штеди на други места – ќе им се понудат пониски плати на фудбалерите, со кои се преговара за нови договори, а најголема жртва може да биде Пауло Дибала, кој неодамна призна дека неговите преговори со клубот се одложени за февруари, по крајот на преодниот рок.

Влаховиќ е пред трансфер во Јувентус – во 2020 одлучил да го облече дресот на великанот од Торино

 

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 минути

Возачот е виновен за автобуската несреќа кај Струма, заклучи бугарското обвинителство

Бугарското обвинителство ја заврши истрагата за автобуската несреќа на автопатот Струма во која загинаа 45 македонски државјани. Заменик-главниот обвинител Борислав...

Регион57 минути

Милановиќ: Хрватски војници нема да одат во Украина

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска изјави дека ако дојде до ескалација, Хрватска ќе ги повлече сите свои војници од...

Македонија3 часа

Рекордни бројки: 2.341 новозаразен од коронавирус, починале 26

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет3 часа

(Видео) Насилни протести во Киев – демонстранти се обидоа да влезат во парламентот

По протестот во Киев, избувна тепачка меѓу насобраните и полицијата. Неофицијално, има и загинати. Претприемачите, кои бараа даночни олеснувања, се...

Македонија4 часа

Ковачевски – Радев: Преку дијалог да дојдеме до решенија што ги почитуваат европските вредности и достоинството на двата народи

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, придружуван од Артан Груби – прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички...

Европа6 часа

Oд 1 февруари нови правила за патување во рамки на ЕУ

Советот на ЕУ усвои ревидирана препорака за мерките кои влијаат на слободното движење за време на пандемијата Ковид-19, според која...

Македонија7 часа

Кривични за градоначалникот Пецаков и секретарот Китески, место да се изолираат отишле на прославата на Водици

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој по тестирањето за Ковид-19 не се...

Македонија7 часа

(Видео) Ковачевски и Петков задоволни од меѓувладината седница и плановите на петте работни групи

Премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков на прес-конференцијата од крајот на заедничката седница на Владите на Северна Македонија и Бугарија...

Македонија8 часа

Почина маестро Александар Џамбазов

Денеска во Скопје на 85-годишна возраст почина диригентот и композитор Александар Џамбазов, објави Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ). „Сојузот...

Македонија9 часа

Милошоски: Османи во Собранието да ги презентира македонските одговори на бугарските барања

Со писмо упатено до министерот за надворешни работи бараме да дојде пред Комисијата за надворешна политика во Собранието и да...

Македонија10 часа

Рашковски тврди дека го местат и побара Наќе Чулев да сведочи за софтверот

Ексгенералниот секретар Драги Рашковски тврди дека обвинителката Ивана Трајчева на компјутерски програм си пишувала пораки што ги прикажала како негова...

Македонија11 час

(Видео) Ковачевски – Петков: Напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во...

Македонија12 часа

Минатата недела регистрирани 11.610 нови случаи на Ковид-19

Регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела...

Македонија12 часа

Препорака за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена

Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната...

Свет12 часа

Украинскиот министер призна: Немаме информации дека Русија подготвува офанзива

Вооружените сили на Русија досега не формирале ниту една ударна група, што би укажало дека се подготвува напад на Украина,...

Свет13 часа

Џозеф Бајден фатен како пцуе новинар на Фокс откако го праша за инфлација

Американскиот претседател Џо Бајден беше фатен во понеделникот како пцуе новинар на „Фокс њуз“ на настан во Белата куќа, откако...

Свет23 часа

Контингент од 8.500 војници во САД е во состојба на готовност поради ситуацијата во Украина

Американската војска денеска соопшти дека контингент од 8.500 војници е во целосна готвоност и е подготвен да биде распореден во...

Свет24 часа

СЗО: Условите се идеални за појава на нови варијанти на вирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека би било опасно да се мисли дека екстремно заразниот...

Македонија1 ден

Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков...

Досие