Спорт
Од Манчестер јунајтед до СПАЛ – Џузепе Роси повторно во акција
Италијанскиот напаѓач Џузепе Роси повторно е активен фудбалер по потпишувањето договор до крајот на сезоната со италијанскиот второлигаш СПАЛ. Ова доаѓа откако Роси неколку недели тренира со СПАЛ, а претседателот на клубот Џо Такопина потврди дека тој ќе биде дел од составот постојано.
„Тој е мојот голем проект. Играше пријателски меч минатата недела и постигна прекрасен гол. Мислам дека се чувствува добро и ќе му биде потребно малку време. Мислам дека нема фудбалер од негов квалитет во Серија Б“, изјави Такопина за „Калчомеркато“.
Со ова продолжува една од најчудните и најнесреќни фудбалски кариери за италијански фудбалер.
Тој почна со фудбалот во САД, каде што е роден и каде што играше за Њу Џерси сталионс, пред да се пресели на 12 години во Италија, каде што работеше во академијата на Парма. Роси направи трансфер во академијата на Манчестер јунајтед во 2004 на 17 години и дебитира за „ѓаволите“ во 2004 година.
Но, по само четири гола во 14 настапи, тој замина во Њукасл на заем во 2006, пред да се врати во Парма во јануари 2007 година. Таму се покажа неговиот талент и тој постигна 9 гола во 19 настапи и помогна Парма да опстане во лигата по што како играч со договор на Јунајтед беше продаден во Вилјареал за 11 милиони евра. Тој таму имаше 136 настапи и постигна 54 гола.
34-годишниот фудбалер дебитира за Италија во 2008 под Марчело Липи и вкупно имаше 7 гола во 30 настапи, но неговата кариера беше погодена со неколку повреди, од кои дури четири на лигаментите на коленото. Првата со Вилјареал во 2011 кога беше во аут речиси две години пред да се врати со Фиоретина во 2013 година. Во јануари 2014 повторно го повреди коленото, но сезоната ја заврши со 17 гола во 24 настапи. Целата 2014/2015 ја пропушти поради повреда по што замина во Леванте, па во Селта Виго, каде што повторно се повреди. Во 2017 година тој потпиша за Џенова, но успеа да постигне само еден гол во 9 настапи во 2017/2018 за од јануари 2019 да тренира со Манчестер јунајтед и Вилјареал пред да потпише во МЛС-лигата со Реал Солт Лејк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.