Спорт
Новости поврзани со Лука Јовиќ – Реал го позајмува во Неапол?

Само еден ден по шампионската титула на Реал Мадрид, од „кралскиот клуб“ пристигнуваат вести поврзани со кариерата на Лука Јовиќ
За 25 меча во белиот дрес, Србинот постигна 2 гола, па станува јасно дека сигурно си заминува од „Бернабеу“.
Имаше шпекулации дека напаѓачот кариерата ќе ја продолжи во Милан, се споменуваше и Манчестер јунајтед, но се чини дека има промена во вестите што доаѓаат од Шпанија.
За услугите на Јовиќ е заинтересиран Наполи, каде што настапува македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас.
Информациите од Неапол се дека клубот веќе преговара со потенцијална замена за Аркадијуш Милик. Се работи за Нигериецот Виктор Осимхени.
Како план Б италијански „Кориере дело спорт“ пренесува дека е токму Јовиќ, кој би стигнал на заем.
Засега останува отворено прашањето за судбината на српскиот фудбалер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Троицки: Ужас, катастрофа. Да знаев немаше да дојдам на Австралија опен

Виктор Троицки, селектор на Девис куп репрезентацијата на Србија, не е задоволен од условите во кои се наоѓаат играчите пред почетокот на Австралија опен. Во интервју за „Спортски журнал“, рекол дека се во Мелбурн е катастрофа и дека поради карантинот во кој се наоѓа ќе има проблеми со формата понатаму во сезоната.
„Ова е ужас, тотален хаос. Затворен сум две недели, не смеам да излезам од собата. Нема тренинзи, нема ништо. Ми пропадна Гренд слемот, па не можам седејќи во соба да се подготвувам за меч во пет сетови“, рекол Троицки.
„Ужас, катастрофа. Да знаев, немаше да дојдам“.
Организаторот на тенисерите не им најави дека ги чека 14-дневен карантин, туку тие требаа да имаат неколку часа во денот за тренинзи.
„Паѓаат во вода претходните подготовки. Две недели лежење. Сигурно е дека во следните месец и пол нема да можам да се вратам во форма. Ова ми прави хаос во кариерата“, заклучил Троицки.
За потсетување, пред два дена беше објавено дека сите тенисери, тенисерки и членовите на струшните штабови, кои во Мелбурн пристигнале со чартер-летот од Лос Анџелес, мра да бидат во строг карантин, бидејќи двајца од патниците биле позитивни на коронавирусот.
Инаку, Троицки, во Доха играше квалификации за пласман на Австралија опен. Со три победи тој избори настап на турнирот.
Спорт
943 дена е играч на Реал, утре ќе дебитира за првиот тим

Андриј Лунин играч на Реал е од јули 2018 година но се уште нема дебитирано за првиот тим. Брилијантните настапи на Светското првенство за играчи до 20 години, му го овозможија трансферот во „кралскиот клуб“. Реал, во 2018 година за голманот Лунин, на Зорија им платија 8,5 милиони евра.
Андриј Луни со Реал потпиша пет годишен договор, но не успеа да се избори за место во тимот, во конкуренцја на врвните голмани Кејлор Навас и Тибо Куртоа.
Реал го испрати Лунин на позајмица во Леганес, каде што бранел на седум натпревари, потоа бранел два натпревари за Ваљадолид, а вториот дел од минатата сезона ја мина во Овиедо.
Реал на почетокот на оваа сезона решија да го промовираат во втор голман.
Според најавите на шпанските медиуми, Лунин утре ќе дебитира за првиот тим на Реал, на натпреварот во Купот на Шпанија, против Алкојано.
Ниту еден играч на Реал не чекал толку долго за да дебитира за првиот тим. Лунин е играч на Реал точно 943 дена.
Спорт
Алаба и Реал потпишале преддоговор

Давид Алаба потпишал преддоговор со Реал Мадрид, тврди „Марка“. Според овој извор, Австриецот, синоќа, во присуство на докторот на Реал ги минал лекарските прегледи.
Алаба потпишал четири годишен договор со Реал, а како што пишува „Марка“ ќе има плата од 11 милиони евра по сезона. Австриецот во Реал ќе пристигне во јули.
Давид Алаба е играч на Баерн веќе 13 сезони, во Минхен е од 2008 година, а член на првиот тим стана во 2010 година.
За Баварците одиграл 408 натпревари, постигнал 32 голови.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира