Спорт
Обновената Италија до реми со Германија

Италија, со голем број на нови играчи по најавената „реконструкција“ на селекцијата под Роберто Манчини, одигра 1:1 против Германија на „Ренато Дал’Ара“ во Болоња во првиот нивни меч од Лигата на нации на УЕФА.
По летаргичното прво полувреме, во кое двете репрезентации можеби беа премногу внимателни во својата игра, „аѕурите“ први дојдоа во водство откако дебитантот во репрезентацијта Дењан Њонто имаше одлична асистенција, а Лоренцо Пелегрини ја смести топката во мрежата на Мануел Ноер. Меѓутоа, славјето на фановите траеше само две минути, за Џошуа Кимих да израмни на 1:1. Во групата 3 уште се и Англија и Унгарија.
Убав старт на новата сезона во Лигата на нации имаа и Црногорците, кои со 2:0 ја совладаа Романија во меч од Лига Б. Стефан Мугоша во 66. минута и Марко Вукчевиќ во 87. минута беа стрелци за домаќините. Турција, во Лига Ц, пак, немаше проблем и со 4:0 ја совлада репрезентацијата на Фарски Острови.
ЛИГА НА НАЦИИ
ЛИГА А, ГРУПА 3
Италија – Германија 1:1
ЛИГА Б, ГРУПА 3
Црна Гора – Романија 2:0
ЛИГА Ц, ГРУПА 1
Турција – Фарски Острови 4:0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Падна договор, Лука Јовиќ оди на позајмица во Фиорентина
Српскиот интернационалец Лука Јовиќ го напушта Реал Мадрид и пристигнува во Италија. Деталите се договорени, Јовиќ после викендот ќе стане играч на Фиорентина и ќе се појави на подготовките за новиот клуб во Моена.
Јовиќ заминува на позајмица од Реал во Фиренца, а тимовите ќе плаќаат по половина од неговата годишна плата.
Лука Јовиќ ќе има можност да го замени Душан Влаховиќ, а во Фиорентина треба да пристигнат и Бразилецот Додо, како и Роландо Мандрагора, играчот на Јувентус на позајмица во Торино. Клубот го напуштија Одриозола, Тореира, Пјонтек нема да биде купен, а Каљехон се врати во татковината.
Спорт
Машина за пари: Меси за една година на ПСЖ му донел приход од 700 милиони евра
Изминатото лето шокантно одекна веста дека Лионел Меси (35), најдобриот играч и стрелец во историјата на Барселона, го напушта клубот чиј симбол беше 21 година, а потоа стана играч на ПСЖ. Шокот набрзо беше заменет со разочарување бидејќи Меси играше лошо во првата сезона во новиот клуб.
Тој постигна 11 гола и имаше 15 асистенции во една од Лига 1, но тоа и не е некој сензационален ефект за еден од најдобрите фудбалери во историјата.
ПСЖ и со Меси не успеа да направи пробив во Лигата на шампионите, а јасно е дека го го чини ПСЖ екстремно многу. „Светците“ му дадоа тригодишен договор со загарантирана плата од 30 милиони евра годишно и бонус од 10 милиони евра доколку остане во клубот и последната сезона. Значи, 110 милиони евра без премии и бонуси.
Сепак, претседателот на ПСЖ, Насер ал Хелаифи, тврди дека Меси донел огромна заработка за клубот од рекордни 700 милиони евра.
„Доаѓањето на Лео ни донесе десет нови спонзорски договори. Тоа не е единствениот бонус што ни го обезбеди“, изјави претседателот на ПСЖ.
Dior, Gorillas, Crypto.com, Autohero, GOAT, Smart Good Things, Infinity Sports Water, Geekvape, PlayBetR, Volt и Big Cola, потпишаа за ПСЖ веднаш откако Меси стави потпис на договорот со ПСЖ.
Спорт
Нов пресврт: Дембеле ќе остане на „Камп Ноу“
Сагата околу иднината на Осман Дембеле ќе добие нов пресврт. Според „Мундо Депортиво“, Французинот е многу блиску до потпишување нов договор со Барселона и останување на „Камп Ноу“. Неговиот актуелен договор истекува за една седмица, а клубот веќе гледаше на него како на сигурно заминување и тренерот Чави кроеше планови за новата сезона без него. Сепак, самиот играч изрази желба да остане.
Иницијативата не доаѓа од Барселона, туку од самиот играч. Од клубот категорично изјавија дека нема да се променат условите кои Дембеле веќе ги одбил повеќепати, но понудата останува на сила и Французинот може повторно да го потпише договорот.
Всушност, на крајот од минатата сезона напаѓачот во соблекувалната покажа дека сака да остане, но досегашното однесување на неговиот агент не беше во склад со зборовите на играчот.
И покрај тоа што Барселона е изненадена од промената на ситуацијата, клубот е речиси убеден дека Дембеле ќе потпише нов договор. Ова ќе го ослободи Чави од потребата да доведе нов крилен напаѓач во летниот преоден рок.
Рафиња беше една од целите на Барселона, како и искусниот Анхел Ди Марија, кој беше понуден како краткорочно решение. Позитивниот расплет на случајот со Дембеле ќе му даде можност на клубот да се фокусира на реализација на една од другите големи цели – Роберт Левандовски, Жул Кунде или Бернардо Силва.