Спорт
Објавени првите фотографии од прототипот за Ф1 болид од 2021 (галерија+видео)
Формула 1 ги објави првите фотографии од прототипот за 2021 година во воздушен тунел, прв доказ за новата генерација на болиди.
Сегашните правила во Ф1 завршуваат по сезоната 2020, до која трае таканаречениот „Конкорд договор“ и шефовите на спортот се надеваат дека со новите правила ќе има болиди со кои ќе има повеќе претекнувања и поблиско тркање. Шефот за спортски правила на Ф1, Рос Браун собра тим кој ги анализира сите податоци за да се стигне до оваа цел, и тој предлог ќе биде доставен на тимовите за одобрување во октомври.
Најголема задача е да се процени таканаречениот „валкан воздух“ зад болидите, бидејќи ако се произведува овој турбулентен воздух ќе има големи проблеми за претекнување.
„Нашето тестирање во воздушниот тунел е малку поинакво од тоа што го прават тимовите, кои се концентрираат на силите околу болидот, додека ние размислуваме за тоа што се случува подалеку од болидот. Компјутерската технологија е напредната , но воздушниот тунел дава повеќе податоци“, изјави Пет Симондс, техничкиот директор на Ф1.
Rolling into life ?
The 2021 #F1 car model was tested in the wind tunnel and discovered some promising findings ? pic.twitter.com/p3qz8bBAMj
— Formula 1 (@F1) August 22, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.
Спорт
Помошникот на Артета ќе го преземе Феенорд?
Челниците на Феенорд се свесни дека тренерот Арне Слот ќе го напушти клубот во летниот преоден рок.
Англиските медиуми пренесуваат дека тој ќе го наследи Јирген Клоп во Ливерпул. Овие извири тврдат дека двете страни се блиску до конечен договор.
Ливерпул ќе треба да му плати на Феенорд десет милиони евра како обештетување, бидејќи Слот има уште две години од договорот со клубот од Ротердам.
Замената за Слот, како што пишува холандскиот весник „АД“, Феенорд ќе ја донесе од Арсенал. Според овој извор, нов тренер на Феенорд ќе биде асистентот на Микел Артета во Арсенал, Алберт Стуивенберг (54).
Стуиенберг, работел во јуниорските категории на Феенорд, потоа во Англија му беше помошник на Луис ван Гал во Манчестер Јунајтед.
Тој е со Артета во Арсенал од 2019 година, а доколку биде ангажиран во Феенорд, тоа би му била прва самостојна работа.
Спорт
Удинезе и Рома го завршија прекинатиот натпревар, славеа гостите
Фудбалерите на Удинезе и Рома го завршија прекинатиот натпревар од 32. коло во италијанската Серија А. Гостите од Рим славеа со гол во судиското надополнување со 1:2.
Натпреварот кој се играше на 14 април беше прекинат во 72. минута, откако дефанзивецот на Рома, Еван Ендика колабираше на теренот. Вечерва се одиграа преостанатите 18 минути.
Од 72.минута дуелот продолжи со резултат 1:1. Рома забележа значајна победа со голот на Брајан Кристанте во судиското надополнување, на асистенција на Пауло Дибала.
На двете екипи им беа неопходни бодови, Удинезе бидејќи се бори за опстанок, Рома е во трака за место Лигата на шампионите. Рома е петта на табелата со 58 бодови, четири помалку од Болоња на четвртото место. Удинезе е на 17. место со 28 бодови, колку шт има и Фросиноне.